+389 46 255 600, +389 72 255 600

08:00 - 16:00

*****
6
ALL
превоз

Положба
Хотелот се наоѓа во областа Titreyen Göl, оддалечен 5км од Сиде и 65км од аеродромот во Анталија.

Сместување
Вкупен број на соби 674. Во главна зграда 231 соба, Клубски дел на хотелот 332 и Супериор зграда која е споена со главната зграда 111 соби.
Стандардни соби (29m², се наоѓаат во главна зграда, клубски дел од хотелот и супериор зграда една спална соба, едно купатило, макс. 2+1 лице),
Клуб фамилијарни соби (31m², една спална соба со брачен кревет и кревети на спрат, едно купатило, макс. 2+2 лица),
Хотелски фамилијарни соби (43 - 52m², една спална соба, едно купатило, макс. 2+2 лица),
Клуб фамилијарен суит (52m², две спални соби, едно купатило, макс. 2+2 лица) и 8 соби за хендикепирани лица.
Сите соби во главна зграда се со купатило со када, туш кабини во клуб собите, фен, централна клима, телефон, сеф (со доплата), мини бар (се дополнува секој ден со вода и безалкохолни пијалоци), ламинат на подот во хотелските соби, мермер во клуб собите, балкон или тераса, сателитска ТВ.

Услуга
All inclusive – појадок, доцен појадок, ручек, вечера, снек бар и ресторан отворени цел ден, полноќна ужина, сите локални алкохолни и безалкохолни пијалоци, свежо цедени сокови само за појадок, сладолед за време на ручекот и вечерата, мини бар, A’la Carte ресторани со претходна резервација еднаш за време на престојот. Не е вклучено: увозни пијалоци, сите видови флаширани пијалоци, послуга во соба.

Содржини
Два главни ресторани во клубскиот дел и во ресортот. A’la Carte ресторани: Kuyu – Турска кујна, Heuriger – Австриска храна. Барови околу хотелскиот комплекс. Доктор, бебиситер, фризер, салон за убавина, услуги за перење и пеглање, интернет, телефон, факс, интернет, компјутерски игри, рент а кар дополнително се наплатуваат. WI-FI интернет се доплаќа.

Плажа
Хотелска приватна песочна плажа, лежалки, чадори и пешкири на плажа се бесплатни.

Спорт и забава
Надворешни и внатрешни (во главна зграда) базени за возрасни и деца, лизгалки на вода, фитнес центар, Турска бања, сауна, парна бања, тениски терени, мини фудбал, одбојка на плажа, мини голф, кошарка, пинг понг. Со доплата: масажа, билјард, салон за убавина, спортови на вода, јавање коњи, осветлување за тениски терени, опрема за тенис, куглање, школа за нуркање. Забавни програми во текот на денот, професионален тим кој организира разни активности, шоу програми во вечерните часови. Мини клуб за деца.

Галерија

Ценовник

Пакет аранжмани со 6,7,8,9,10,11,12,13,14 ноќевања
Контактирајте не за целосна калкулација со наведен датум на патување.

vis/j

 

Сподели со пријателите:
Положба
Хотелот се наоѓа во областа Titreyen Göl, оддалечен 5км од Сиде и 65км од аеродромот во Анталија.

Сместување
Вкупен број на соби 674. Во главна зграда 231 соба, Клубски дел на хотелот 332 и Супериор зграда која е споена со главната зграда 111 соби." data-share-imageurl="">