+389 46 255 600, +389 72 255 600

08:00 - 16:00

2

LARISSA SULTAN’S BEACH 

Положба 
Хотелот е лоциран во областа Camyuva, 8км од центарот на Кемер и 65км од аеродромот во Анталија. 

Сместување
Вкупен број на соби 137. Сите соби се стандардни, (макс.2+1 лица), опремени со купатило со туш и фен, клима сплит систем, мини бар (се наплаќа), сеф (се наплаќа) телефон, сателитска ТВ и музички канали, плочки на подот, балкон. 

Услуга 
Се вклучено-шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, попладне чај, локални алкохолни и безалкохолни пијалоци од 10.00-22.00ч, сокови во барот на плажа од 10,00-17.00ч. Дополнително се наплаќаат-сите увозни пијалоци, свежо цедени сокови, флаширани пијалоци, сладолед, Турско кафе, храна и пијалоци после 22.00ч., пијалоци во Диско клуб. 

Содржини 
Главен ресторан со шведска маса, лоби бар, бар покрај базен. Доктор, перална, телефон, факс, интернет и компјутерски игри, дополнително се наплаќаат. 

Плажа 
Хотелска плажа, со камчиња, на 50м. од хотелот. Лежалки на плажа, чадори за сонце и пешкири за плажа не се наплаќаат. 

Спорт и забава 
Отворен базен за возрасни и деца, лизгалица на вода, Турска бања, сауна, гимнастика, одбојка на плажа, пинг понг. Спортови на вода, масажа, школа за нуркање, билијард и компјутерски игри, дополнително се наплаќаат. Забавни програми во текот на денот и во вечерните часови. Мини клуб за деца. 

www.larissahotels.com

Галерија

Ценовник

Пакет аранжмани со 6,7,8,9,10,11,12,13,14 ноќевања

Контактирајте не за целосна калкулација со наведен датум на патување.

vis/j

Сподели со пријателите: