+389 46 255 600, +389 72 255 600 08:00 - 20:00

Атина често пати се нарекува колевка на западната цивилизација. Таа е еден од најстарите светски градови чија историја бележи преку 3400 години. Се смета за зачеток на демократијата. Атина е центар на економскиот, политичкиот и културен живот во Грција, родно место е на Сократ, Перикле, Софокле и други значајни филозофи, писатели и политичари. Таа е еден од главните светски центри за архиолошки истражувања. Ова популарно туристичко место има дури 148 театри!

Галерија

Ценовник

Цена на аранжманот : 99 ЕУР (6,130,00 МКД)

за уплата до 30/11/2018 ……. 89 Еур/5,520,00 МКД

Деца : 2-12 години со двајца возрасни 60 Еур/3700,00

Еднокреветна соба 155 Еур.

Трето лице на додатен лежај 86 Еур.

Сопствен превоз -30 Еур од цената.

 

 

 

 

 

Цените се дадени во евра.Плаќањето се врши во денарска противредност по курс 1 евро = 62 мкд.
За сите тековни попусти и промоции,за дадениот хотел,пратаете ја нашата Facebook фан страна и контактирајте не телефонски.
За дадената понуда важата општите услови за патување на СКТМ и Т.А.ВИС ПОЈ.
vis/j 

 

 

Програма на патувањето

29.12.2018 (Сабота)

Македонија-Атина Состанок на групата во 20,30 часот. Поаѓање во 21:00 часот од Спортска Сала Младост. Ноќно возење низ Грција со попатни паузи за одмор.

30.12.2018 (Недела)

Атина Пристигнување во Атина во предпладневните часови. Сместување во хотел. Можност за мал одмор и освежување од патувањето. Заминување за панорамско разгледување на градот (Плоштадот Омонија, Плоштадот Синтагма каде се наоѓа Парламентот и стражата на Евзони, Олимпискиот стадион, Зевсовиот храм, Хадријановата врата, Бајроновиот споменик, Националната библиотека, универзитет…) Акропол (Пропилеј, Партенон, Ерџтејон…) Враќање во Атина и слободно време за индивидуални активности. Заминување за Пиреа – најголемото пристаниште на Балканот како и живописното гратче Пиреа. Ноќевање1.

31.12.2018 (Понеделник)

Атина–Пелопонез-Епидауруис-Микена Појадок. Факултативна – еднодневна екскурзија до Пелопонез со стручен водич. Се поминува Коринтскиот канал, кој го соеднинува Саронскиот залив на Егејското море и Лахејскиот залив на Јонското море од каде се оди до островот Пелопонез. Ке имате можност да се направат преубави фотографии од мостот над самиот канал. Се посетува и Епидаурус – родното место на Асклепии, бог-лечител од митологијата. Тука се наоѓа и најубавиот запазен антички театар со неверојатна акустика. Се продложува кон Нафплио – првата столица на новата Грчка држава. Се посетува златниот градМикена – град на легендарниот цар Агамемнон, откриен од археологот Хајнрих Шлиман воедно претставува најважен археолошки објект во Грција. Ќе ја видите величестевната лавовска порта на влезот од микенската тврдина, руините од дворецот и царските гробници, како и гробницата на Агамемнон.. Враќање во Глифада. Ноќевање2. Враќање во хотелот. Новогодишна вечера во хотелот со музика и ДЈ. (Факултативно 30 Еур)

01.01.2019 (Понеделник)

Атина – Сунион – Глифада Појадок. Одјавување од хотел. Факултативно (10 еур) 0рганизирана екскурзија со посета на Сунион – најјужната точка на Атика (Посејдоновиот храм, Аполоновата обала и Глифада) Слободно време во Глифада. за индивидуални активности. Поаѓање за Македонија.Пристигнување во Битола во доцните вечерни часови. Организирани трансфери до Охрид, Прилеп и Скопје.

Забелешка

Во цената е вклучено:

- Превоз со високо туристички автобус
- 2 ноќевања со појадок во хотел 3* (Хотел Лондон – Глифада)
- Организиран разглед на градот со локален водич
- Организација и водство на патувањето

 

Во цената не се вклучени следниве услуги :

Во цената не е вклучено: 

- Свечена Вечера во хотелот со пригодно мени и музика 30 Еур
- Целодневна екскурзија до Пелопонез (25 Еур со превоз и водич)
- Влезници за посета на локалитетите со водич: Акропол (12 еур);
- Микена (8 еур) и Епидаурус (6 еур)
- Екскурзија Сунион-Аполонов Храм 10 Еур (ГРАТИС за уплата до 15/11/2018)
- Патничко и здравствено осигурување 150 мкд
- Доплата за повратен трансфер во МК: Скопје и Велес 10 Еур/лице, Прилеп, Охрид и Кавадарци 5 Еур/лице

Сподели со пријателите:
Атина често пати се нарекува колевка на западната цивилизација. Таа е еден од најстарите светски градови чија историја бележи преку 3400 години. Се смета за зачеток на демократијата. Атина е центар на економскиот, политичкиот и културен живот во Грција, родно место е на Сократ, Перикле, Софокле и други значајни филозофи, писатели и политичари." data-share-imageurl="">