+389 46 255 600, +389 72 255 600

08:00 - 16:00

*****
6
UAI
превоз
5

ASKA LARA RESORT & SPA 

Положба 
Хотелот се наоѓа во областа Лара, 12км од аеродромот во Анталија и на 12км од центарот на Анталија. 

Сместување
Вкупен број на соби 545. Еко соби 29 ( 18 м², една спална, едно купатило, без балкон, макс. 2+1 лица), Стандардни соби 343 (18-24м², една спална, едно купатило, некои од собите имат и француски балкон, макс.3+1лица), Фамилијарни суити 21 (50 м², две спални поврзани со врата, две купатила,макс.4+1 лица), Поврзани соби 42 (40-48м², две спални поврзани со врата, две купатила, макс.5+1лица). Сите соби се со купатило со туш кабини, фен, клима сплит систем, телефон, мини бар (со вода, безалкохолни пијалоци и пиво се надополнува секојдневно), електричен бокал со сет за кафе и чај, сеф (со доплата), ламинатен под, сателитска ТВ и музички канали, WI-FI интернет конекција (бесплатно),балкон. 

Услуга 
Ултра Се вклучено-шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, ужини во текот на денот и во вечерните часови, сите локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, сладолед во одредени попладневните часови, детско мени во главниот ресторан. Во цената не е вклучено: специални увозни пијалоци, флаширани пијалоци, специјални вина, увозни вина , свежо цедени сокови, собна услуга, A’la Carte ресторани со претходна резервација и со доплата. 

Содржини 
Главен ресторан со шведска маса, A’la Carte ресторани : Мозаик -Турски, Ла Перла - Италијански, Миссина - рибен и Мандарин - Кинески ресторани, барови низ целиот хотелски комплекс. Доктор, чување деца, телефон, факс, интернет и компјутерски игри, трговски центар, rent a car, дополнително се наплатуваат. WI-FI интернет конекција на територија на хотелот и во собите е бесплатна. 

Плажа 
Хотелска песочна со ситни камчиња плажа, на 500м од хотелот (се преминува преку пат). Лежалки на плажа, чадори за сонце и пешкири за на плажа се бесплатни. Бесплатен превоз од хотел до плажа на секои 10 мин. од 08:30 -24:00 часот.

Спорт и забава 
Отворени и затворени базени за возрасни и деца, девет лизгалици на вода, тениски игралишта,Турска бања, соба со пареа, сауна, кошарка, одбојка на плажа, пикадо, пинг понг, фитнес центар. Во цената не е вклучено : Спортови на вода, билијард, опрема за тенис и обука, куглање, сите видови на масажа и третмани во Спа центарот. Забавен парк. Забавни програми со анимационен тим преку ден и во вечерните часови. Мини клуб за деца од 03-12 год. 

www.askahotels.com

Галерија

Ценовник

Пакет аранжмани со 6,7,8,9,10,11,12,13,14 ноќевања

Контактирајте не за целосна калкулација со наведен датум на патување.

vis/j

Сподели со пријателите: