+389 46 255 600, +389 72 255 600

08:00 - 16:00

*****
6
ALL
превоз

Хотелот се наоѓа во регионот Белдиби 25 км од Анталија, 17 км до Кемер и 35 км од аеродромот во Анталија.

Вкупен број на соби 521, сите во 3-катни бунгалови. Стандардни соби - вклучувајќи 6 простории за хендикепирани гости, (19м², една спална соба, една бања, макс.2лица, нема место за креветче), Големи стандардни соби (21м², една спална соба, една бања, макс 3 лица), Стандардни соби со кревети на спрат (26м², една спална соба со француски кревет + кревети на спрат, една бања, макс.2 + 2лица), Фамилијарни соби (37м², две спални соби со врата помеѓу, една бања, макс.4лица), Фамилијарни соби со кревети на спрат (37м² , две спални соби, една со француски кревет, втората е со кревет на спрат или со висок душек, има врата помеѓу собите, една бања, макс.2 + 3лица). Собите се со сопствено купатило со туш кабина и фен за коса, сплит систем за климатизација, директен телефон, мини бар (безалкохолни пијалоци кои се надополнуваат секој ден), сеф, сателитска ЛЦД ТВ и музички канали, балкон или тераса, ламинатен под.

Ultimate Се вклучено- 24-часовна услуга за храна и пијалоци – шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, закуски наутро и попладне, вечера, ужина доцна во ноќта, локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, A ' la Carte ресторани со резервација однапред (деца под 7 години не смеат да влегуваат) и еднаш за време на престојот, мини бар со безалкохолни пијалоци и вода се полни секој ден, сладолед од 16:00-18:00 часот. Не се вклучени: луксузни увoзни пијалоци,флаширани пијалоци, специјални вина, наргиле, свежи овошни сокови, енергетски пијалоци, цигари, увозни алкохолни пијалоци од 01:00-10:00 часот Starfish A’la Carte ресторан, услуга во соба.

Aspendos - главен ресторан, A’la Carte ресторани: Starfish (рибен ресторан), Azure (медитеранска кујна), La Fiesta (Мексиканска кујна), Flora (скара), Ottoman (турска кујна), барови низ целиот хотелски комплекс, Диско клуб. Доктор, бебиситер, перење и хемиско чистење, телефон, факс, интернет и компјутерски игри, фризер, трговски центар, изнајмување автомобил дополнително се наплатуваат. WI-FI интернет до 56Kbps во лобито, приемот и главната област на базенот е бесплатен.

Хотелска плажа, камчеста, песок и две платформи, со лежалки, чадори за сонце, пешкири за плажа бесплатно.

Отворени базени за возрасни и деца, лизгалки на вода, фитнес центар, турска бања, сауна, соба со пареа, гимнастика, тениски терени, одбојка, кошарка, пинг понг, одбојка на плажа. Дополнително се доплаќаат: спортови на вода, масажа, СПА центар, часови за нуркање, светло за осветлување за тениски игралишта и опрема, куглање, билијард и компјутерски игри. Забавни програми во текот на денот, натпревари, во вечерните емисии. Crispy Kids World mini Club за деца од 04 - 12 години со дневни програми и анимации. .

Галерија

Ценовник

Пакет аранжмани со 6,7,8,9,10,11,12,13,14 ноќевања

Контактирајте не за целосна калкулација со наведен датум на патување.

vis/lj

 

Сподели со пријателите:

Хотелот се наоѓа во регионот Белдиби 25 км од Анталија, 17 км до Кемер и 35 км од аеродромот во Анталија.

Вкупен број на соби 521, сите во 3-катни бунгалови. Стандардни соби - вклучувајќи 6 простории за хендикепирани гости, (19м², една спална соба, една бања, макс." data-share-imageurl="">