+389 46 255 600, +389 72 255 600 08:00 - 20:00
5

Екскурзија Будимпешта, Златна Прага, Карлови Вари и Виена

 

Златниот град - Прага, според многумина еден од најубавите светски градови, град во кој што се чувствувате пoсебно. Од минатото Прага претставувала дестинација која не смее да се изостави. Од 1992, центарот, односно историскиот дел на градот е под заштита на УНЕСКО. Денес градот брои околу 1.2 милиони жители и претставува еден од најголемите не само културни туку општо центар на регионот во кој се наоѓа.

Една од најубавите и најатрактивни градби е Карловиот Мост на реката Влтава, којшто е изграден во 1357год. Од другите импозантни места е и Венцелсас плоштадот на којшто се случуваат големи градски прослави, музички концерти и настани. Тука се наоѓа и националниот музеј на Прага. Со првите чекори на Плоштадот на Стариот Град во Прага, ќе почувствувате како да се враќате назад во времето за околу 600 - 700 години. Со старата архитектура и прекрасните цркви, тој е еден од најубавите историски глетки во Европа. Уште во раниот 12-ти век, никнал како централен пазар во Прага. Во наредните неколку векови, многу згради од романскиот, барокниот и готскиот стил се изградиле околу пазарот, секоја од нив носејќи своја приказна, богати трговци и интрига. Овој плоштад се спомнува во многу значајни настани во историјата на овој град.

Најинтересните локации на Плоштадот на Стариот Град се Црквата на Нашата Господарка, Салата на Стариот Град со Астрономскиот Часовник и Црквата Св. Никола. Во центарот на Плоштадот се наоѓа статуата на реформаторот Јан Хус, изградена во 1915 година, со цел да означи 500 години од неговата смрт. Денес, Салата на Стариот Град во Прага претставува само мал дел од големиот комплекс на згради, кои датираат од 13-от до средината на 20-от век. Таа е изградена во 1338-та година и е видлив симбол на автономијата на градот, откако кралот Џон од Луксембург им одобрил на граѓаните од Прага да имаат свој локален градски совет. Луѓето од Стариот Град ја купиле куќата Волфин на самиот агол на плоштадот, за да претставува темел на Халата, а потоа други делови биле купени и додадени. Во средината на 14-от век, била додадена кула висока 70 метри. Подоцна, на кулата бил поставен астролошки часовник, како и статуа на Богородица во 1380-та година, која се наоѓа на самиот агол на плоштадот. Во 15-от век Градската Сала била проширена и реконструирана во готски стил. Јужната страна на Салата завршува со ренесансната куќа “Во моментот”, која била изградена во 1610-та година, а нејзината фасада била декорирана со орнаментални графити. Фамилијата на Франц Кафка живеела на вториот спрат на оваа зграда од 1889-та до 1896-та година. Во 19-от век било додадено источно крило со неоготски стил, за да биде уништено на крајот од втората светска војна. Кулата на Стариот Град во Прага е отворена за јавноста преку цела недела, а на неа посетителите до врвот се искачуваат со лифт, од каде можат да доживеат прекрасна глетка над целиот град. Зашеметувачката црква Св. Никола, која се наоѓа на Плоштадот на Стариот Град била дизајнирана од Килиан Игназ и комплетирана во 1735-та година. Таа ја заменила поранешната општинска црква, која била изградена дури во 1273-та година. Св. Никола е барокна црква, декорирана со скулптури од Антоин Браун. Таа е волшебна градба и е главен објект за концертите на класична мизука во Прага. За споредба со другите европски метрополи стапката на невработеност во Прага е само 3,4.

Галерија

Ценовник

Во цената на аранжманот е вклучено:

• Превоз со туристички автобуси со по два возачи на наведената релација по програмата

• Сместување во хотел во Прага, во 1/4, 1/3 соби за учениците и 1/2 за пратителите, на база полу пансион (3 ПП во Прага), доручек и вечера на шведска маса со избор од повеќе видови јадења.

• Задолжителна програма - разглед на Будимпешта Прага,Карлови Вари и Виена  

• Влезници за: Прашкиот замок

• Локални професионални водичи за Будимпешта, Прага, Карлови Вари, Виена (српски или англиски јазик), 1 водич по автобус.

• Ноќно крстарење во Прага

• Забава во дискотека (влезница и 1 пијалок).

• Задолжително патничко осигурување

• Организација и водство на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:

• Факултативните програми

• Влезници во културно историските споменици кои не е одбележано дека се вклучени во програмата со влезница

• Плаќање на евентуални штети доколку се случат во хотелот (за направената штета трошоците ги сноси лицето кое ја направило штетата)

• Повратен депозит за евентуална штета во хотелот 20 евра по особа.

Програма на патувањето

Екскурзија Будимпешта, Златна Прага, Карлови Вари и Виена

(со автобус - 6 дена / 3 ноќевања)

ПРОГРАМА:

ПРВ ДЕН

Состанок на учениците на автобуска станица. Поаѓање за Прага. Патот води преку Скопје, граничниот премин Табановце, Белград. Патувањето продолжува низ Војводина, се влегува во Унгарија, ноќно возење со попатни одмори.

ВТОР ДЕН

Утринско пристигнување во Будимпешта. Панорамски разглед на Будимпешта: Пешта - Споменикот на Милениумот, Операта, улиците Андраши, Ваци, Парламентот, црквата Св. Стефан, мостовите на Дунав... Будим - Цитаделата, Кралската палата, црквата на кралот Матејас, Рибарската тврдина... Поаѓање за Прага. Пристигнување во Прага во вечерните часови. Сместување во хотел. Вечера. Слободна вечер за одмор. Ноќевање.

ТРЕТ ДЕН

Појадок. Разглед на Прага: Посета на Прашкиот замок со професионален туристички водич (со влез). Панорамско разгледување на Стариот град: Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Карло IV, Кралскиот пат, Еврејскиот кварт, Париската улица, Старомајскиот плоштад со астрономскиот часовник - Орлој, црквата Лорето, Градската куќа, Прашката кула, Националниот музеј, Дворецот Храдчани, катедралата Св. Вито, Златната улица... Слободно време низ центарот на Прaга и посета на шопинг центар. Враќање во хотел, одмор Вечера Забава во дискотека

ЧЕТВРТИ ДЕН

Појадок. Целодневен излет во КАРЛОВИ ВАРИ. Поаѓање за Карлови Вари Разглед на Карлови Вари, најпознатиот бањски центар во Чешка, популарно одмаралиште на европската аристократија и културна елита од 19. век. Можност за посета на еден од 12те извори, прошетка покрај нео-ренесансните колонади, паркови, кафеани. Слободно време за индивидуални разгледи и ручек Собир на групата Поаѓање за Прага Враќање во Прага околу 18:00. Слободно време за одмор. Вечера После вечерата Kрстарење со брод по Влтава. Поаѓање од хотел Крстарење Враќање во хотелот Ноќевање.

ПЕТТИ ДЕН

Појадок, Одјавување од хотелот Поаѓање за Виена. Попатен панорамски разглед на Виена со професионални туристички водичи, разгледување на: Палатата Хофбург, Плоштадот Рингштрасе, Парламентот, Виенската опера, дворецот Белведере, забавниот парк Пратер... Слободно време за ручек и индивидуални разгледи. Тргнување за Македонија, Охрид околу 19:00 часот. Ноќно возење со попатни одмори.

ШЕСТИ ДЕН

Пристигнување во Охрид во пладневните часови.

Сподели со пријателите:
Златниот град - Прага, според многумина еден од најубавите светски градови, град во кој што се чувствувате пoсебно. Од минатото Прага претставувала дестинација која не смее да се изостави. Од 1992, центарот, односно историскиот дел на градот е под заштита на УНЕСКО." data-share-imageurl="">