+389 46 255 600, +389 72 255 600

08:00 - 16:00

од 29
***
1
BB
превоз
4

Хотел ГАЛЕБ** - одалечен е околу 300 метри од песочната плажа во Чањ, долга 1.500 метри, која се смета за една од најубавите во Црна Гора. Хотелскиот комплекс се состои од главна зграда и депанданс на хотелот, кој е изграден неодамна и рангиран е со 3 *.

Квалитетното сместување , љубезниот персонал и исклучително вкусната медитеранска храна, го прават хотел Галеб омилено место за одмор веќе 26 години.
Хотелот располага со 2 двокреветни и 17 трокреветни соби.. Депандансот на хотелот располага со 12 трокреветни, 11
четворокреветн соби и 3 дуплекс апартмани кои се состојат од две одвоени соби со 5 лежаи, купатило и голема тераса. Секоја соба во хотелот и депандансот има клима уред ( вклучен во цената), и тераса (освен 4 соби во главната зграда кои се без тераса), мини бар. фрижидер,купатило со одновен прибор и фен, бесплатен WiF, TV.  Во депандансот се наоѓа и мини маркет, како и кафич за брза храна . На барање може да се добие и детско креветче, кое не се наплатува. Собите се листат секојдневно, пешкирите се менуваат секој втор ден, а постелнината по потреба.

Во прекрасната атмосфера на отворената ресторанска тераса со поглед на море, хотелто Галеб нуди разни јадења од домашната кујна со сите мириси и вкусови на медитеранското поднебје. Гостите со анкета бираат едно јадење од денес за утре (избор од две јадења). Појадокот е универзален и е од медитерански тип.. Секој втор ден со ручекот се служи десерт , а со вечерата предјадење.
Хотелот има обезбеден паркинг за своите гости, кој дополнително не се наплатува.
 

Галерија

Ценовник

Термин

01.05-31.05.

01.06-30.06.

01.07-31.08.

01.09-30.09.

Цена по лице на ден со вклучени појадок и вечера

29

35

46

35

НАПОМЕНА: смените почнуваат со вечера, завршуваат со појадок -се одбира едно јадење по анкета, денес за утре (избор од две јадења).

 

Цената на аранжманот вклучува:
- сместување во соба, на база полу пансион (појадок и вечера)

.
Цената на аранжманот не вклучува:
- превоз
- туристичка такса која се плаќа на лице место: деца до 18 год. 0.5 евра дневно,  возрасни 1 евро дневно

Попусти:
- деца до 4 год. - ГРАТИС (во заеднички кревет со двајца возрасни)
- деца 4-12 год. во сопствен кревет плаќаат 70% од цената
 

Цените се дадени во евра.Плаќањето се врши во денарска противредност по курс 1 евро = 62,00  мкд.

За сите тековни попусти и промоции,за дадениот хотел,пратаете ја нашата Facebook фан страна и контактирајте не телефонски.

За дадената понуда важата општите услови за патување на СКТМ и Т.А.ВИС ПОЈ. 

 

vis/ј/sm

Сподели со пријателите: