GRANADA LUXERY RESORT – 5*
Положба:
►Хотелот е лоциран во Okurcalar, 30км од Аланија и 95км од аеродромот во Анталија.
Сместување:
►Вкупен број на соби 598 во главна зграда на 10 ката.
Стандардни соби (26-36м², една спална и купатило, макс. 2+2 лица),
Фамилијарни соби со поглед кон копно (65-75м², дуплекс, макс.2+2 лица), Фамилијарни соби со поглед кон море (65-75м², две спални соби одвоени со врата, едно купатило, макс.2+2 лица ), Тerrace вили (65-95м², макс.2+2 лица), Botanik суит (60-70м², две спални одвоени со врата, едно купатило, голема тераса, макс.6+1 лица), Езерски куќи (60-70м², со приватен базен пред овие куќи, макс 2 лица ). Сите соби се опремени со модерен мебел, купатило со када, туш, фен, клима сплит систем, телефон, мини бар (се надополнува со сокови, вода и пиво секој ден), сеф, сателитска ТВ и музички канали,
Wi-Fi интернет, влечки, паркет на под, балкон или тераса.
Услуга:
►Ултра Се вклучено–шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, утринска и попладневна ужина, сладолед и колачи во пекарата, храна за деца, вечера, полноќна ужина, A’la Carte ресторани со претходна резервација и само еднаш за време на престојот, свежо цедени сокови само за време на појадокот, сите локални и некои стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци. Луксузни и стари специјални пијалоци, услуга во соба, A’la Carte ресторани доколку користите повеќе од еднаш во текот на неделата, свежо цедени сокови во Витамин бар се наплатуваат.
Содржина:
►Главен ресторан со шведска маса, A’la Carte ресторани: турски, италијански, француски, кујна на далечниот исток, морски ресторан, лоби бар и ирскиот бар се 24 часа отворени, барови покрај базенот и на плажа, снек бар, диско бар, витамин бар. Доктор, чување деца, сервис за перење и пеглање, телефон, факс, интернет, фризер, продавници, rent a car се наплатуваат. Wi-fi интернет во главниот дел на хотел е бесплатен.
Плажа:
►Хотелска плажа, лежалки, чадори, пешкири и душеци не се наплатуваат. Павилјоните на плажа се наплатуваат и се користат со претходна резервација.
Спорт и забава:
►Отворени и затворени базени за возрасни и деца, аква парк, фитнес центар, Турска бања, сауна, парна бања, тениски игралишта, пинг понг. Cпортови на вода, Спа центар, куглање, билијард и осветлување на тениски терени , компјутерски игри се наплатуваат.
Забавни програми со професионален тим во текот на денот и вечерни шоу програми, жива музика, кино. Мини клуб за деца со специјални програми, мини диско и натпревари.
www.granada.com.tr