08:00 - 16:00
ADALYA ARTSIDE HOTEL
Положба
Хотелот се наоѓа во областа Evrenseki, оддалечен 10км од Сиде и 65км од аеродромот во Анталија.
Сместување
Вкупен број на соби 417 во три згради.
Стандардни соби (29m²; една спална соба и едно купатило, макс. 2+1 лице),
Економски соби (27m², макс. 2 лица, собите се без балкон),
Големи соби (32m², една поголема соба со кревети на спрат за деца, едно купатило, макс. 2+2 лица),
Суит соби (57m², две спални соби одвоени со врата, едно купатило, макс. 4 лица) и 3 соби за хендикепирани лица.
Собите се страничен поглед кон море, директен поглед кон море и поглед кон копно, приватно купатило со туш, фен, посебен клима уред, телефон, мини бар (се дополнува секој ден со вода), електричен уред за топли напитоци, сеф (со доплата), LCD TV со сателитски програми, интернет конекција (со доплата, балкон.
Услуга
All inclusive – шведска маса за појадок, доцен појадок, утринска ужина, ручек, попладне торти и колачи, ужина, вечера, доцна ужина, сите локални алкохолни и безалкохолни пијалоци до 24.00 часот, сладолед за време на вечерата, мини бар во собите, A’la Carte ресторани со претходна резервација. НЕ Е ВКЛУЧЕНО: сите увозни пијалоци, свежо цедени сокови, локални и увозни флаширани вина, шампањ, послуга во соба, сите пијалоци во Диско клуб.
Содржини
Главен ресторан со шведска маса, A’la Carte ресторани – Италијанска кујна, Турска кујна, Кинеска и морска храна, бар на плажа од 10.00 – 18.00, барови во хотелскиот комплекс. Доктор, бебиситер, услуги за перење и пеглање, продавници, телефон, факс, интернет и компјутерски игри, рент а кар дополнително се наплатуваат. WI – FI интернет конекција во лоби и на базен е бесплатна.
Плажа
Хотелска приватна песочна плажа, лежалки, чадори и пешкири се бесплатни.
Спорт и забава
Надворешен и внатрешен базен за возрасни и деца, лизгалки на вода, фитнес центар, Турска бања, сауна, тениски терени, одбојка на плажа, пинг понг се бесплатни. Масажа, Спа центар, салон за убавина, куглање, билјард, осветлување за тениски терени, сите спортови на вода дополнително се наплатуваат. Забавни програми во текот на денот, натпревари, шоу програми, мини клуб за деца од 04-12 години.