КАКО ДА СЕ ПРОНАЈДАТ ЕФТИНИ АВИО БИЛЕТИ?

Како да се пронајдат ефтини авио билети? „Тајната“ е во информацијата и како да пристигнете до неа. Со нас инстантно ќе ги добиетете цените. Бидете упорни во барањето и флексибилни со датумот на патување. Не се сите цени исти... прочитајте повеќе на оваа страница.

Како туристичка агенција, членови сме на IATA (Меѓународната организација за авио сообраќај), и овластени сме за продажба на авио билети од сите aвио компании, за сите светски дестинации. Ви нудиме најповолни можности за купување на авио билети, како и за доставување на истите доколку е тоа потребно.

ЗА НАШИОТ АВИО ШАЛТЕР

Најповолни авио билети за целиот свет! Само кај нас можете да го одберете местото на седење во авионот, да порачате вегетаријански ручек или да обезбедите асистенција со децата, слабовидните или инвалидите.

Ние можеме да Ви обезбедиме авио билети за сите светски дестинации, со сите авио компании. Ви ги нудиме најповолните цени за одредени дестинации.

Нашиот авио шалтер го користи резервациониот систем Амадеус, кој е најраспространет во светот. Освен авио билетите, системот Амадеус нуди можност за резервација и на хотелско сместување во преку 50.000 хотели низ целиот свет, како и рент-а-кар услуги во готово сите градови на светот.

За печатење на билетите авторизирани сме за користење на BSP системот кој не дозволува појава на било какви грешки во текот на испишување на билетите. На овој начин им нудиме на нашите патници најсовремена услуга.

Авионските билети за сите дестинации можат да се резервираат во нашата канцеларија, преку телефон или по пат на електронска пошта.

  • Билетите ги испорачуваме на Вашата адреса без дополнителни трошоци
  • Цените на авио билетите се изразени во евра. Плаќањето е во готово во денарска противвредност на денот на купување на билетот, преку кредитна картичка или преку банкарска сметка.
  • Авио билетот може да се плати и од странство како и за поаѓање од странство.
  • Најефтините авио билети често пати не можат да се менуваат и не можат да се рефундираат.
  • На цената на авио билетот влијаат многу фактори (аеродромските такси, цената на горивото, сезоната, должината на престој на крајната дестинација). Цената на авио билетот е гарантирана во моментот на купувањето на билетот.

За сите информации обратете се во нашата агенција!

Забелешка: цената на авио билетот зависи од повеќе фактори, како што се расположивите места во авионот на денот на купување на билетот, датумот на поаѓање и враќање од дестинацијата.

Вреди да се знае

Најефтините авио билети претпоставуваат одредена должина на престој на дестинацијата, најчесто три до седум дена, а некои обврзуваат на дестинацијата да го поминете викендот.

Вреди да се знае

Ова е вистината: кога ќе купите авио билет, тоа е најдобрата цена во тој момент, за таа релација и за тие седишта.

Вреди да се знае

Како тоа цените да се поефтини кај агенциите него директно преку компаниите? Цените непрекидно се менуваат и големите агенции често имаат подобри цени него самите авио компании затоа што купуваат блокови на седишта и знаат дека ќе ги продадат. Тој концепт исто важи и за хотелите.

Вреди да се знае

Одредени авио компании овозможуваат специјален попуст на кој имаат право младинците (до 25-26 години на старост) и пензионери (преку 50 или 65 години на старост). Проверете кај нас дали спаѓате во некоја од овие категории.

Вреди да се знае

Low Cost компаниите често пати продаваат авио билети по пониски цени. Нивните авиони слетуваат на споредни, помали аеродроми кои имаат нешто пониски аеродромски такси. На овие летови не се служат бесплатни оброци и пијалоци. Проверете кај нас дали може да патувате со некоја од овие компании.

Вреди да се знае

Авио компаниите обично поставуваат рестрикции на билетите со најниски цени, како на пример 7, 14 или 21 ден купување однапред, престој преку викенд, невозможност за промена на датум на лет и без можност за рефундација. Информирајте се за овие рестрикции кај нас, така да ќе знаете што да очекувате следниот пат кога ќе барате авио билет.