+389 46 255 600, +389 72 255 600 08:00 - 20:00
од 673
*****
7
UAI
превоз

AMARA CLUB MARINE NATURE 

Положба 
Хотелот е лоциран во областа Белдиби, 15км од центарот на Кемер и 50км од аеродромот во Анталија. 

Сместување
Вкупен број на соби 399. Стандардни соби 309 (26-32м², макс.2+1 лица)-една спална и едно купатило. Стандардни Големи соби 16 (32м², макс.2+2 лица)-една голема соба со француски кревет и кревети на спрат, едно купатило. Фамилијарни соби 63 (39-45м², макс.4 лица)-две спални поврзани со врата и едно купатило. Суит соби 11 (45-55м², макс.3 лица)-една спална и една дневна одвоени со врата, едно купатило. Сите соби се со купатило со када или туш, фен, централна клима која работи според временските услови, телефон, Wi-Fi интернет конекција, мини бар (вода, сокови, пиво и млеко, се дополнува секој ден), сет за кафе и чај, сеф, тепих или плочки на под, бањарка и папучи, сателитска ЛЦД ТВ и балкон. 

Услуга 
Ултра Се вклучено-пијалок за добродојде (шампањско и лимонада за деца), 24 часа храна и пијалоци, шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, попладневна ужина, вечера, полноќна закуска. Сите локални и увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, свежо цедени сокови за појадок, дел со диетална и здрава храна во главниот ресторан, детско мени, сладолед во одредени часови во денот, храна за бебиња, свежо цедени сокови во Витал бар, A’la Carte ресторани со претходна резервација. Дополнително се наплаќаат- Премиум увозни пијалоци, специјални увозни и локални вина, сите флаширани пијалоци, The Hook A’la Carte ресторан со претходна резервација, услуга во соба. 

Содржини 
Главен ресторан со шведска маса, A’la Carte ресторани (Il Baggato-Италијанска кујна, The Hook-морска храна, Anatolia-Турска кујна), барови околу хотелскиот комплекс. Доктор, чување деца, перална, телефон, факс, компјутерски игри, фризер, продавници, rent a car, дополнително се наплаќаат. 

Плажа 
Хотелска приватна плажа, со песок и камчиња. Лежалки, чадори за сонце и пешкири за плажа не се наплаќаат. 

Спорт и забава 
Отворени и затворени базени за возрасни и деца, лизгалици на вода, Турска бања, сауна, парна бања, фитнес центар, тениски игралишта, кошарка, одбојка, мини фудбал, одбојка на плажа, пинг понг. Спортови на вода, Спа и Велнес центар, масажа и третмани за убавина, школо за нуркање, јавање коњи, дополнително се наплаќаат. Забавни програми во текот на денот, натпревари, шоу програми во вечерните часови, жива музика и концерти. Мини клуб за деца од 4-12 год. со специјални програми. 

www.amaraworldhotels.com

Галерија

Ценовник

Контактирајте не за целосна калкулација со наведени датуми на патување.

Сподели со пријателите: