+389 46 255 600, +389 72 255 600

08:00 - 16:00

*****
6
UAI
превоз
3

ADAM & EVE HOTEL 

Положба 
Хотелот се наоѓа во областа Белек, 35км од аеродромот и 45км од центарот на Анталија 

Сместување
Вкупен број на соби 476 и 68 вили. 
Дизајнирани соби за меден месец: 215 (64м², со поглед на море, една спална, купатило со туш/ WC, соблекувална, дизајнирани соби со црвена постелнина само првиот ден, колачи со логото на хотелот, специјално вино,овал со овошје и слатки,приоритет во A’la Carte ресторанот, задолжителен документ- венчаница не постара од 90 дена, макс. 2 лица),
Дизајнирани соби: 57 (64м² со поглед на море,една спална,купатило ,соблекувална макс. 3 лица),
Дизајнирани соби: со директен поглед на море 10( 64м2 , една спална, купатило,соблекувална макс. 3 лица), 
Женски дизајнирани соби: 85( 64м2, страничен поглед на море,една спална, купатило,соблекувална, , овие соби се со декорација само за жени,макс 3 лица), 
Дизајнирани романтични соби 85(64 м2, страничен поглед на море, собите се дизајнирани само за романтични парови, машко и женско, макс. 2 лица), 
Дизајнирани суити: 16( 120 м2, голем брачен кревет, уште една спална соба, две купатила,соблекувална, 70м2 тераса, макс. 3 лица),
Кинг суит: 2( 500 м2, голем брачен кревет,други две спални соби, дневна соба, бар, сауна, 3 купатила, 3 соблекувални, 192 м2 тераса, макс.6 лица), 
Eve Villa: 34( 200м2, голем брачен кревет,уште една спална соба, дневна соба,сауна,две купатила,една соблекувална,базен пред вилата , макс.4 лица),Адам вила 30( 175 м2, голем брачен кревет, дневна со единечен кревет,сауна, две купатила,соблекувална,базен пред вилата , макс.3 лица), 
Претседателски вили: 4( 600м2,голем брачен кревет, други две спални соби, дневна,бар, кујна, две сауни, три купатила,три соблекувални,500м2 приватна градина и 80 м2 приватен базен, макс.6 лица). 

Сите соби се во главна зграда дизајнирани со под од епоксин, и сите ѕидови се со огледала, така што секогаш имате поглед на море или на планина. Постои и дел за одмор кој може да го дизајнирате како кревет или седечка гарнитура, надвор од собите има ролетни со кои може да бидете одвоени од надворешноста. Внатре во собите има и релаксирачка бања за две лица, со светлечки третман во боја. Одвоено купатило со туш, фен, пареа, соблекувална, 106 см LCD ТВ, мини бар (вода, сокови и пиво се надополнува секој ден) повеќенаменска работна маса, сет за кафе и чај, сеф, централна клима која работи според временските услови,телефон,WI-Fiинтернет конекција, балкон. 

Услуга 
Ултра Се Вклучено - појадок, доцен појадок, ручек, попладневна ужина, вечера и доцна ноќна ужина, мини бар во собите кој се дополнува секој ден, сите локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, сладолед за време на ручек и вечера, диетална храна. Луксузните увозни пијалоци, флаширани пијалоци, свежо цедени сокови(освен за појадок), A’la Сarte рестораните се со предходна резервација и се наплатуваат, собна послуга, макси бар во соба, VIP концепт за Меден месец, специјална торта и цвеќе за роденден се наплатува. 

Содржини 
Главен ресторан-шведска маса. A’la Carte ресторани: Arrigato- Јапонски, Sark I -Турски, Mezes-Рибен, Basilico-Италијански,Stekhouse Ресторан, Eros-афродизијак ресторан за парови, Internacional –светска кујан, Blind - вечера во мрак. Барови околу хотелскиот комплекс, диско и ноќен бар. 24 часа собна послуга дополнително се наплатува. Доктор, rent a car, перална и сервис за пеглање, чување деца, шопинг центар, фризер, телефон, факс, интернет кафе и компјутерски игри, дополнително се наплатуваат. 

Плажа 
Песочна хотелска плажа со лежалки, чадори за сонце и пешкири кои не се наплатуваат.Павиљони на плажа со резервација и доплата. 

Спорт и забава 
Отворен и затворен базен( затворен во лето), фитнес центар, тениски игралишта, сквош, одбојка на плажа, пинг понг, кошарка, мал фудбал, одбојка, не се наплатуваат. Сите останати спортски активности на вода, куглање, летање со падобран, училиште за нуркање, голф симулација, paint ball, часови по тенис, осветлување на тениски терени,Спа и Велнес центар дополнително се наплатуваат. Специјален концепт на забава исполнет со главни изведби на Турски и светски познати DJ, специјални настани и забави. 7 дена во неделата специјални програми. 

Напомена: ADAM & EVE HOTEL само за возрасни и деца постари од 16 години. 

 

www.stonegrouphotels.com

Галерија

Ценовник

Пакет аранжмани со 6,7,8,9,10,11,12,13,14 ноќевања

Контактирајте не за целосна калкулација со наведен датум на патување.

 

 

вис/j

Сподели со пријателите: