
Почитувани колеги,
Ми претставува особена чест и задоволство во име на Организациониот одбор на Конгресот да Ве поканам да учествувате на Вториот конгрес на физијатри на Република Македонија со меѓународно учество, кој ќе се одржи од 15-ти до 18-ти септември 2010 година во Охрид, Република Македонија.
Конгресот има значајна улога во придонесот за промовирање и стимулирање на научноистражувачката работа во областа на физикалната медицина и рехабилитација, овозможува поголема размена на актуелни информации, а со тоа и поголема достапност до најновите и најсоодветните третмани од областа на физикалната медицина и рехабилитација.
Прим. д-р. Велика Лабачевска
Претседател на Организациониот одбор
Претседател на Организационен одбор: Прим. д-р Велика Лабачевска
Претседател на Научен одбор: Проф. д-р Ериета Николиќ-Димитрова
Генерален секретар: Прим. д-р Лидија Ивановска
Технички секретари: Прим. д-р Лидија Ивановска, д-р Елка Андоновска
Вториот конгрес на физијатри на Република Македонија ги покрива следните теми:
Официјални јазици на Конгресот се македонски и англиски.
Езерски комплекс Метропол, Охрид, Република Македонија.
Конгресот ќе започне со работа во среда на 15-ти септември и ќе заврши со работа во сабота на 18-ти септември 2010. Свеченото отварање на конгресот и прием за добредојде ќе се одржи во среда, од 19.00 часот во хотелскиот комплекс Метропол. Работни часови на конгресот ќе бидат од 09.00 до 19.00 часот на 16-ти и 17-ти септември, и од 09.00 до 11.00 часот на 18-ти септември 2010 година.
Времето во Охрид во средината на септември во текот на денот обично е сончево и топло, а навечер свежо. Може да понесете костим за капење, но корисно е да се има и потопла гардероба.
Сертификат за учество ќе добијат сите регистрирани учесници на конгресот. Конгресот е акредитиран од Лекарската комора на Македонија, и за учеството ќе добијат сертификати и кредити за КМЕ.
Сите регистрирани учесници ќе добијат идентификациона картичка откако ќе се регистрираат. Веџот мора да се носи на видливо место за цело време на конгресот и дозволува пристап на научните сесии и на комерцијалната изложба.
Пултот за информации ќе биде отворен од 17.00 часот до 19.00 часот на 15-ти септември 2010. Од 09.00 до 19.00 часот на 16-ти и 17-ти септември и од 09.00 до 11.00 часот на 18-ти септември 2010 година.
На барање, Организаторот со задоволство ќе испрати писмо-покана на учесниците на конгресот. Ваквото писмо сепак не претставува и обврзување од страна на Организаторот за покривање на котизацијата, сместувањето, патните и другите трошоци.
ПРЕД ДА ГО ПОДГОТВИТЕ СВОЈОТ АБСТРАКТ ВНИМАТЕЛНО ПРОЧИТАЈТЕ ГИ УПАТСТВАТА ЗА ПОДГОТВУВАЊЕ И ИСПРАЌАЊЕ НА АБСТРАКТИ
Абстрактот може да биде испратен само на e-mail на адресата на Здружението на Физијатри на Република Македонија: fizijatri@yahoo.com. Web страната на здружението е: www.fizijatri.org.mk.
Краен орок за поднесување на абстракти е 20-ти април 2010 година.
Јазик: Абстрактите може да бидат напишани на македонски или англиски јазик.
Тема: Абстрактите треба да бидат групирани според темата. Изберете ја точната тема која одговара на содржината на Вашиот абстракт.
Големина: Абстрактот може да содржи најмногу 2400 карактери (без празни места), вклучувајќи ги насловот, авторите и институциите.
Фонт и проред: да биде во македонска или англиска поддршка, со единечен проред, фонт Ariel, големина на буквите 10.
Наслов: Насловот на абстрактот треба да биде напишан со големи букви, нездебелени (неболдирани) и неподвлечени.
Автори: Не пишувајте со големи букви. Напишете ги прво иницијалите на името, а потоа презимето, (пр: С. М. Станковска), без титули. Потоа напишете ги коавторите на истиот начин. Подвлечете го името на авторот што ќе го презентира трудот.
Институција: Не пишувајте со големи букви. Кога се споменува повеќе од една институција, означете ги авторите со број после името, а институцијата со идентичен број пред името (прЧ С. М. Станковска 1, Б. Јакомовски 2, 1 вод за Физикална медицина и рехабилитација - Скопје, 2 Медицински центар - Велес, Република Македонија).
Делови на абстрактот: Абстрактот треба да ги содржи следните делови:
Изберете дали сакате усна или постер презентација на трудот. Сепак Научниот одбор на Конгресот го задржува правото за конечен избор на начинот на презентација.
Прием на абстракти на e-mail адресата на Здружението на физијатри на Република Македонија: fizijatri@yahoo.com која можете да ја најдете на веб страницата на Здружението: www.fizijatri.org.mk.
Краен рок за поднесување на абстракти е 20-ти април 2010.
Краен рок за поднесување на проширени абстракти е: 30-ти јуни 2010.
Известување за прифаќање на абстрактот ќе има најдоцна до 01-ви август 2010.
Усмени презентации:
Постер презентации:
| уплата пред 15.08.2010 | уплата од 15.08 до 18.09.2010 | |
|---|---|---|
| Учесници | 65 € |
90 € |
| Придружни лица | 40 € |
40 € |
Котизацијата за лекарите учесници вклучува:
Котизацијата за придружните лица вклучува:
Можни се спонозорирање на Конгресот, комерцијални презентации и сателитски симпозиуми во тек на конгресот. Тие треба да се одобрени од научниот одбор на конгресот.
Паралелно со одржување на конгресот ќе биде организирана комерцијална изложба од фармацевтските куќи.
Поради ограничениот простор за изложување, изложбените штандови ќе се доделуваат според редоследот на пријавување.
За сите информации Ве молиме да се обратите на Организациониот одбор на Конгресот на адресата: fizijatri@yahoo.com.
Одржување на Конгресот и сместување е во ЕЗЕРСКИ КОМПЛЕКС МЕТРОПОЛ.
Официјална конгресна туристичка агенција
ВИС ПОЈ
Патнички и туристички центар
Булевар Туристичка 50,
6000 Охрид, Република Македонија
Телефон: ++389 46 255 600; 255 601; 255 602
Факс: ++389 46 255 600; 256 321
контакт: congress@vispoj.com.mk
Организационен одбор на Конгресот
Информации можете да најдете на веб страницата на Здружението на физијатри на Република Македонија: www.fizijatri.org.mk.
Тел.: ++389 (0)2 317 65 84 лок. 221 - контакт лице д-р Лидија Ивановска
e-mail: fizijatri@yahoo.com, dr.ivanovska@yahoo.com