+389 46 255 600, +389 72 255 600 08:00 - 20:00
***
11
BB
превоз
3

Галерија

Ценовник

ПРОМОТИВНА ЦЕНА ЗА ПАТУВАЊЕ ВО НОЕМВРИ     -  1099 ЕУР ПО ЛИЦЕ 

* понуда валидна за ограничен број на слободни места

 

РЕДОВНА ЦЕНА      -    1320 ЕУР ПО ЛИЦЕ

 

 

Цените се дадени во евра.Плаќањето се врши во денарска противредност по курс 1 евро = 61,8 мкд.

За сите тековни попусти и промоции,за дадениот хотел,пратаете ја нашата Facebook фан страна и контактирајте не телефонски.

За дадената понуда важата општите услови за патување на СКТМ и Т.А.ВИС ПОЈ. 

 

Програма на патувањето

БАНГКОК + ПУКЕТ     -  13 ДЕНА

 

Ден 1: Полетување од Скопје за Бангкок 

Ден 2: Пристигнување во Бангкок во утринските часови. По пристигнувањето, трансфер до хотелот. Сместување во хотел. Слободно време за индивидуални активности и одмор.

Во вечерните часови, вечера и крстарење со Chaophraya cruise   .  Неверојатно пријатно искуство  кое ви овозможува уживање во  панорамски поглед на Бангкок .

Ден 3:  Појадок. По појадокот  посета на најголемиот воден пазар . Пазарот , кој  плови по вода, каде може да се купат и видат најразлични  производи.  Секојдневие за локалното населениа, а вистинска атракција за посетителите. Слободно време за шопинг.

Ден 4: Појадок. По појадокот, патување со целодневен разглед на  древниот град  Ayutthaya .   Неповторлива компинација на прошетка и крстарење ,  опуштено патување низ историјата на Тајланд.

Ден 5: Појадок. По појадокот патување за Пукет.  Пристигнување и сместување во хотел. Слободно време за индивидуални активности

Ден 6:  Појадок. По појадокот патување со  глисер помеѓу  островите.  Откријте ја убавината на островот Phi Phi, капете се на плажата  Maya Bay, каде што е снимен филмот Плажа со Леонардо Ди Каприо,  дружење со мајмуни на  плажата Моnkey и  уживање на песочна плажа на островот Khai island . Враќање во хотел

Ден 7:  Појадок. По појадокот истражување на брегот Phang Nga , посета на островот James Bond  каде што е снимен филмот  James Bond: The Man with the golden gun.

Ден 8: Појадок.  Ден предвиден за индивидуални активности, плажарење и одмор.

Ден 9: Појадок.  Целодневна тура до  Similan Islands . Островска група, составена од 9 помали острови, богати со живописна природа . На оваа тура се посетуваат 4 острови.

Ден 10: Појадок. Ден предвиден за индивидуални активности 

Ден 11: Одјавување од хотел и враќање со локален лет до Бангкок. Во Бангкок, чекирање на меѓународен лет и патување до Скопје

Ден 12: Пристигување во Скопје во предпладневните часови 

 

 

Забелешка

Цената вклучува:

  • - авиобилет на релација Скопје - Бангкок - Скопје 

  • - авиобилет на релација Бангкок - Пукет - Бангкок 

  • - трансфер од аеродром до хотел 

  • - сместување во хотел 10 ноќи со доручек

  • - водич за време на  патувањето  и разгледите 

 

Цената не вклучува:

- патничко осигурување

- факултативни излети

- виза

 

Сподели со пријателите: