DELPHIN DE LUXE
Положба:
Хотелот се наоѓа во областа Okurcular-Alara, 32км од Аланија и 90км од аеродромот во Анталија. Има бесплатен превоз од хотелот до Аланија, Манавгат и Сиде, со претходна резервација на рецепција.
Сместување:
Хотелот е составен од една главна зграда со 412 стандардни соби и споредна зграда со 83 фамилијарни соби. Стандардните соби 412 (27м², макс. 2+2 лица),фамилијарните соби 83 ( 32м², две спални соби со две одвоени врати , една бања , мах 4+1 лица). Сите соби се со балкон, со страничен поглед на море или копно , купатило со туш, када, фен, централна клима која работи според временските услови, телефон, тепих на под, сеф, мини бар, сателитска ТВ и музички канали.
Услуга:
Ултра Се вклучено-шампањско за добредојде, шведска маса за појадок, доцен појадок, утринска ужина, ручек, попладневна ужина и колачи, кафе, чај, сендвичи, сладолед, свежо цеден сок, вечера и оброк во доцните ноќни часови. Сите локални и некои стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, Турско кафе, мини бар во собите кој секојдневно се дополнува со безалкохолни пијалоци, пиво, вода и чоколади. A’ la Сarte ресторани со претходна резервација ( еднаш за време на престојот ), услуга во соба од 24.00-06.00ч. Храната за деца и диетална храна се во главниот ресторан. Премиум виски, бренди, стари вина и флаширани пијалоци, услуга во соба од 06.00-24.00 , понатамошно користење на A’la Carte рестораните дополнително се наплатуваат.
Содржини:
Главен ресторан Delphin со шведска маса, A’la Carte ресторани-Ottoman (Турска кујна), Mr. Fish (морска храна), Dolce Vita (Италијанска кујна), China House (кујна од Далечен Исток), Tepenyakii (Јапонска кујна), Margarita (Мексиканска кујна), Mediterranean ( Медитерански ресторан ) ресторан со ужина на плажа.Во баровите околу хотелскиот комплекс се служат локални и увозни пијалоци. Продавници, фризер, перална, доктор, rent a car, интернет (бесплатен во лоби бар), компјутерски игри дополнително се наплатуваат.
Плажа:
Хотелска плажа, со ситни камчиња и со платформа, пешкири , лежалки и чадори за сонце кои не се наплатуваат.
Спорт и забава:
Отворен и затворен базен, базен за деца, лизгалици на вода, фитнес центар, сауна, Турска бања, соба со пареа, џакузи, тениски игралишта, пинг понг, одбојка на плажа, пикадо, немоторизирани водени спортови не се наплатуваат. Дополнително се наплатува тениска опрема , часови по тенис, масажа, салон за убавина, билијард, моторни водени спортови и школа за нуркање. Часови по сликање не се наплатуваат.
Забавна програма, натпревари, шоу програма навечер, на секои 15 дена Турска вечер и Гала вечера. Мини клуб и клуб за тинејџери со кино на отворено и забавен саем.
www.delphinhotel.com