+389 46 255 600, +389 72 255 600

08:00 - 16:00

*****
6
UAI
превоз

Хотелот се наоѓа во областа Лара, 10км од аеродромот во Анталија и 15км од центарот на градот. Се наоѓа на сама плажа.

Вкупен број на соби 650. Супериор соби: 474 (35м², со поглед на копно или страничен поглед море, твин или франнцуски кревет + единечен кревет и една софа, макс.2+2), Фамилијарни соби: 38 (56м², две одвоени спални со врати, едно купатило, еден балкон, макс.4+1), Поврзани соби: 43 (70м², две супериор соби поврзани со врата, макс. 3+1 лица), Јуниор суит: 64 (45м², една спална со француски кревет + единичен кревет + софа,едно купатило, два балкони, макс. 3+1 лица), Lagoon соби: 21 (36², макс. 3 лица, овие соби имаат свој базен и не примаат деца до 7 год., еден француски кревет + еден единичен кревет, едно купатило), Суит соби: (58м², една спална и една дневна, купатило, голема тераса со џакузи ,макс.2лица) и 8 соби за хендикепирани лица (сите овие соби се со страничен поглед море), Делукс фамилијарни соби: 9 (56м², две одвоени спални, едно купатило, Џакузи на тераса, сите соби се со поглед море, макс.4 лица), Сите соби се со балкон, купатило со туш кабина, фен, централна клима која работи според временските услови, телефон, инкрустирани подови, сеф, мини бар (вода, безалкохолни пијалоци, пиво, се надополнуваат секој ден),електричен бокал, сет за кафе и чај, безжичен интернет, сателитска ТВ и музички канали.

Ултра Се вклучено–шампањ за добредојде, шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, шампањ во Неделите, доцни ужинки, храна и пијалоци во Snack баровите, свежо цедени сокови за време на појадок и во Витамин барот. Сите локални и стандардни увозни безалкохолни и алкохолни пијалоци, сладолед, кафе, чај покрај базенот и барот на плажа, A’la Carte ресторани со претходна резервација (само еднаш за 7 дена). Диетална, вегетарианска и детска храна е достапна во главниот ресторан. Луксузни увозни пијалоци, VSOP коњак, цигари, специјални вина, увозни пијалоци во A‘la Carte рестораните дополнително се наплатуваат. За деца под 15 год., влезот е дозволен само во Турскиот ресторан.

Главен ресторан Gusto со шведска маса, A’la Carte ресторани: Tequila ресторан (мексиканска кујна), Lalezar (турска кујна и скара), Zuma (Далечен исток), Mia Mensa (Италијански ресторан), Museum (Француска кујна), Da Vincci (месо и вино), Helen (Грчка кујна), Pescador (рибен) ресторан. Барови на различни места во хотелскиот комплекс кои служат локални и увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, Диско клуб, кино. Доктор и негувателка, перална, шопинг центар, интернет ( во лобито е бесплатен, а во собите се наплаќа), компјутерски игри, фризер, rent a car, чување деца, дополнително се наплаќаат.WI-FI секаде во хотелот е бесплатен.

Хотелска приватна плажа, песок со ситни камчиња, лежалки, чадори за сонце, пешкири и душеци за на плажа не се наплатуваат.

Отворени и затворени базени, базен за деца,базен за релаксација само за возрасни, Аква парк, затворени водени лизгалки, фитнес центар, сауна, Турска бања, тениски игралишта, одбојка на плажа, пинг понг, не моторизирани спортови на вода, забавен парк за деца. Опрема и часови по тенис, масажа, СПА центарот и салон за убавина, пилинг, моторизирани спортови на вода и школо за нуркање се наплатуваат. Забавна програма во текот на денот, натпревари и шоу програми во вечерните часови, жива музика, кино, Тематски вечери и Гала вечери. Мини клуб за деца од 04-12 год.

Галерија

Ценовник

Пакет аранжмани со 6,7,8,9,10,11,12,13,14 ноќевања

Контактирајте не за целосна калкулација со наведен датум на патување.

vis/j

Сподели со пријателите: