+389 46 255 600, +389 72 255 600 08:00 - 20:00
3

Галерија

Програма на патувањето

Венеција, Фиренца,Пиза,Милано,Лугано, Верона,Сплит

(со автобус - 6 дена / 3 ноќевања)

ПРОГРАМА

 

ПРВ ДЕН 

Поаѓање за Венеција, Р. Италија .

Патот води преку Србија, Хрватска и Словенија.

 

ВТОР ДЕН  

Пристигнување во Венеција во утринските сати.

Полудневен разглед на Венеција со локален овластен водич. Венеција е главен град на регионот Венето во североисточна Италија. Изградена е на 118 мали острови во устието на реката Бренте во венецијанскиот залив. Позната е и како „град на каналите“.Венеција има над 170 канали по кои пловат гондоли,чамци, мали параброди и моторни бродови. Најголем е Големиот канал  на кој се наоѓа познатиот мост „Ријалто“, а околу 380 помали и поголеми мостови служат за премин преку каналот.

Организирана прошетка со брод - vaporetto по лагуната, а потоа панорамски разглед на: Плоштадот и Црквата Св. Марко, Дуждевата Палата, Мостот на Воздишките, Саат Кулата, Прокуратите, Црква Св. Јован и Павле, Каналот Гранде и Мостот Риалто.

После разгледот, патот продолжува за Фиренца (Монтекатини)

Пристигнување во хотел во вечерните часови, вечера и ноќевање.

Слободна вечер за одмор.

 

ТРЕТ ДЕН 

Појадок , одјавување од хотел и поаѓање за Пиза.

Панорамски разглед на Пиза, посета на Кривата кула, Катедралата и Крстилницата.

После разгледот, патувањето продолжува за Фиренца,  градот е познат како „Бисерот на Ренесансата“.

Разгледување на Фиренца со локален овластен водич.

Посета и влез во: Катедралата Санта Марија дел Фиоре. И Куќата на Данте Алигиери.

Панорамски се разгледуваат: палатата Медичи Рикарди,  Музејот на Микеланџело, Плоштадот Деи Миракол, Крстилницата Сан Џовани, Палатата и Мостот Векио, Базиликата Дуомо, Плоштад Сињори.

Поаѓање за Гарда.

Пристигнување во Гарда  во вечерните часови.

Сместување во хотел , вечера.

Забава во дискотека со платена влезница и еден пијалок.

 Ноќевање во хотелот.

 

ЧЕТВРТИ ДЕН 

Појадок, Поаѓање за Милано.

После разгледот враќање во Милано и панорамски разглед на градот (со локален овластен водич), со посета на Катедралата Дуомо, Галеријата Виторио Емануеле, Миланската скала, Замокот Сфорцеско и др.

Полудневен излет до езерото Комо и Лугано (Швајцарското Монте Карло) со локален овластен водич.

Враќање во хотел , вечера и слободна вечер или забава во хотелот.

Во барот од хотелот може да се организира забава во договор учениците и професерите.

Ноќевање

 

ПЕТТИ ДЕН 

Појадок.

Одјавување од хотел и поаѓање за Верона.

Панорамски разглед на Верона со локален овластен водич, посета на Арената, Плоштадите Бра, Ебре,Сињори, Замокот Вито. Посета со влезница во Куќата на Ромео и Јулија. 

После разгледот поаѓање за познатиот шопинг центар Палманова.

Слободно време за индивидуални активности.

Во доцните вечерни саати, поаѓање за Македонија.

Ноќно возење со попатни одмори.

 

ШЕСТИ ДЕН 

Враќање за Македонија преку Словенија, Хрватска, БИХ, Црна Гора и Албанија. Патување по познатата јадранска магистрала  со попатни одмори од кои еден поголем одмор и  организирана прошетка во Сплит.

Патување и влез во Македонија преку граничниот премин Ќафасан.

Пристигнување во вечерните часови.

 

 

 

 

 

 

 

Забелешка

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со туристички автобуси од превозникот А.Д.Галеб – Охрид, со по два возачи на наведената релација по програмата, автобусите се климатизирани, со аудио и видео опрема.
  • Сместување во хотел 3* Монтекатини и хотел 3* во Garda,  во 1/3 и 1/4 соби за учениците и 1/2 соби за професорите, на база полу пансион (3 ПП ), доручек шведска маса (избор од неколку видови солени и благи јадења) и вечера со мени: предјадење, главен оброк, десерт .

    

Понудените хотели располагаат со  (двокреветни, трокреветни и четворокреветни соби), опремени со купатило-тоалет, фен, мини бар, сателитска телевизија,безжичен интернет, и др.

  • Задолжителна програма-разглед со овластени локални водичи на Венеција, Фиренца, Пиза, Лугано, Милано, Верона.
  • Влезници за: Катедралата Санта Марија дел Фиоре, Куќата на Данте Алигери, Куќата на Ромео и Јулија.
  • Локални професионални водичи ( српски или англиски јазик)-1 водич по автобус за:

      Венеција , Фиренца, Лугано, Милано и Верона .

  • Прошетка (превоз) со Вапорето во Венеција.
  • Забава во дискотека со вклучена влезница и еден пијалок.
  • Паркинзи и задолжителни трошоци за влез во градовите за автобусите (ZTL Bus , check point).
  • Задолжително патничко осигурување.
  • Организација и водство на патувањето.

 

В­­­­­­о цената на аранжманот не е вклучено:

  • Влезници во културно историските споменици кои не е одбележано дека се вклучени во програмата со влезница.
  • Плаќање на евентуални штети доколку се случат во хотелот
    (за направената штета трошоците ги сноси лицето кое ја направило штетата)
    • Повратен депозит за евентуална штета во хотелите 20-30 евра по особа.

 

Сподели со пријателите: