+389 46 255 600, +389 72 255 600 08:00 - 20:00
****
3
BB
превоз
Истанбул е град на легенди и историја. Значаен по тоа што се наоѓа на два континенти: во Европа и дел од Азија.
Заплискуван од водите на синиот Босфор, Истанбул маѓепсува со својот раскош од кој никој не може да остане рамнодушен.
Бил метропола 2600 години, што значи подолго од било која друга метропола во светот - град кој своевремено бил престолнина на 
три последователни империи – Римската, Византиската и Отоманската, од која се  чуствува неговата големина и импозантна убавина и денес. 
Истанбул е неисцрпна дестинација. Доколку одлучите да уживате во раскошот на Босфорот и да ги допрете ремек-делата на најдобрите
средновековни архитекти, поклонувајќи се на големината на Православието во Византија, да ги вкусите традиционалните јадења на турските
и европски кујни, купување во бутици од светски брендови и локални пазари -  Добредојдовте во Истанбул. 

Галерија

Ценовник

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 6140 ДЕНАРИ

Програма на патувањето

ПРОГРАМА:

09 Март – ОХРИД – ИСТАНБУЛ

Состанок на групата на автобуска станица - Охрид во 18 часот. Поаѓање за Турција во 18:30 часот. Патот води преку граничниот премин Меџитлија и Република Грција. Ноќно патување со попатни застанувања и одмори спрема потребите на групата и договорно.

10 Март  - ИСТАНБУЛ пристигнување

Пристигнување во претпладневните часови. Посета на најголемиот трговски центар Форум и *ФАКУЛТАТИВНА посета на надалеку познатиот аквариум Туркуазоо. Околу пладне, сместување во хотел, во близина на Ак Сарај. Краток одмор. Во попладневните часови, можност за посета на Капали Чаршија и Плоштадот Таксим. *ФАКУЛТАТИВНА посета на Сафир –највисоката зграда во Истанбул каде со 4Д проекција има единствено доживување на Истанбул. Ноќевање.

11 Март  - ИСТАНБУЛ  разглед со локален водич

Појадок. (факултативно) *КРСТАРЕЊЕ со брод по Босфор, панорамски разглед на палатите од двете страни на каналот и мостовите кои ги поврзуваат - Европа и Азија. *ПОСЕТА на палатата Долма Бахче Сарај - последната резиденција на Отоманскиот Султан која содржи музејска збирка со непроценливо богатство. До 1922 год. служел како резиденција на Отоманскиот Султан, а по 1922 год. во него живеел Кемал Ататурк. *РАЗГЛЕД на градот со професионален локален водич (факултативно): Хиподромот (кој некогаш служел за коњски трки, денес е меморијален плоштад со обележја од минатото), Сината џамија (изградена на почеток на XVII век од страна на познатиот архитект Мехмед-Ага воедно и последна импресивна градба на отоманската религиска архитектура...
Единствена џамија во Истанбул и Турција која има шест минариња), Аја Софија (најпозната градба во Истанбул која е изградена во време на владеењето на Јустинијан и била најголема црква во Византиското царство, подоцна е претворена во џамија...) палатата Топ Капи – музејот каде што се наоѓа мечот нa прорoкот Мухамед, некогашното главно седиште на Османлиската империја, изграден во времето на Султан Мехмед II...По разгледот, слободно време за одмор и индивидуални активности.

Вечерта (факултативна) *ВЕЧЕРА во традиционален ресторан со комплетно мени и програма. Ноќевање.

12 Март  - ИСТАНБУЛ – ОХРИД

Појадок. Поаѓање за Македонија. Попатно посета на интересен шопинг центар на излез од Истанбул (4 часа). Патот води
преку Грција со ноќно возење и попатни одмори. Пристигнување во Охрид, во раните утрински часови.

Забелешка


 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО

- Превоз со туристички автобус на наведената релација

- Сместување во хотел со 4****, 2 ноќевања со појадок

- Организиран панорамски разглед на Истанбул со водич

- Организација на аранжманот и придружник на патувањето

- Патничко осигурување

 

- Факултативна посета на Аквариумот- 15 евра и кулата Сафир  20 евра

- Факултативно: Долма Бахче Сарај - 20 евра

- Факултативно:Крстарење по Босфор - 20 евра

- Факултативна вечера во национален ресторан - 30 евра

- Разглед на Истанбул со професионален локален водич и

   влезници во Аја Софија и Топкапи  - 30 евра

НАПОМЕНИ:

- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници

- За овој аранжман важат Општите услови за патување на Т.А.ВИС ПОЈ и СКТМ.

 

км/26/12/17