+389 46 255 600, +389 72 255 600

08:00 - 16:00

  • AKKA ANTEDON HOTEL 

    Положба 
    Хотелот е лоциран во областа Белдиби, 15км од Кемер, 30км од центарот на Анталија и на 45км од аеродромот во Анталија. 

    Сместување
    Хотелот има вкупно 507 соби, распоредени во две главни згради, еден фамилијарен блок и 7 Вили. 
    Стандардни соби: 330 вклучувајки 12 поврзани соби и 5 соби за хендикепирани лица (30-42м², макс.3 лица)-една спална, едно купатило; 
    Супериор соби: 10 (во главна зграда, 42м², макс.3 лица)-една спална, едно купатило, ВИП статус-бањарка, бесплатно користење на еден A’la Carte ресторан, мини бар, кошница со овошје; 
    Јуниор суит: 4 (во главна зграда, 45м², макс.4 лица)-една дневна, спална и купатило. 
    Фамилијарни соби: 68 (во фамилијарен блок, 40-52м², макс.4 лица)-две спални одвоени со врата, едно купатило. 
    Дуплекс соби: 76 (во главна зграда, 52-63м², макс.4 лица)-две спални и две купатила. 
    Дуплекс суит: 10 (во главна зграда на подкровје, 61-98м², макс.4 лица) )-две спални и две купатила. 
    Кралски суит: 2 (278м²)-дневна, работна соба, спална, кујна, купатило, тераса со Џакузи. 

    Сите соби се со купатило со туш, када, фен, бањарка, централна клима која работи според временските услови, телефон, мини бар (вода, минерална вода, сокови и пиво, се дополнува секој ден), сет за кафе и чај, сеф, Wi-Fi интернет (мала брзина), сателитска ТВ и музички канали, балкон. 

    Услуга 
    Ултра Се вклучено-пијалок за добродојде и миризливи крпи на пристигнување, шведска маса за појадок, доцен појадок, утринска ужина, ручек, попладневна ужина, колачи, вечера, полноќна закуска, можност за бебешка храна на барање, сите локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, топли напитоци, свежо цедени сокови само за време на појадокот, фрижидери со сокови и вода во целиот хотелски комплекс. Премиум пијалоци, специјални вина, шампањско, свежо цедени сокови (освен за појадок), енергетски напитоци, флаширани пијалоци, услуга во соба, A’la Carte ресторани со претходна резервација, дополнително се наплаќаат. 

    Содржини 
    Главен ресторан-Divan со шведска маса, A’la Carte ресторани-(Safran-Турска кујан, Gulet-рибен ресторан, Olive-Италијанска кујна, Pasha-Француска кујна- францускиот ресторан прифаќа деца само еднаш неделно), барови околу хотелскиот комплекс. Доктор, чување деца, перална и хемиско чистење, продавници, телефон, факс, интернет, компјутерски игри, фризер, rent a car, дополнително се наплаќаат. 

    Плажа 
    Хотелска приватна плажа со песок и камчиња. Лежалки, чадори за сонце и пешкири за плажа не се наплаќаат. Павиљони на плажа со резервација и дополнително се наплаќаат. 

    Спорт и забава 
    Отворени и затворени базени за возрасни и деца, лизгалици на вода, фитнес центар, Турска бања, сауна, тениски игралишта, кошарка, одбојка на плажа, мини фудбал, пинг понг, не моторизирани спортови на вода. Дополнително се наплаќаат-Велнес и Спа центар, масажа, осветлување на тениски игралишта и опрема за тенис, моторизирани спортови на вода и билијард. Забавни програми во текот на денот, натпревари покрај базен и на плажа, вечерни шоу програми, кино и жива музика. Мини клуб за деца од 7-12 год. со посебно обучен персонал, базен за деца, игротека, кино. 

Галерија

Ценовник

✈️ ДИРЕКТЕН ЧАРТЕР ЛЕТ од СКОПЈЕ ! ✈️

Пакет програма 
 

Контактирајте не за целосна калкулација со наведен датум на патување.

 

 

vis/j

Сподели со пријателите:
Положба 
Хотелот е лоциран во областа Белдиби, 15км од Кемер, 30км од центарот на Анталија и на 45км од аеродромот во Анталија. 

Сместување
Хотелот има вкупно 507 соби, распоредени во две главни згради, еден фамилијарен блок и 7 Вили." data-share-imageurl="">