+389 46 255 600, +389 72 255 600 08:00 - 17:00
од 576
*****
6
UAI
превоз
5
KIRMAN HOTELS  ARYCANDA DE LUXE
Положба:
Хотелот е лоциран во областа Karaburun, 27км од Сиде, 33км од Аланиjа и 100км од аеродромот во Анталија .
Сместување:
Вкупен број на соби 360 во зграда од четири ката. Стандардни соби 315 (35м², една спална , едно купатило ,макс.3+1 лица), фамилијарни соби 40 (45м², две спални одвоени со врата,едно купатило , макс. 4+1  лице) и пет соби за хендикепирани лица. Сите соби се со купатило со када и туш, фен, клима систем (кој работи во одредени часови ,во зависност од временските услови), телефон, мини бар (сокови и вода се надополнува секој ден ), сеф (се наплаќа), сателитска ЛЦД ТВ и музички канали,  балкон. Собите се со поглед на море или копно.
Услуги:
Ултра Cе вклучено- од 10.00-02.00 ч., шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, ужина во барот на плажа, попладне– чај, кафе и колачи, вечера и ужина до доцните вечерни часови, дел за бебиња кој е отворен 24 часа. Сите домашни и некои увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци , свежо цедените сокови за време на појадокот, 
 А’la Cаrte ресторани со претходно направена резервација и само еднаш во текот на една недела престој. Во Винската куќа  со претходна резервација само домашното вино не се наплатува.  Специјални  увозни пијалоци ,флаширани пијалоци, свежо цедени сокови и сладолед ( само сладолед во Мини клубот не се наплатува и се служи само еден час во денот), наргиле  дополнително се наплатуваат.
Содржини:
Отворен и затворен ресторант со шведска маса,  А’la Carte ресторани- Медитерански, Турски, Кинески и Мексикански ресторан, барови околу хотелскиот комплекс. Доктор, чување на деца, перална, фризер, продавници,  телефон, факс, интернет и компјутерски игри, rent a car дополнително се наплатуваат. Wi-fi интернет во лобито и крај базенот е бесплатен. 
Плажа:
Хотелска плажа –песок и ситни камчиња, лежалки, чадори за сонце , пешкири и  душеци  не се наплатуваат.
Спорт и забава:
Отворени и затворени базени за возрасни и деца, лизгалици на вода, Турска бања, фитнес центар, Џакузи, тениски игралишта, одбојка на плажа,  кошарка, пинг понг. Сауна, масажа, осветлување на тениски терени, билијард, спортови на вода  дополнително се наплатуваат.
Забавни програми со професионален тим  во текот на денот и вечерни шоу програми. Мини клуб за деца 04-12 год. 

Галерија

Ценовник

Пакет аранжмани со 6,7,8,9,10,11,12,13,14 ноќевања

Контактирајте не за целосна калкулација со наведен датум на патување.

 

 

вис/љ

Сподели со пријателите:
KIRMAN HOTELS  ARYCANDA DE LUXE
Положба:
Хотелот е лоциран во областа Karaburun, 27км од Сиде, 33км од Аланиjа и 100км од аеродромот во Анталија ." data-share-imageurl="">