+389 46 255 600, +389 72 255 600 08:00 - 17:00
од 93
***
2
BB
превоз

Ценовник

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ :

-      Хотел HOLYWOOD**** : 108 € (6.670,00 ден.)

-      Хотел BOSNA 1*** : 93 € (5.750.00 ден.)

vis/j/п

Програма на патувањето

1 ДЕН (06.03.’20 – петок) : БИТОЛА Состанок на групата на Градската Автобуска Станица во 18.30 часот. Поаѓање за Босна и Херцеговина во 19.00 часот. Патот води преку Скопје, Ниш, Лесковац, Чачак...ноќно и денско патување, со кратки попатни одмори.

2 ДЕН (07.03.’20 – сабота) : САРАЕВО Пристигнување во Сараево во попладневните часови, со попатна посета на Мокра Гора и „Дрвениот Град“ на Емир Кустурица, Шарганската железница (музеј-железница со тесен колосек), Вишеград - прошетка по надалеку прочуениот мост на Дрина, ремек делото на Мехмед Паша Соколовиќ... Сместување во хотел. Слободно време. Во вечерните часови – по желба, прошетка низ Баш Чаршија. Ноќевање.

3 ДЕН (08.03.’20 – недела) : САРАЕВО Појадок. По појадокот панорамски разглед на градот со стручен водич...Баш Чаршија, Парламентот, Грбавица, Врело Босне, местото каде е извршен атентатот врз Франц Фердинанд, Олимписките борилишта...враќање во хотелот во касните попладневни часови. Слободно време за индивидуален разглед на градот... Вечерта – факултативна посета на Национален Ресторан со комплетно мени и програма или свечена вечера во самиот хотел со мени и програма. Ноќевање.

4 ДЕН (09.03.’20 – понеделник) : САРАЕВО – МОСТАР - ДУБРОВНИК Појадок. Одјавување од хотелот и заминување за Дубровник, со попатна посета на Мостар...прошетка низ старата чаршија, мостот на Неретва...Пристигнување во Дубровник во попладневните часови...факултативен разглед и прошетка со стручен водич...Стариот град, Страдун, фонтаната Онофрио, Катедралата, тврдините, бистата на Св.Дуе, Фрањевачкиот манастир...слободно време за индивидуален разглед на градот. Планирано поаѓање за Македонија во вечерните часови, патот води преку Црна Гора, Албанија...

5 ДЕН (10.03.’20 – вторник) : БИТОЛА Пристигнување во Битола во утринските часови.

Забелешка

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА : Автобуски превоз на горенаведената релација, разглед на Сараево со стручен водич, 2 НП во Сараево хотел со 4* (хотел “HOLYWOOD”), посета на Мокра Гора, посета на Вишеград, посета на Дубровник, ТРАНСФЕР без надокнада за патниците од Прилеп, Кавадарци, Велес, Скопје и Куманово. За патниците од Струга, Охрид и Кичево – доплата за трансфер од 5 € по лице во двата правци, организација, водство и реализација на аранжманот.

Хотелот ХОЛИВУД****  е сместен во центарот на Илиџа, зелената оаза на Сараево, располага со таверна, 4 ресторани, конгресен центар, слаткарница, кафе Холивуд, wellness центар (сауна, турско купатило, солена соба, салони за масажа, фитнес центар, затворен Олимписки базен, куглана, билијар...). Користењето на базенот и фитнес центарот се БЕСПЛАТНИ за гостите на хотелот. Бесплатен бежичен интернет (WI-FI) е достапен на целата територија на хотелот, купатилата се опремени со џакузи када или хидромасажен столб, фен...сите 418 луксузно опремени соби и апартмани се исклучително пространи и вкусно наместени, со SAT TV, локална TV, како и PAY TV.

Хотелот БОСНА1 *** е сместен во близина на хотелот HOLYWOOD, во населбата Илиџа. Во близина на хотелот има трамвајска и такси станица, така да гостите можат многу едноставно да стигнат до центарот на градот и неговиот стар дел...во непосредна близина се туристичките атракции, Олимписката планина Игман и Бјелашница, Врело Босне како и тунелот на спасот...во близина се и 2 шопинг центри.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА : Факултативните излети и посети, влезниците при посета на културно-историските споменици. ЦЕНИ ЗА ФАКУЛТАТИВАТА : Вечера во Национален Ресторан – 20 € по лице, факултативниот разглед на Дубровник (стариот град) со стручен водич – 10 € по лице (обавезна доплата)!

Сподели со пријателите: