+389 46 255 600, +389 72 255 600 08:00 - 20:00
од 139
***
3
BB
превоз

Оддалечен на 1 км од Паличко езеро ,опкружен со шуми и рамници,се наоѓа ресторан со домашна кујна и преноќиште „JЕЛЕН САЛАШ”,кој е простира на површина од  8000 квадратни метри со вкупно 8 посебни објекти. 
Традиционални српски  и интернационални јадења се служат во пространите ресторани со избор и на локални пијалоци.

 

Галерија

Ценовник

Цена на аранжманот 8.620 денари

Програма на патувањето

30.04  -  03.05.2018 

 

1 Дена  / 30.04.2018     Охрид - Јелен Салаш

Состанок со групата на автобуска станица во Охрид . Поаѓање кон Војводина со кратки попатни паузи. Пристигнување на Јелен Салаш.Сместување. Ноќевање.

 

2 ден   /  01.05.2018     Суботица – Јелен Салаш

Појадок . Факултативен излет - посета со локален водич на Суботица. Посета на Фрањевачката црква, Православната црква, Градскиот музеј, Синагогата, Гимназијата, Плoштадот на жртвите од фашизмот, Катедралата Св. Тереза Авилска, Капелата Св. Рока и трамвајот, Градската куќа, Библиотеката, Градската палата, Театарот, Јадран, Рајхловата палата и парк, Железничката станица. Слободно време за индивидуални активности. Посета на винаријата на Звонко Богдан- обиколка и дегустација на 3 вида врвни вина.Можност за факултативен ручек со традиционални домашни специјалитети. Враќање во Јелен Салаш. Факултативна вечера со тамбурашки оркестар. Ноќевање.

 

3 ден   / 02.05.2018     Јелен Салаш 

Појадок. Можност за индивидуални активности и прошетки до Паличко езеро, уживање и релаксација во прекрасно окружување или можност за посета на ергелата, возење со фијакер и јавање коњи по желба. Ноќевање .
 

4 ден / 03.05.2018     Нови Сад – Охрид

Појадок . Одјавување и заминување за Нови Сад. Посета на шопинг центар, разглед на Нови Сад со локален водич: “Српско Народно Позориште“ со истоимениот плоштад, плоштадот “Слобода” на кој се наоѓа катедралната црква “Имена Маријаниног” - една од првите изградени во неоготски стил помеѓу 1893 и 1895 година, улицата “Змај Јовина” покрај која се наоѓаат мноштвото познати бутици и ресторани како и најзначајното архитектонско дело во Нови Сад - “Владичански двор” изграден од првиот Епископ Висарион Павловиќ. Во продолжение, Соборната црква Свети Великомаченик Геогрије, Музеите на Нови Сад и на Војводина, Дунавскиот парк, мостот на Дунав, како и посета на познатата Петроварадинска тврдина. Можност за факултативен ручек.Поаѓање за Охрид со попатни паузи за одмор. Пристигнување во вечерните часови.

 
 
 

Забелешка

Во цената е вклучено :

- Организиран превоз со автобус од Охрид  – Салаш - Охрид
- 3 ноќевања со појадок во Јелен Салаш  
- Разглед на Суботица и Нови Сад со локален водич 
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето
- Патничко осигурување

 

Во ценета не е вклучено : 

- Посета на винаријата на ”Звонко Богдан” со дегустација на вина
- Факултативен ручек во Суботица.
- Факултативен ручек во Нови Сад
- Услуги кои не се наведени во програмата

НАПОМЕНИ:
- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на Т.А.ВИС ПОЈ и СКТМ.