08:00 - 16:00
Положба
Хотелот се наоѓа во регионот Белек 25 км од аеродромот во Анталија и 35 км од центарот на Анталија.
Сместување
Вкупен број на соби 175 во главната зграда и 18 приватни вили. Главна зграда: Супериор соби (38м², главна зграда, една спална соба и дел за седење, една бања, макс.2 + 2лица) Deluxe соби (38м², главна зграда, исти како супериор собите само со поглед кон морето, макс.2 + 2лица) Junior suit (48м², главна зграда, една спална соба со посебен простор за седење, една бања, макс.3лица) Суити со една спална соба (76м², главна зграда, една спална соба, посебна просторија за седење, една бања, макс.3лица) Суити со две спални (114м², главна зграда, две спални соби, посебен простор за седење, една бања, макс.4лица) Selcuk suit (180м², главна зграда, макс.4 + 1лице) Сите соби се многу луксузно украсени, со купатило, туш, када, фен за коса, бањарки, влечки, централен 24-часовен систем за климатизација во зграда на хотелот и систем на климатизација во вилите, мини бар (вода, минерална вода, безалкохолни пијалоци) , пиво, сокови од овошје, се надополнуваат секој ден),чај и кафе, сеф, сателитска ТВ и музички канали, паркет, конекција со Wi-Fi,француски балкон или тераса. Вили - Royal Golf Villa (120m², лоцирани покрај терените за голф, две спални соби, две купатила, дневна соба, кујна, приватен базен, макс.4 лица), Sultan Villa & Pasha Villa (200м², лоцирана покрај теренот за голф, три спални соби , три купатила, приватна голема тераса со базен, дневна соба, кујна, max.6 лица).
Услуга
Луксузен ресторан со отворена шведска маса за појадок, доцен доручек, ручек, закуски во текот на денот, вечера, ужина доцна во ноќта. Сите локални и избрани увезени алкохолни и безалкохолни пијалоци, сок од свежо овошје и зеленчук, избор на вина од локална куќа, сладолед и овошје. Не се вклучени: луксузни увезени пијалоци,флаширани пијалоци, ресторани А-ла-карт со претходна резервација и со дополата, услуга во соба.
Содржина
Главен ресторан за појадок и вечера, А-ла-карт ресторани: Selcuk (турска кујна),Cilantro (италијанска кујна), Traders Spice (азиска кујна), Palm Pavillion само за ручек-ресторанi за риби и скара, барови низ целиот хотел,доктор, медицинска сестра, бебиситер, фен за коса, перална и хемиско чистење, пеглање, телефон, факс, продавници, изнајмување автомобил се дополнителни трошоци. Интернет-врска преку Wi-Fi бесплатно.
Плажа
Приватна хотелска плажа, песочна и со камчиња,лежалки, чадори за сонце, душеци, крпи за плажа бесплатно. Плажа Cabana е со претходна резервација и со доплата.
Спорт и Забава
Отворен и затворен базен за возрасни и деца, фитнес центар, турска бања, сауна, парна бања, тениски терени. Се доплаќа: осветлување, лекции и опрема за тенис, спортови на вода, велнес и центар за СПА, масажа, билијард и компјутерски игри, терени за голф. Забавна програма, мини клуб за деца од 04 до 12 години со специјални програми, игралиште, мини Диско во вечерните часови.