+389 46 255 600, +389 72 255 600 08:00 - 17:00
од 79
****
1
BB
превоз

ОСМИ МАРТ ВО ВРЊАЧКА БАЊА

МАНАСТИР ЉУБОСТИЊА-КРУШЕВАЦ

 

(07.03.2020 – 08.03.2020)

 

ВКЛУЧЕНА СВЕЧЕНА ВЕЧЕРА СО МУЗИКА ВО ЖИВО

 

Ценовник

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ.........79 евра (4900 денари)

(плаќање во денарска противвредност)

vis/j/ak

Програма на патувањето

Прв ден: 07.03.2020 (сабота)

 

01.00 часот Поаѓање  на групата од Кавадарци и од Скопје во 02.30 часот (пред туристичките агенции ) кон Србија со туристички автобус преку граничниот премин Табановце, со попатни одмори. Пристигнување во Врњачка Бања во претпладневните часови. Oрганизиран разглед на градот со локален туристички водич, а потоа сместување на групата во хотел „Zepter“ 4****. Слободно време за одмор, индивидуални активности и користење на содржините во хотелот: затворен базен со топла термална вода, џакузи, сауна... Вечерта, свечена празнична вечера со музика во живо во ресторанот на хотелот. Ноќевање.

 

 

Втор ден: 08.03.2020 (недела)

 

Појадок. Одјавување од хотелот и заминување на групата кон Љубостиња, средновековен женски манастир кој припаѓа на епархијата на Крушевската Српска Православна Црква. Манастирот е граден во периодот од 1388 до 1405 година по барање на жената на кнезот Лазар, кнегињата Милица. Покрај неа, во манастирот е погребана и монахињата Јефимија, сопругата на деспотот Угљеша Мрњавчевиќ.  За време на Кочина Буна, народот е повикан на востание токму од овој манастир и во знак на освета, Турците го запалиле манастирот. Во пожарот изгореле речиси сите фрески, а притоа е откриена тајна ризница која била скриена во манастискиот ѕид зад една икона каде кнегињата Милица го сокрила своето богатство. Турците го опљачкале целиот манастир, а меѓу најзначајните реликвии е одземена круната на српскиот кнез Лазар која денес се чува во Истанбул. Манастирот Љубостиња денес е под заштита на државата како Споменик на културата од исклучително значење. Потоа продолжуваме со организиран разглед на градот Крушевац и посета на црквата Лазарица и на Лазарев Град. Околу пладне заминуваме кон шопинг центарот Shopping Park. Слободно време за индивидуални активности. Во попладневните часови враќање кон Македонија. Пристигнување во Скопје и во Кавадарци во доцните вечерни часови.

                                                                     

Забелешка

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

 

- Превоз со туристички автобус на наведената релација

- Едно ноќевање со појадок  во хотел „Zepter“ 4**** во Врњачка Бања

- Свечена вечера со музика во живо во ресторанот на хотелот

- Разглед на Врњачка Бања  со локален туристички водич

- Разглед на манастирот Љубостиња и градот Крушевац  со локален туристички водич           

- Организација на патувањето и туристички придружник

 

 

Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:

 

- Пијалоци за време на вечерата

- Доплата за еднокреветна соба – 30 евра

- Туристичка такса - 1.30 евра по лице 

- Патничко осигурување

 

Сподели со пријателите: