+389 46 255 600, +389 72 255 600

08:00 - 16:00

5

Положба
Хотелот е лоциран во Белек, 35км од аеродромот во Анталија и 45км од центарот на Анталија.

Сместување
Вкупен број на соби 503 во три хотелски згради. Стандардни соби (вклучувајќи 4 соби за хендикепирани лица 23м², една спална соба, едно купатило, макс.2+1 лица), Стандардни соби со кревети на спрат (23-28 m² една спална соба со француски кревет + единечен кревет + кревет на спрат, купатило макс.3+2 лица), Фамилијарни соби (31м², две спални со врата помеѓу нив, едно купатило, макс.4 лица), Сите соби имаат купатило со када, туш, фен, централна клима, телефон, ламинатен под, сеф, мини бар (се дополнува секој ден со вода и сокови), сателитска ТВ и музички канали, WI-FI интернет, балкон или тераса.

Услуга
Ultimate Се вклучено - 24 часа храна и пијалоци. Освежувачки пешкири и традиционален Турски пијалок-шербет за добредојде, појадок, доцен појадок, ручек и вечера, диетална храна, храна за деца, ресторани со ужинка во текот на денот, сладолед (се сервира во Pool бар од 17.00-19.00 часот), попладне-колачи, чај и кафе, полноќна ужина, сите локални и стандардни алкохолни и безалкохолни пијалоци, A’la Сarte ресторани со претходна резервација и само еднаш за време на престојот (не е дозволен влез на деца под 7 год.). Увозни премиум алкохолни пијалоци, интернационални и специјални вина, услуга во соба, свежо цедени сокови, Италијански и Мексикански A’la Сarte ресторани, увозни алкохолни пијалоци од 23.00-10.00 часот дополнително се наплатуваат.

Содржини
Главен ресторан со шведска маса, A’la Сarte ресторани- Турски, Рибен, Мексикански и Италијански, бар покрај базен, Лоби бар, снек бар и ресторан. Продавници, фризер, доктор, чување деца, перална и хемиско чистење, rent a car, телефон, факс,интернет кафе и игротека дополнително се наплатуваат.

Плажа
Хотелска приватна песочна плажа, со лежалки, чадори за сонце и пешкири за плажа не се наплаќаат. Приватните павиљони на плажа се со резервација и се наплаќаат.

Спорт и забава
Отворен и затворен базен за возрасни и деца, Аква парк, фитнес центар, Турска бања, сауна, соба со пареа, 5 тениски игралишта, пинг понг, одбојка, кошарка, мини фудбал, одбојка на плажа. Спа и Велнес центар, осветлување на тениски игралишта, опрема за тенис, куглана, билијард и комјутерски игри, сите спортови на вода, голф дополнително се наплатуваат (Превозот до Titanic Golf е бесплатен). Забавна програма со професионален тим во текот на денот и вечерни шоу програми. Crispy Kids World мини клуб за деца од 04-12 год. во текот на денот и мини диско во вечерните часови.

Галерија

Ценовник

Пакет аранжмани со 6,7,8,9,10,11,12,13,14 ноќевања
Контактирајте не за целосна калкулација со наведен датум на патување.

 

 

vis/j

Сподели со пријателите:
Положба
Хотелот е лоциран во Белек, 35км од аеродромот во Анталија и 45км од центарот на Анталија.

Сместување
Вкупен број на соби 503 во три хотелски згради. Стандардни соби (вклучувајќи 4 соби за хендикепирани лица 23м², една спална соба, едно купатило, макс." data-share-imageurl="">