+389 46 255 600, +389 72 255 600 08:00 - 20:00

Бали е  најатрактивната дестинација , уште нарекувана и “ кралица ” на туризмот на Индонезија.  Добро позната, посакувана и посетувана од сите креви во светот.

Покрај природните убавини, особено прекрасните плажи, Бали е исто така познат по уникатната и интересна култура. 

Главни туристички дестинации се  Kuta  и околните области како Legian и Seminyak, западните градови како Sanur, центарот како Ubud,  и на југ Jimbaran, Nusa Dua и  Pecatu.

Бали е комплетна туристичка  дестинација со многу интересни места: плажата Kuta , Tanah Lot Храмот, плажата  - Padang,  езерото Beratan Bedugul, Garuda Wisnu Kencana (GWK), плажата  Lovina со Lumbanya Dolphin, Pura Besakih, Uluwatu, Munduk, Kintamani, Amed, Tulamben, Menjangan Island  и многу други. Бали истотака поседува и неколку туристижки центри кои се полни со едукација, како зоолошки градини, тродимензионални музеи, игралишта на вода ...

Корисни информации за БАЛИ:

Климата во Бали е тропска, карактеристична за областите околу екваторот. 

Висока туристичка сезона се Јули и Август, за време на Велигденските празници, Декември и Јануари.

Во тој период, Бали е полн со туристи, но и цените се повисоки. Како најдобар период за посета на Бали се сметаат Април, Мај, Јуни, Септември и Октомври , која се смета како меѓу сезона. Тогаш времето е сеуште суво и топло, а цените се намалуваат. Овие месеци се исто така поволни и за спортските активности како нуркање, сурфање и сл бидејќи водата е чиста и топла, можност за прошетка и посета на зоолошка, Паркот на птиците, Марина и Сафари паркот, Waterbom, White Water Rafting, Monkey Forest... Но секако, двете сезони не се целосно одвоени и неможе со прецизност да се предвиди времето. Во просек температурата се движи од 26 – 34 степени.

 Индонезиската валута е Рипи - 1 УСД = 13,358 idr    1 Evro= 15.046 IDR     1 EUR=15,046.51 IDR.   

Се препорачува  употреба на средства против комарци.

Се препорачува лесна памучна облека и лесни удобни обувки за пешачење.

Понесете и лесна јакна,чадор и мушама за дожд,како и шешир засонце и крем за сунчање висок фактор...

Посетете го Бали за незаборавна авантура и уживајте ...

Галерија

Ценовник

Цена  по лице    952 еур

 

Цената вклучува: 

- повратен авиобилет до Бали

- Хотелско сместување со доручек за 7 ноќи

- Трансфер од аеродром до хотел 

- Целодневен разглед со вклучени влезници  - Taman Ayun Temple of Royal Bali Mengw

- Посета со вклучен билет за  Kecak Танци 

 

Цената не вклучува:

- Патничко осигурување

- бакшиш за вработените ( шофер, портир, водич...)

- индивидуални трошоци  

 

 

Цените се дадени во евра.Плаќањето се врши во денарска противредност по курс 1 евро = 61,8 мкд.

За сите тековни попусти и промоции,за дадениот хотел,пратаете ја нашата Facebook фан страна и контактирајте не телефонски.

За дадената понуда важата општите услови за патување на СКТМ и Т.А.ВИС ПОЈ. 

Програма на патувањето

Прв ден 

Поаѓање од аеродром Александар Велики во Скопје.  Пријавување на аеродром два часа пред летот каде се предава багажот за лет до Денпасар. Дозволен багаж по патник 23 кла и рачен багаж 7 кила. Патувањето до Денпасар е во зависност од слободните места на летовите. Може да биде со преместување во Истанбул, Дубаи, Доха ... За време на летовите се користат оброци во авион.

Втор ден 

Пристигнување во Денпасар. По пристигнување , организиран трансфер од аеродром до хотел. Сместување во хотел. Ноќевање

Трет ден

Појадок. По појадокот слободно време за индивидуални активности, одмор и плажа. Препорачуваме факултативна целодневна екскурзија до Палатата Ubud King  и  Шумата на мајмуните – шума светилиште. Посета на плантажа за кафе и оризови полиња, посета на вулканот Kintamani , каде ќе се воодушевите на прекрасниот пејсаж на кратерот на планината Batur. Пред враќање во хотел , посета на Holy Spring Tirta Empul. - свет извор во хинду религијата, каде во свежата вода се изведува ритуалот на прочистување. Ноќевање

Четврт ден

Појадок. По појадокот слободно време за индивидуални активности , одмор и плажа. Факултативна посета на Храмот Ulun Danu и водопадот  GitGit  - целодневна екскурзија која започнува со посета на водопадот  GitGit. Најубавиот водопад во Бали, опкружен со тропски дрва. Излетот продолжува до езерото Tambling и Buyan и посета на храмот Ulun Danu Water Temple. На крај посета на пазар за разни тропски овошја и зеленчуци. Ноќевање

Петти ден

Појадок. По појадокот, целодневна екскурзија до Тамах Ајун Храмот  – храмот на кралската фамилија, скриен хинду кралски храм поставен на мало парче земја и опкружен со рибник.. Се посетува и  Tanah Lot Храмот, изграден на карпа над  морето и посветен на Божицата на морето. Излетот продолжува до Uluwatu Храмот,  еден од шесте клучни  храмови , за кои се верува дека се духовни столбови на Бали. На зајдисонце ќе уживате во  Kecak танцот, за прекрасен завршеток на денот. Враќање во хотел. Ноќевање

Шести ден

Појадок . По појадокот, слободно време за индивидуални активности, одмор и плажа. Факултативна посета на Jatiluwih оризова тераса, прекрасен пејсаж лоциран во централниот дел на островот близу езерото  Bratan, помеѓу  Denpasar и  Singaraja шумата. Патот продолжува кон езерото Tambling  и  Buyan, каде се посетува храмот Ulun Danu Water, Шумата на мајмуните, храмот Taman Ayun, познат како Кралскиот храм. Враќање во хотел. Ноќевање 

Седми ден 

Појадок . Факултативна посета на Кралската Палата и традиционалните села на Бали  . Полудневна ескурзија до Палатата Ubud King  и Шумата на Мајмуните -  природно шумско светилиште Посета на селото Ubud, познато по долгата традиција на ракотворби.  Селото  Mas надалеку познато по својата резба. Резбата на Бали е позната како една од најфините во светот, каде најдоброто од Бали се трансформира во прекрасни скуплтури. Ноќевање 

Осми ден

Појадок . Полудневна екскурзија и гледање на Танцот Batubulan Barong  и Убавиот  Tegalalang  вклучувајќи го и  Goa Gajah – Уживајте во танцот Barong пред да се прошетате во оризовите полиња на Tegalalang .  Прошетката продолжува со посета на Goa Gajah или пештерата Слон. Целиот простор на  Goa Gajah е опкружен со прекрасна тераса на оризови полиња и речни долини. Како една од волшебните историски локалитети, Goa Gajah привлекува посетители, како локални така и странци. Враќање во хотел.  Ноќевање

Девети ден

Појадок. По појадокот, одјавување од хотел и трансфер до аеродром во договорено време. Лето до Скопје