+389 46 255 600, +389 72 255 600 08:00 - 20:00
од 355
***
1
ALL
превоз
1

Овој хотелски комплекс е изграден 2008год. и се наоѓа наспроти хотелот Grand Plaza од кој го дели улица а гостите на овој хотел ја користат неговата песочна плажа. Растојанието од Сакала е 5км.

Хотелот има 199 соби, сите со купатило со туш кабина, фен,телевизор со сателитски канали,телефон, клима, интернет,   балкон.

Во склоп на хотелот има главен ресторан со тераса која гледа кон базентот, А Ла Карт Италијански ресторан ( Во Гранд Плаза хотелот )2 бара покрај базен и во лоби, дискотека (3 пати неделно ), интернет центар, игротека, менувачница, неколку продавници, сефови на рецепција

Галерија

Ценовник

GRAND PLAZA RESORT 4* ПОАЃАЊЕ  02.јул 09.јул 16.јул 23.јул 30.јул 06.авг 13.авг 20.авг 27.авг 03.сеп 10.сеп
Мемса ВРАЌАЊЕ  08.јул 15.јул 22.јул 29.јул 05.авг 12.авг 19.авг 26.авг 02.сеп 09.сеп 16.сеп
Се вклучено НОЌЕВАЊА / ДЕНОВИ 6н / 7д 6н / 7д 6н / 7д 6н / 7д 6н / 7д 6н / 7д 6н / 7д 6н / 7д 6н / 7д 6н / 7д 6н / 7д
ДВОКРЕВЕТНА СТАНДАРДНА СОБА возрасен 355 465 465 475 485 485 485 485 475 465 455
(2+2) 1 Дете 2-12,99 & 2 дете 2-5,99 225 225 225 225 225 225 225 225 225 225 225
  2 дете 6-12,99 345 345 345 350 355 355 355 355 350 345 340
  3 возрасен 325 435 435 445 455 455 455 455 445 435 425
(1+2) Доплата за 1/1 соба 65 120 120 125 130 130 130 130 125 120 115

 

Цените се дадени во евра.Плаќањето се врши во денарска противредност по курс 1 евро = 62 мкд.
За сите тековни попусти и промоции,за дадениот хотел,пратаете ја нашата Facebook фан страна и контактирајте не телефонски.
За дадената понуда важата општите услови за патување на СКТМ и Т.А.ВИС ПОЈ.
vis/j 

 

Програма на патувањето

01. ден    СКОПЈЕ – ХУРГАДА
Состанок на групата на аеродромот во Скопје 2 часа пред предвиденото време за лет. Директен лет за Хургада. Пристигнување на аеродромот во Хургада во утринските часови. Средба со претставниците на агенцијата и трансфер со автобус до резервираниот хотел. Доколку има можност за утринско превземање на собите, сместувањето ќе биде по пристигнување во хотелот, доколку нема, багажот се остава на рецепција, а се користат услугите наведени во ваучерот. Собите се превземаат по 14:00 часот.

од 01. до 06. ден     ХУРГАДА 
Денови за одмор и уживање во убавините на Црвеното Море со престој во хотели (со услуги по сопствен избор од каталогот) лоцирани во туристичките хотелски зони на Хургада. Можност за факултативни екскурзии во организација на локалната партнер агенцијата (крстарење со брод; нуркање; пустинско сафари; посета на Луксор и / или Каиро, итн...).

07. ден    ХУРГАДА – СКОПЈЕ
Напуштање на собите до 12:00 часот, или поинаку доколку хотелските правила го наложуваат тоа. Багажот се остава на рецепција и се користат услугите наведени во ваучерот. (За дневно користење на собите до времето за трансфер, доколку има можност, може да се доплати на рецепција) Слободно време за индивидуални активности до заминување на аеродромот во Хургада во вечерните часови. Предавање на багажот на аеродромот, два часа пред полетување. Директен лет за Скопје. Пристигнување во Скопје (наредниот ден)во раните утрински часови, или според претходно најавеното време.

Забелешка

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА
* 6 ноќевања на база наведената услуга.
* Авионска карта на релација Скопје – Хургада – Скопје со можност за чекиран багаж
* Организиран трансфер аеродром – хотел – аеродром во Хургада
* Организација на аранжманот

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА
* Аеродромски и административни такси во износ од 80еур
* Патничко здравствено осигурување
* Влезна виза за Египет - за МК пасоши се добива на лице место по пристигнување, потребни се 25усд, хотелска резервација и пасош со важност од минимум 6месеци.
* Факултативни екскурзии и други индивидуални трошоци.

 

 

Сподели со пријателите:
Овој хотелски комплекс е изграден 2008год. и се наоѓа наспроти хотелот Grand Plaza од кој го дели улица а гостите на овој хотел ја користат неговата песочна плажа. Растојанието од Сакала е 5км.

Хотелот има 199 соби, сите со купатило со туш кабина, фен,телевизор со сателитски канали,телефон, клима, интернет,   балкон." data-share-imageurl="">