+389 46 255 600, +389 72 255 600 08:00 - 20:00
3

Галерија

Програма на патувањето

Екскурзија Будимпешта, Златна Прага,

Дрезден и Виена

(со автобус - 6 дена / 3 ноќевања)

 

ПРОГРАМА

 

ПРВ ДЕН 

Поаѓање за Прага.

Патот води преку Скопје, граничниот премин Табановце, Белград.

Патувањето продолжува низ Војводина, се влегува во Унгарија, ноќно возење со попатни одмори.

 

ВТОР ДЕН 

Пристигнување во Будимпешта.

Панорамски разглед на  Будимпешта

Пешта - Споменикот на Милениумот, Операта,улиците Андраши, Ваци, Парламентот,црквата Св. Стефан, мостовите на Дунав...

Будим - Цитаделата, Кралската палата, црквата на кралот Матејас, Рибарската тврдина...

Поаѓање за Прага

Пристигнување во Прага во вечерните часови.

Сместување во хотел

Понудениот хотел располага со  (двокреветни,  трокреветни и четворокреветни), опремени со купатило-тоалет, фен, мини бар, сателитска телевизија,безжичен интернет, и др.

Вечера ,Слободна вечер за одмор.

Ноќевање.

 

ТРЕТ ДЕН 

Појадок.

Разглед на Прага

Посета на Прашкиот замок со професионален туристички водич (со влез).

Панорамско разгледување на Стариот град: Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Карло IV, Кралскиот пат, Еврејскиот кварт, Париската улица,Старомајскиот

плоштад со астрономскиот часовник - Орлој, црквата Лорето, Градската куќа, Прашката кула,Националниот музеј, Дворецот Храдчани, катедралата Св. Вито, Златната улица...

Слободно време низ центарот на Прaга и посета на шопинг центар.

Враќање во хотел, одмор

Вечера

Забава во дискотека

Враќање во хотел 

 

ЧЕТВРТИ ДЕН 

Појадок.

Целодневен излет за Дрезден.

Поаѓање за Дрезден.
Разглед на Дрезден,со локален овластен водич.Панорамски разглед на Операта   Земпер, Палатата Цвингер, протестантската Богородична црква, Римокатоличката Дворска црква, Резизиденционалната палата (денешниот државен музеј каде се чува Зелениот трезор), Палатата Ташенберг (денешен хотел Кемпински),делот на некогашниот градски ѕид, Августовиот мост.

Слободно време за индивидуални разгледи и ручек

Собир на групата и поаѓање за Прага

Враќање во Прага.

Слободно време за одмор.

Вечера

После вечерата Kрстарење со брод по Влтава.

Поаѓање од хотел

Крстарење

Враќање во хотелот Ноќевање.

 

ПЕТТИ ДЕН 

Појадок,

Одјавување од хотелот Поаѓање за Виена.

Попатен панорамски разглед на Виена со локални професионални туристички водичи, разгледување на: Дворецот Шенбурн, Палатата Хофбург,   Плоштадот Рингштрасе, Катедралата Св.Стефан и

Стефанплац, Парламентот, Виенската опера, дворецот Белведере, Ратхаус и др ...

Слободно време за прошетка по улицата Мариахилфер штрасе и индивидуални разгледи.

Тргнување за Македонија.

Ноќно возење со попатни одмори.

 

ШЕСТИ ДЕН 

Пристигнување во Македонија во пладневните часови.

 

 

 

Забелешка

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со туристички автобуси од превозникот А.Д.Галеб – Охрид, со по два возачи на наведената релација по програмата, автобусите се климатизирани, со аудио и видео опрема.
  • Сместување во хотел Прага,  во 1/3 и 1/4 соби за учениците и 1/2 за пратителите, на база полу пансион (3 ПП во Прага), доручек и вечера на шведска маса со избор од повеќе врсти на јадења .
  • Задолжителна програма-разглед на Будимпешта, Прага, Дрезден и Виена.
  • Влезница за:
    • Прашкиот замок
  • Локални професионални водичи за Будимпешта, Прага, Дрезден и Виена

     ( српски или англиски јазик), 1 водич по автобус

  • Ноќно крстарење во Прага
  • Забава во дискотека (влезница и 1 пијалок).
  • Задолжително патничко осигурување
  • Организација и водство на патувањето

 

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Влезници во културно историските споменици кои не е одбележано дека се вклучени во програмата со влезница
  • Плаќање на евентуални штети доколку се случат во хотелот
    (за направената штета трошоците ги сноси лицето кое ја направило штетата)

Повратен депозит за евентуална штета во хотелот 20 евра по особа

Сподели со пријателите: