+389 46 255 600, +389 72 255 600

08:00 - 16:00

*****
6
UAI
превоз

Хотелот се наоѓа во областа Tekirova, 17 км од Кемер и 70 од аеродромот во Анталија.

Вкупен број на соби 247 во главната зграда и 65 соби во анекс зграда. Стандардни соби (23м², една спална соба со француски кревет и софа кревет, едно купатило, макс.2 + 2 лица), Фамилијарни соби (33м², една спална соба, една дневна соба одделена со врата, едно купатило, макс.4 лица . Сите соби се со балкон, купатило со туш, фен за коса, клима која работи според временските услови, телефон, мини бар (безалкохолни пијалоци при пристигнување), сеф, керамички или тепих , сателитска ТВ и музички канали. И двата типа на соби можат да бидат во главната зграда или анекс.

Сé вклучено- шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, утрински и попладневни ужинки, вечера, ужина доцна во ноќта, локални алкохолни и безалкохолни пијалоци од 10.00 - 23.00 часот, бар на плажа од 10.00 – 16.00 часот се служат безалкохолни пијалоци и пиво. Не се вклучени: увезени пијалоци, специјални вина, сокови од свежо овошје, турско кафе, енергетски пијалоци, ресторани A’la Carte со резервација однапред и доплата , услуга во соба.

Главен ресторан со шведска маса, слаткарница, ресторан A’la Carte: Турски и рибен ресторан, барови низ хотелскиот комплекс, диско. Доктор, чување деца, перење и хемиско, фен за коса, телефон, факс, интернет, продавници со доплата.Wi-FI со доплата.

Хотелска приватна плажа, камчеста, со лежалки, чадори за сонце, пешкири за плажа бесплатно.

Отворен и затворен базен за возрасни и деца, три лигалици на вода, фитнес центар, сауна, турска бања, тениско игралиште, одбојка на плажа. Дополнително се наплаќа: осветлување на тениски терени, спортови на вода, SPA и Wellnes, билијард. Забавни програми во текот на денот, натпревари на базен и на плажа за возрасни и деца. Во вечерните часови, шоу програми. Мини клуб за деца.

Галерија

Ценовник

Пакет аранжмани со 6,7,8,9,10,11,12,13,14 ноќевања

Контактирајте не за целосна калкулација со наведен датум на патување.

vis/j

 

Сподели со пријателите: