+389 46 255 600, +389 72 255 600

08:00 - 16:00

*****
6
UAI
превоз

Положба
Хотелот се наоѓа во регионот Белек - Kadriye на 900м од морскиот брег и 25 км од аеродромот.

Сместување
Вкупен број на соби 315 во три блока. Стандардни соби (24m²; една спална соба со француски кревет + еден единечен кревет, една бања, макс.2 + 2лица) Фамилијарни соби (35м², две спални соби поделени со врата, една бања, max4 лица) Фамилијарни suit соби (47м², две спални соби поделени со врата, мал тросед, една бања, максимум.4лица). Сите соби се со балкон, купатило со туш кабина или када, фен за коса, централен систем за климатизација кои работат според временските услови,директен телефон, тепих на подот, мини бар (вода и, безалкохолни пијалоци кои се надополнуваат секој ден), сеф, сателитска ТВ и музички канали.

Услуга
Ултра се вклучено – шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, попладневна ужина, вечера и доцни закуски, сите локални алкохолни и безалкохолни пијалоци, стандардни увезени алкохолни пијалоци,бар на плажа од 08.30 - 17.30 часот. Дополнително се наплатува: Луксузни увезени пијалоци, свеж овошен сок, специјални вина, сите флаширани пијалоци, услуга во соба, енергетски пијалоци, ресторани А-ла-карт (освен првата посета на рибниот ресторан) се со претходна резервација еднаш за време на престојот со доплата.

Содржина
Главен ресторан за услугата шведска маса, ресторани А-ла-карт - медитерански ресторан од Далечниот исток,турски и рибен ресторан, барови на различни места околу хотелскиот комплекс. Трговски центар, фен за коса, доктор,бебиситер, перална,хемиско чистење, салон за убавина, изнајмување автомобил, телефон, факс, интернет и компјутерски игри, се доплаќаат плус. Интернет-врската во лобито и на плажа е бесплатна.

Плажа
Приватна плажа на хотелот, 900 метри од хотелот, песочна плажа, пешкирите, душеци и чадорите за сонце се бесплатни. Има превоз до плажата кој е бесплатен од 08,00 - 19,00 часот.

Спорт и Забава
Надворешни и затворени базени, базени за деца, три лизгалки со вода за возрасни и пет лизгалки за деца, фитнес центар, сауна, турска бања,џакузи, тениско игралиште,пинг-понг, одбојка и кошарка се бесплатни. Се доплаќа: осветлување за тениски терени, опрема, лекции, масажа, СПА и центар за убавина, спортови на вода, часови за нуркање. Забавни програми за возрасни во текот на денот и шоу програми во вечерните часови. Постои и мини клуб за деца од 04 - 12 и јуниорски клуб од 13 - 17 години.

Галерија

Ценовник

Пакет аранжмани со 6,7,8,9,10,11,12,13,14 ноќевања
Контактирајте не за целосна калкулација со наведен датум на патување.

vis/j

Сподели со пријателите:
Положба
Хотелот се наоѓа во регионот Белек - Kadriye на 900м од морскиот брег и 25 км од аеродромот.

Сместување
Вкупен број на соби 315 во три блока. Стандардни соби (24m²; една спална соба со француски кревет + еден единечен кревет, една бања, макс." data-share-imageurl="">