+389 46 255 600, +389 72 255 600 08:00 - 20:00
од 472
*****
7
UAI
превоз

QUEEN’S PARK GOYNUK 

Положба 
Хотелот е лоциран во областа Гојнук, на 6км од Кемер, 46км од аеродромот во Анталија. 

Сместување
Вкупен број на соби 475 во главна зграда и Клубски соби. Хотелски Стандардни соби 157 (27м², макс.2+1 лица), хотелски Фамилијарни соби 38 (30м², макс.2+2), Клубски стандардни соби 232 (27м², макс.2+1 лица), Клубски фамилијарни соби 48 (31м², макс.2+2 лица). Сите соби во главна зграда се со купатило со када, фен, централна клима која работи според временските услови, телефон, мини бар, сеф, сателитска ТВ и музички канали, тепих на подот, балкон. Клубските соби се со купатило со туш, фен, клима сплит систем, телефон, мини бар, сеф, сателитска ТВ и музички канали, плочки на под и балкон. 

Услуга 
Ултра Се Вклучено-шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, ужина, попладне колачи, вечера, полноќна закуска, сите локални и некој увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, A’la Carte ресторани со резервација. Дополнително се наплаќаат специјални увозни пијалоци, специјални вина, пијалоци во лоби бар од 02.00-08.00 часот, свежо цедени сокови, организација на приватни забави. 

Содржини 
Главен ресторан со шведска маса, A’la Carte ресторани, бар на плажа, Диско бар, лоби бар. Доктор, чување деца, сервис за перење и пеглање, телефон, факс, интернет, продавници, компјутерски игри, фризер, rent a car, дополнително се наплаќаат. 

Плажа 
Хотелска плажа со камчиња. Лежалки, чадори за сонце и пешкири за плажа не се наплаќаат. 

Спорт и забава 
Отворени и затворени базени за возрасни и деца, лизгалици на вода, фитнес, Турска бања, сауна, тениски игралишта, кошарка, одбојка, пинг понг, одбојка на плажа. Спортови на вода, осветлување на тениски игралишта и опрема за тенис, Велнес центар, школа за нуркање, дополнително се наплаќаат. Забавни програми во текот на денот, натпревари на плажа и покрај базен, специјални програми и вечерни шоу програми. Мини клуб за деца. 

www.qprhotels.com

Галерија

Ценовник

Контактирајте не за целосна калкулација со наведени датуми на патување.

Сподели со пријателите: