+389 46 255 600, +389 72 255 600

08:00 - 16:00

*****
6
UAI
превоз

Хотелот се наоѓа во областа Лара, 11км од аеродромот во Анталија и 15км од центарот на градот.

Вкупен број на соби 481. Стандардни соби: 385 (26-30м²; два одвоени кревети или француски кревет, макс. 2+2 лица), Дуплекс фамилијарни соби: 75 (47м²; на првиот кат една спална со францусли кревет + еден единечен кревет, едно купатило со туш, на вториот кат два одвоени кревети, едно купатило со када, два балкона, макс.4+1лица) и 4 соби за хендикепирани лица. Сите соби се со купатило со када и туш, фен, централна клима која работи според временски услови, телефон, сеф, мини бар (секој ден се дополнува со безалкохолни пијалоци, вода, пиво, чоколади), електричен бокал, сервис за кафе и чај,сателитска ТВ и музички канали, балкон или тераса. WI-FI е без доплата. Специјални соби: Pink Moon суит: 1 за гости кои се на меден месец (80м², округла соба со розева боја, спална со тркалезен кревет, дневна, трпезарија, простор за релаксација, џакузи, тоалет, панорамски поглед на море, VIP сервис, без балкон), Делукс соба: 11 (85 м²+60 м² тераса, две спални соби, едно купатило, Џакузи на тераса, VIP сервис , макс.5+1 лице), 1 Председателски суит: (108м²+60 м² тераса, салон, спална со голем(кинг сајз) кревет, купатило со џакузи, дневна со софа, простор за јадење со бар, поглед море и лежалки на терасата, VIP сервис, макс. 2+1 лица), К1 суит: 1: (80м², округла соба со два француски кревети, купатило со џакузи, дневна соба со поглед море, VIP сервис, без балкон), К2 суит: 1 (80м², округла соба, два француски кревети, купатило, дневна соба, поглед море и лежалки на тераса, VIP сервис, макс. 2 лица, без балкон), Black суит (80м², собата е целосно декорирана во црна боја со два француски кревети, софа, купатило со џакузи, со поглед море, VIP сервис, без балкон).

Ултра Се вклучено-шампањ за добредојде, овошје и вино во соба на денот на пристигнување, шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, попладневна ужина, колачи, чај, кафе, вечера и ужина доцна навечер. Сите домашни алкохолни и безалкохолни пијалоци, стандардни увозни пијалоци, собна услуга по мени од 00:00 до 06:00 не се наплатува. A’la Carte ресторани со претходна резервација (еден A’la Carte ресторан за 7 дена е бесплатен, секој нареден се наплатува). Диетална храна и храна за деца е достапна во главниот ресторан. Премиум увозни пијалоци, специјални пијалоци и флаширани вина, собна услуга од 06:00 до 24:00 дополнително се наплатува.

Главен ресторан со шведска маса, за појадок, ручек и вечера, A‘la Carte ресторани-Le Kebab-Турска кујна, Blue fish-рибен ресторан, Pekin ресторан-Кинеска кујна, ,Margarita ресторан-Мексиканска кујна, Dolce Vita ресторан-Италијанска кујна, Dragon ресторан-Тајландска кујна,Teppenyaki-Јапанска кујна. Барови на различна локација во хотелскиот комплекс, Диско клуб. Доктор, чување деца, перална, телефон, факс, интернет (во лобито е бесплатен, а во собите се наплаќа), интернет кафе, компјутерски игри, rent a car, фризер, салон за убавина, продавници дополнително се наплатуваат.

Хотелска песочна со камчиња плажа со лежалки, чадори за сонце, пешкири за на базен и плажа не се наплатуваат. Приватните павиљони со претходна резервација и доплата.

Отворен и затворен базен за возрасни и деца, базен за релаксирање само за возрасни( над 15 години), лизгалици на вода, фитнес центар, Турска бања, сауна, тениски игралишта, кошарка, одбојка, одбојка на плажа, не моторни спортови на вода не се наплатуваат. Осветлување на тениски терени, моторните спортови на вода, Спа и Велнес центар, школа за нуркање, куглање, билијард, компјутерските игри се наплатуваат. Забавна програма за возрасни во текот на денот и шоу програми во вечерните часови. Забавен парк и Мини клуб за деца од 04-12 год. со различни активности во текот на денот.

Галерија

Ценовник

Пакет аранжмани со 6,7,8,9,10,11,12,13,14 ноќевања

Контактирајте не за целосна калкулација со наведен датум на патување.

vis/j

Сподели со пријателите: