+389 46 255 600, +389 72 255 600 08:00 - 20:00
3

Ценовник

Превземи понуда во PDF: 

Програма на патувањето

Авантура во амбиенталното Кратово

Дводневен аранжман

Ден 1

* Поаѓање од Охрид во утринските часови. Пристигнување во Кратово во пладневните часови. Сместување во хотел Кратис.

Во попладневните часови разглед на Кратово. Обиколка на двата бора кои датираат од 14 век. Приказната вели дека во 13 век, кога од Шлезија цели семејства се селеле во овие краишта, сакајќи да означат едно постојано и плодно живеење, секое семејство засадило по едно дрво.

 Од двата стари бора преку Сарајскиот мост низ старата Кратовска чаршија се оди во посета на Кратовските Кули  кои се градени во средновековието и некогаш биле 13, а потоа преку Саат кулата и чаршискиот мост , низ старата ајдучка чаршија се оди во посета на градскиот музеј.  Следи посета на црквата “св. Јован Обсечен” , а потоа посета на Радин мост, познат по легендата за Рада и  деветте браќа.

*  Вечера во Хотел Кратис

Ден 2

* Доручек во Хотел Кратис

* После доручекот со локален туристички водич посета на Куклица каде што се наоѓа геолошкиот резерват “Весела свадба” кај народот уште познат како Куклици, Кукли и Пијани сватови. Геолошкиот резерват “Весела свадба’’ е ремек-дело на природата.

* Во пладневните часови посета на Кокино, праисториската опсерваторија, рангирана според НАСА, како 4 - та најстара во Светот.

* Враќање во хотелот во попладневните часови и вечера во ресторанот на хотел Кратис со свечено мени и музика во живо.                     

Забелешка

  Во цената на аранжманот е вклучено :

  • превоз од Охрид со висококвалитетен автобуски превоз
  • два полупансиони во х. Кратис , Кратово
  • разглед на Кратово , Куклица и Кокино
Сподели со пријателите: