+389 46 255 600, +389 72 255 600 08:00 - 17:00
***
3
BB
превоз
1

Златниот град - Прага, според многумина еден од најубавите светски градови, град во кој што се чувствувате пoсебно. Од минатото Прага претставувала дестинација која не смее да се изостави. Од 1992, центарот, односно историскиот дел на градот е под заштита на УНЕСКО. Денес градот брои околу 1.2 милиони жители и претставува еден од најголемите не само културни туку општо центар на регионот во кој се наоѓа.

Една од најубавите и најатрактивни градби е Карловиот Мост на реката Влтава, којшто е изграден во 1357год. Од другите импозантни места е и Венцелсас плоштадот на којшто се случуваат големи градски прослави, музички концерти и настани. Тука се наоѓа и националниот музеј на Прага. Со првите чекори на Плоштадот на Стариот Град во Прага, ќе почувствувате како да се враќате назад во времето за околу 600 - 700 години. Со старата архитектура и прекрасните цркви, тој е еден од најубавите историски глетки во Европа. Уште во раниот 12-ти век, плоштадот никнал како централен пазар и во наредните неколку векови, многу згради од романскиот, барокниот и готскиот стил се изградиле околу пазарот, секоја од нив носејќи своја приказна, богати трговци и интрига. Овој плоштад се спомнува во многу значајни настани во историјата на овој град.                        

Галерија

Ценовник

8 МАРТ  ВО  ПРАГА

03.03 - 08.03 2020 //  автобуски аранжман // 6 ДЕНА / 3 НОЌИ

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:  (со вклучен разглед на Будимпешта, Прага и Виена, со професионален водич)

11.600,00 мкд

Рана резервација и уплата до 31.12 2019  - цена 10.900,00 мкд   

Програма на патувањето

8 МАРТ  ВО  ПРАГА

03.03 - 08.03 2020 //  автобуски аранжман // 6 ДЕНА / 3 НОЌИ

 

ПРОГРАМА:

1 ДЕН -  03.03 2020 ОХРИД 

Поаѓање со автобус од Охрид преку Скопје,граничниот премин Табановце.Патување кон Прага преку Србија,Унгарија и Словачка.Ноќно и дневно возење со попатни паузи за освежување и царински формалности.

2 ДЕН - 04.03 2020 БУДИМПЕШТА / ПРАГА

Пристигнување во Будимпешта во раните утрински часови.Панорамски разглед на Будимпешта.Пешта – Споменикот на Милениумот, Операта, улиците Андраши, Ваци, Парламентот, црквата Св. Стефан, мостовите на Дунав ...Будим- Цитаделата, Кралската палата,црквата на кралот Матејас, Рибарската тврдина... Патувањето продолжува за Прага. Пристигнување во вечерните часови. Слободно време. Ноќевање.

3 ДЕН - 05.03 2020 ПРАГА

Појадок. По појадокот разглед на Прага со професионален туристички водич - Прашкиот замок, Стариот град: Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Карло IV, Кралскиот пат, Еврејскиот кварт, Париската улица, Старомајскиот плоштад со астрономскиот часовник - Орлој, црквата Лорето, Градската куќа, Прашката кула, Националниот музеј, Дворецот Храдчани,катедралата Св. Вито, Златната улица...

Вечерта факултативно * ВЕЧЕРА во национален ресторан или пивница.  Ноќевање.

4 ДЕН - 06.03 2020 ПРАГА - ДРЕЗДЕН – ПРАГА

Појадок. Целодневен излет за Дрезден

Разглед на Дрезден со локален туристички водич.Панорамски разглед на Операта Земпер, Палатата Цвингер,протестантската Богородична црква, римокатоличката дворска црква, резиденционалната палата (денешниот државен музеј каде се чува Зелениот трезор, Палатата Ташенберг (денешен хотел Кемпински), делот на некогашниот градски ѕид, Августовиот мост ...

По разгледот слободно време ... Враќање во Прага околу 19:00 ч.

Факултативно * - Крстарење со брод по Волтава. Ноќевање.

5 ДЕН -  07.03 2020 ВИЕНА

Појадок. Одјавување од хотелот Поаѓање за Виена.  Разглед на Виена со локален туристички водич. Разглед на Палатата Хофбург, Плоштадот Рингштрасе, Парламентот, Виенската опера, дворецот Белведере, забавниот парк Пратер...По разгледот слободно време низ Виена (2-3часа).Тргнување за Македонија, Охрид околу 19:00 часот. Ноќно возење со попатни одмори.

6 ДЕН -  08.03 2020 ОХРИД

Пристигнување во Македонија во доцните попладневни часови.

Забелешка

 ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ  ВКЛУЧУВА:

 ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ  ВКЛУЧУВА

- Превоз со високо туристички автобус на наведената релација

- Сместување во хотел со 3***, 3 ноќевања со појадок

- Организиран разглед на Будимпешта,Прага и Виена

-  Организација на аранжманот и придружник на патувањето

 

- Излет за Дрезден, со професионален туристички водич - 25 евра

- Крстарење по Влтава - 15 евра 

- Вечера на национален чешки ресторан-пивница – 30 евра

- Патничко осигурување – 150 мкд

НАПОМЕНИ:

- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници

- За овој аранжман важат Општите услови за патување на Т.А.ВИС ПОЈ и СКТМ.

 

ПОСЕБНИ НАПОМЕНИ:

- Редоследот за седење во автобус се прави според датумот на пријава.

- Застанување заради попатни одмори предвидено е на секои 3,5 до 4 часа, во зависност од расположливите условите на патот и  

  можноста за застанување.

- Се молат сите патници да водат грижа за своите патни исправи во тек на траење на аранжманот.

- Оставање на вредни работи во автобус и во хотелски соби не е препорачливо. Организаторот на патувањето, превозникот , ни хотелот  не одговараат за истите.

- Организаторот на патувањето го задржува правото поради непредвидени објективни околности (гужва на граница или во сообраќајот,

  неработење на некој локалитет и сл.), да изврши промена на програмот или редоследот на разглед

- Слободното време за индивидуални активности во тек на програмот, зависи од објективни околности, време на траење на разгледот ,

  гужва на локалитетите и во сообраќајот ... )

- Организаторот на патувањето не може да влијае на распоредот на соби во хотелот, бидејќи тоа зависи од самиот хотел.

- Времето во програмот е дадено според локално време на земјата во која се престојува и целата група се раководи по тоа локално

  време.

- Малолетните патници за време на патувањето мора да имаат заверена согласност од родител.

 

Опис на понудената факултатива :

Крстарење по Влтава Можност да ги видите прашките мостови и прекрасната архитектура на овој град од двете страни нa реката. Ова е уште една можост да ја видите панорамски Прага од еден поинаков агол, од палубата на бродот.

Посета на Дрезден – сместен во долината на реката Елба, овој град поради своето ислкучително културно историско значење, познат е пдо името “Фиренца на Елба”. Стариот дел на градот го нарекуваат и “ кутија за накит” , поради своите барокни и рококо градби, како и  многубројните уметнички збирки. Дрезден е еден од најзелените градови во Европа, каде шумите и парковите покриваат над 60 % од градското подрачје.

Виена Да се посети Виена е посебно доживување, кое топло го препорачуваме. Виена градот во ритамот на валцерот и виното,рајот за уметниците, сликарите и музичарите е еден од најубавите градови.

Доволно е само неколку часа да се долови убавината на Плоштадот на Марија Тереза,Дворецот на Хофбурн, Парламентот, Судската Палата, Операта,Зградата на универзитетот ,Катедрала Св. Стефан ...

 

 

Сподели со пријателите: