+389 46 255 600, +389 72 255 600 08:00 - 20:00
***
2
BB
превоз
3

8 ми МАРТ – ВО СКАДАР , 

Скадар  -  Градот на 3 реки , малку посетен, а толку прекрасен .

Скадар Албанија ( албанско име  Shkodër , латинско име  Shkodra, и турско İşkodra  е град на југоисточниот брег на Скадарското езеро , северозападно од  Албанија и се наоѓа точно на спојот на реките Дрим и Бојана . Познат по културата , традицијата, прекрасните природни убавини Скадар е единствен по многу нешта во Албанија, со туристичка понуда што ретко може да се пронајде во било кој друг град на Албанија . Реките, езерото, лагуните , прекрасните планини, го прават Сккадар незаборавна дестинација во Албанија .

Од врвот на карпестиот рид на кој е сместен градот се пружа единствен поглед на споменици опкружени со реки, езеро и долини.  

Скадар датира од  4 . Век п.н.е. Тука живеело илирското племе Лебати , бил престолнина на Кралот Агрон и Кралицата Теута . Во 168  п.н.е година градот е освоен од Римјаните и претворен во значаен трговски и воен центар.

Интересно е да се спомне дека  Скадар  бил важен град на средновековната српска држава.  Скадар бил престолнина на Дукљанската држава за време на владеењето на Светителот Св. Јован Владимир . Во тоа време Дукља била под Самоиловото царство.   

Скадар има околу 90 000 жители, и освен единствените природни убавини, прошетките по прекрасната стара чаршија   оплеменета со паркови и зеленило, нуди можност за посета на  Castle of Rozafa, највисоката џамија во Европа Leaden Mosque и убавата католичка црква.

Посебна атракција преставува прошетката по пазарот во Складар , каде можат да се најдат единствени сувенири од старите занаети,  и да се запознае долго негуваната  традиција.

 

Драч, - Морето до нас 

Драч  на албански: Durrës; италијански: Durazzo;  е приморски град во Албанија кој излегува на  Јадранско Море Тој се наоѓа во средна  Албанија на 35 км од главниот град Тирана . Драч претставува најголемото пристаниште во Албанија и важна порта кон средоземјето, а тоа го прави најзначаен град во развојот на економијата во земјата. Тој е всушност и најстариот град во Албанија чии зачетоци се во антиката. Според пописот од 2003 во Драч живеат околу 114.000 жители, а има и извесен број етничко македонско население.

Во последниве две години Драч прераснува во голем туристички центар, а на крајбрежјето секојдневно , никнат хотели од сите типови и категории .

 

Тирана – Новиот лик на Тирана е европска метропола 

Тирана е главен град на А лбанија

Тирана  албански Tiranë, изворен словенски назив Трнава) — главниот град  на Република Албанија. Се наоѓа во средниот дел од земјата. Бил основан во 1614 г. од страна на Сулејман-паша, а станал главен град на Албанија во 1920 година.

Според прелиминарните податоци од пописот од 2011 година, во границите на градот Тирана живееле 421,286 жители. муслиманите сочинуваат 55.9% од населението, а христијаните и атеистите заедносочинуваат 44.1% од населението.

Тирана  веќе подолго време  е европска  модерна метропола.

Галерија

Ценовник

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ - 3.990,00 МКД

 

 

Програма на патувањето

 

Програма на патувањето

 

1 ден - 10 март 2018 . Поаѓање од Охрид во договорено време. Патување преку граничниот премин Ќафасан со попатни паузи. Пристигнување во Скадар во раните утрински часови.

Организиран разглед на Скадар со локален туристички водич. Посета на многубројните културни споменици,катедралата Св Стефан, тврдината Розафа,прошетка по старата чаршија, оплеменета со паркови и зеленило. Посебна атракција преставува прошетката по пазарот во Складар , каде можат да се најдат единствени сувенири од старите занаети,  и да се запознае долго негуваната  традиција.

Организиран ручек  - можност да се вкусат прекрасните локални специјалитети и надалеку познатиот Скадарски Крап.

Доцна попладнето се заминува за Драч ( 107 КМ ОДАЛЕЧЕН ОД Скадар)

Пристигнување во Драч. Сместување во хотел Адриатик Драч, веднаш на песочна плажа. Одмор за прошетки низ  Драч или  вечерна забава во ресторанот на хотелот по желба. Ноќевање.

2 ден - 11 март 2018  -  Драч – морето до нас

Појадок. По појадокот прошетка низ Драч.  По желба посета на театарот во Драч, прошетка низ центарот и можност за шопинг во продавници во кои изобилува италијанска роба или едноставно време за одмор и релаксација во некој од многубројните ресторани покрај морскиот брег.

Околу 11 часот  патот го продолжуваме за Тирана  ( 35 км ).

Тирана – Новиот лик на Тирана е европска метропола 

Тирана  веќе подолго време  европска  модерна метропола. Панорамски разглед, прошетка на плоштадот  Скендербег, Националниот музеј, Операта, комплексите на прекрасни згради околу плоштадот изградени од архитектите на Мусолини , Саат Кулата, Етхембеговата Џамија.

Посета на Пирамидата – од Енвер Хоџа и прошетка на ексклузивниот дел од градот со модерни кафиетерии , ресторани и казина .

 Одмор за кафе и оброк .  

Попладне заминување за Охрид  со попатен одмор во ТЕГ , каде што љубителите на шопингот можат да го искористат одморот за купување во убавите продавници на овој познат Шопинг центар.     

     

б.ф. 25.12 17

Забелешка

Во цената на аранжманот е вклучено

- Автобуски превоз на релација Охрид - Скадар - Драч - Тирана - Охрид

- Хотелско сместување во Драч, хотел 4 *, на база 1 ноќевање со појадок

- Организиран разглед на Скадар, со локален туристички водич

- Ручек во Скадар ( за рибно мени - доплата 5 еур )

- Организација и придружник на патувањето

 

Во цената на аранжманот не е вклучено

- Патничко осигиривање

- Индивидуални трошоци

 

Мени за ресторанот во Скадар

Мени 1

- Салата - потпечен зеленчук, салата свеж зеленчук, брускети со домати, брускети со мешано сирење

- Супа од зеленчук

- Говедско месо со компири

- Десерт  - овошје или колач + шише вода (500 ml)

 

Мени 2

Menu 2 : - 12 euro / person

- Салата - потпечен зеленчук, салата свеж зеленчук, брускети со домати, брускети со мешано сирење, салата од морски плодови

- Супа од зеленчук или канелони со спанаќ и рикота

- Риба на скара

- Десерт  - овошје или колач + шише вода (500 ml)