+389 46 255 600, +389 72 255 600

08:00 - 16:00

Хотелот е лоциран во областа Белдиби, 25км од Анталија, 17км од Кемер и 35км од аеродромот во Анталија.

Вкупен број на соби 560, распоредени во главна зграда, во делот од Градината и Вили. Услугата зависи од типот на сместување.

Privileged life Standard Concept: мини бар кој се дополнува секој ден со алкохолни и безалкохолни пијалоци, кошница со овошје во секоја соба, 24 часа услуга во соба (се наплаќа), бањарка, папучи, електрилен бокал, сет за кафе, Wi-Fi интернет, A’la Carte ресторани (се наплаќаат). Гостите кој го користат овој тип на услуга, можат да бидат сместени во:
Стандардни соби во Главна зграда или во делот од Градината, вкупно 215 соби (33м², макс.3 лица)-една спална и едно купатило,
Супериор соби: 45 (33м², макс.3 лица)-повеќето се со поглед на море, со една спална, едно купатило и тераса со поглед на море, градина или базен,
Фамилијарни соби: 94 (51м², макс.4 лица)-две спални, едно купатило, поглед на море, градина или базен.

Privileged life VIP 2 Concept: мини бар, сите локални и увозни ексклузивни пијалоци, бесплатни A’la Carte ресторани (освен Steak House, Teppanyaki, Sea food и Crystal VIP), услуга во соба од 11.00-18.00 часот (од 18.00-11.00 се наплаќа), перална, Bulgari сет во соба, бањарка и папучи, овошје, цвеќе, колачи, весници, електричен бокал, сет за кафе и чај, espresso машина, ДДВД и CD колекција, Wi-Fi интернет. Гостите кој го користат овој тип на услуга, можат да бидат сместени во:
Lagoon Beach вили: 8 (во прв ред, 42м², макс.3 лица)-една спална, едно купатило, една софа, двојна тераса,
Lagoon Вили: 50 - само за возрасни и Garden Вили (46) -само за возрасни (42м², макс.3 лица)-една спална, едно купатило, две софи, тераса со поглед на градина или базен,
Lagoon Фамилијарни суити: 18 (65м², макс.4 лица)-две спални со тераса, две купатила, поглед на базен или градина,
Lagoon Делукс суит: 40 (56м², макс.3 лица)-една спална со тераса, една дневна со тераса, мини кујна, едно купатило, поглед на базен или градина.

Privileged life VIP 1 Concept: приватен трансфер од/до хотел-аеродром, брзо пријавување во хотел, 24 часа ексклузивен A’la Carte ресторан и бар, мини бар, сите локални и увозни пијалоци, еднаш неделно бесплатен A’la Carte ресторан, услуга во соба од 11.00-18.00ч., перална, Bulgari сет во соба, бањарка и папучи, овошје, цвеќе, колачи, весници, електричен бокал, сет за кафе и чај, espresso машина, ДДВД и CD колекција, Wi-Fi интернет. Гостите кој го користат овој тип на услуга, можат да бидат сместени во:
Deluxe Beach суит: 6 (во прв ред, 86м², макс.3+1 лица)-една спална, една дневна, едно купатило, голема тераса, поглед на базен,
Lagoon луксузни вили: 11 (86м², макс.4 лица)-две спални, две купатила, една дневна, голема тераса, поглед на базен или градина,
Lagoon Делукс Фамилијарни суити: 18 (90м², макс.5+1 лица)-две спални со тераса, дневна со тераса, две купатила, поглед на базен или градина.

Privileged life Тор VIP Concept: приватен трансфер од/до хотел-аеродром, брзо пријавување во хотел, 24 часа ексклузивен A’la Carte ресторан и бар, павиљони на платформата, мини бар во павиљоните, соблекувални на платформата, приватен базен со Џакузи, мини бар, овошје, чоколадо, колачи, локум, сите локални и увозни пијалоци, 24 часа услуга во соба, перална, Bulgari сет во соба, бањарка и папучи, весници, електричен бокал, сет за кафе и чај, espresso машина, ДДВД и CD колекција, Wi-Fi интернет. Гостите кој го користат овој тип на услуга, можат да бидат сместени во:
Grand Deluxe Beach суит: 2 (во прв ред на плажа, 129м², макс.5+1 лица)-две спални, соблекувална, дневна соба, трпезарија, мини кујна, две купатила, две големи тераси, батлер услуга, поглед на море или базен,
Royal Duplex Beach вили: 6 (во прв ред на плажа, 152м², макс.5+1 лица)-вила на два ката, две спални и две тераси на вториот кат, дневна, трпезарија, кујна, спална со купатило, две тераси на првиот кат, батлер услуга, поглед на море или базен,
Nirvana вила: 1 (400м², на плажа, макс.5+1 лица)-вила на два ката, две спални, две купатила, соблекувална, две тераси на вториот кат, две спални, две купатила, соблекувална, дневна, трпезарија, мини кујна, тераса на првиот кат, приватен базен, батлер услуга, парна бања, Турска бања и сауна.

Privileged life-24 часа храна и пијалоци, шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, ужина во утринските и поплдневните часови, вечера, полноќна закуска, сите локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, сладолед, свежо цеден сок во Natural бар. Дополнителном се наплаќаат-ексклузивни увозни пијалоци како старо виски и коњак, увозно шампањско, флаширани пијалоци, специјални стари вина, наргиле, A’la Carte ресторани со претходна резервација (не е дозволено за деца под 7 год.), цугари, услуга во соба од 07:00-00:00 часот.

Главен ресторан Samsara со шведска маса, осум A’la Carte ресторани (Mermaid-морска храна, La Serenata-Медитеранска кујна, Ginger-Далечен Исток, El Parador-Мексиканска кујна, Bosporus Ottoman-Турска кујна, Pravda-Руска кујна, Welldone-steak house, есклузивен A’la Carte ресторан ), барови околу хотелскиот комплекс, Диско клуб. Доктор, чување деца, перална и хемиско чистење, телефон, факс, компјутерски игри, фризер, продавници, rent a car, дополнително се наплаќаат. Беспалтен Wi-Fi интернет до 56Kbps.

Хотелска плажа со песок и камчиња. Лежалки, чадори за сонце и пешкири за плажа не се наплаќаат.Приватните павиљони дополнително се наплаќаат.

Хотелот има 14 отворени и затворени базени за возрасни и деца, еден базен со морска вода, Аква парк за возрасни и деца, фитнес, Турска бања, сауна, парна бања, тениски игралишта, одбојка, кошарка, пинг понг, одбојка на плажа. Спортови на вода, масажа, Спа центар, школо за нуркање, осветлување на тениски игралишта и опрема за тенис, куглање, билијард, компјутерски игри, дополнително се наплаќаат. Забавни програми, натпревари и вечерни шоу програми. Мини клуб за деца од 4-12 год. со програма и аниматори.

www.crystalhotels.com.tr

Галерија

Ценовник

Пакет аранжмани со 6,7,8,9,10,11,12,13,14 ноќевања

Контактирајте не за целосна калкулација со наведен датум на патување.

vis/j

 

Сподели со пријателите: