+389 46 255 600, +389 72 255 600

08:00 - 16:00

2

CRYSTAL AURA BEACH RESORT & SPA 

Положба 
Хотелот е лоциран во центарот на Кемер, 55км од аеродромот во Анталија. 

Сместување
Вкупен број на соби 501 во два главни блока и 9 Апарт блокови во градина. 
Стандардни соби (24м², макс.2+1 лица)-една спална и едно купатило, 
Стандардни соби со кревети на спрат (24м², макс.2+2 лица)-една соба со француски кревет и кревети на спрат и едно купатило. 
Јуниор Суит terrace соби (24м²,макс.2 лица, во градината, на поткровје)-една спална, едно купатило, голема тераса, 
Фамилијарни соби со кревети на спрат (38м², макс.4+1 лица, во главна зграда)-француски кревет во едната спална, во втората спална кревети на спрат, едно купатило. 

Сите соби се со купатило со туш, фен, клима сплит систем, телефон, мини бар (вода и сокови, се дополнува секој ден), сеф, ламинат или плочки на подот, Wi-Fi интернет конектица, сателитска ТВ и музички канали, балкон. 

Услуга 
Ultimate Се вклучено-шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, утринска и попладневна ужина, колачи, чај, кафе, вечера, полноќна закуска, сите локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, A’la Carte ресторани со претходна резервација и само еднаш за време на престојот (не е дозволен влез на деца под 7 год.). Дополнително се наплаќаат-увозни пијалоци, сите флаширани пијалоци, свежо цедени сокови, енергетски напитоци, услуга во соба, A’la Carte ресторан-Octopus, увозни пијалоци помеѓу 01:00-10:00 часот. 

Содржини 
Главен ресторан Caretta со шведска маса, A’la Carte ресторани (Octopus-морска храна, Roma-Италијанска кујна, La Fiesta-Мексиканска кујна), бар на плажа, лоби бар. Доктор, перална и хемиско чистење, продавници, чување деца, фризер, телефон, факс, интернет и компјутерски игри, rent a car, дополнително се наплаќаат. 

Плажа 
Хотелска плажа, со камчиња. Лежалки, чадори за сонце и пешкири за плажа не се наплаќаат. 

Спорт и забава 
Отворени и затворени базени за возрасни и деца, лизгалици на вода, фитнес, Турска бања, сауна, тениски игралишта, кошарка, мини фудбал, одбојка на плажа, пинг понг. Спортови на вода, осветлување на тениски игралишта и опрема за тенис, Спа центар, масажа, билијард и компјутерски игри. Забавни програми во текот на денот, шоу програми во вечерните часови. Мини клуб за деца Krispy Kids World од 4-12 год. 

Напомена: Хотелот е реновиран 2015 год. 

www.crystalhotels.com.tr

Галерија

Ценовник

Пакет аранжмани со 6,7,8,9,10,11,12,13,14 ноќевања

Контактирајте не за целосна калкулација со наведен датум на патување.

vis/j

Сподели со пријателите: