08:00 - 16:00
FAME RESIDENCE GOYNUK
Положба
Хотелот е лоциран во областа Гојнук, 10км од Кемер и 40км од аеродромот во Анталија.
Сместување
Вкупен број на соби 257, во два блока.
Стандардни соби (18-22м², макс.2+2 лица)-една спална и едно купатило,
Фамилијарни соби (25м², макс.4 лица)-една голема соба и едно купатило, поглед на планина или на базен.
Опремени се со купатило со када и туш, фен, централна клима која работи според временските услови, телефон, мини бар (вода и сокови), сеф, тепих на подот, сателитска ТВ и музички канали.
Услуга
Fame Style Се вклучено-шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, попладневна ужина, полноќна супа, сите локални алкохолни и безалкохолни пијалоци до 24:00 часот. Дополнително се наплаќаат-сите увозни пијалоци, свежо цеден сок, флаширани пијалоци, A’la Carte ресторани со претходна резервација, услуга во соба, храна и пијалоци после 24:00 часот.
Содржини
Главен ресторан со шведска маса, A’la Carte ресторани, снек бар покрај базен, лоби бар, бар на плажа, English паб, Диско бар на плажа. Продавници, доктор, сеф, чување деца, перална и хемиско чистење, телефон, факс, интернет и компјутерски игри, rent a car, дополнително се наплаќаат. Wi-Fi интернет во лоби е бесплатен.
Плажа
Хотелска плажа на 90м од хотелот (има улица), со камчиња. Чадори за сонце, душеци на плажа и пешкири за плажа не се наплаќаат.
Спорт и забава
Отворени базени за возрасни и деца, лизгалица на вода, фитнес, сауна, Турска бања, Џакузи, тениски игралишта, мини фудбал, пинг понг. Осветлување на тениски игралишта, масажа, билијард, спортови на вода, дополнително се наплаќаат. Забавни програми во текот на денот и вечерните часови. Мини клуб за деца.