+389 46 255 600, +389 72 255 600 08:00 - 20:00
3

Ценовник

Програма на патувањето

КРУШЕВО – Градот на ангелот и  кафе на Широк Сокак

Битола - град со долга историја, кој во минатото бил познат под името Монастир, што во буквален превод значи – место за преспивање. Од славните времиња на Хераклеа Линкестис, кој постоел на римскиот пат Биа Игнација, Битола секогаш била важен трговски центар, за во време на Отоманската Империја да прерасне во важен административен и дипломатски центар со многу европски конзули. Својот подем го доживува во 19 век.

Крушево, највисокиот град на Балканот, поставен во пазувите на Баба Планина,       Со својата амфитеатрална положба, блескавите фасади на старите куќи и со специфичната староградска архитектура создаваат панорама на Крушево, кое наликува на лепеза, на една интегрална, голема фасада со безброј прозорци, балкони и кровови. Во средиштето на градот е чаршијата. Во неа и кон неа од сите страни се слеваат стрмни, тесни маалски сокаци. Бројните музеи, галерии и споменици од Крушевпо прават Град-Музеј.

ПРОГРАМА

Ден 1

Поагање од Охрид во утринските часови.

По пристигнувањето во Битола, посета на античкиот град Хераклеа Линкестис, подигнат од македонскиот цар Филип, таткото на Александар Македонски.Уживајте во остатоците на еден антички свет, мозаиците , античкиот театар, римските статуи, ранохристијанските базилити ..

Разгледот продолжува во центарот на Битола со посета на Националниот Музеј, каде се наоѓа и специјална просторија посветена на Мустафа Кемал Ататурк (1881-1938)- таткото на модерна Турција, кој има македонско потекло.

Следи прошетка по старата турска чаршија, разглед на Саат Кулата, црквата Св. Димитрија, католичката црква, Јени Џамијата ....

 Пред продолжување на патот за Крушево, освежување со кафе на познатиот Широк Сокак.

Патот продолжува кон Крушево.Пристигнување во Крушево во вечерните часови.

Сместување во хотел. Ноќевање.

Ден 2

Разглед на градот – музеј, градот познат по Крушевската република, а во поново време по нашиот Ангел Тоше.Посета на споменикот Илинден ( Македониум ) , Мечкин Камен, Спомен куќата на Тоше Проески ...

 

Разгледот продолжува со прошетка по центарот на градот, по тесните и стрмни улички и куќи со автентична и специфична архитектура ...

Во пладневните часови поагање за Охрид.

 

 

 

 

 

 

 

 

Забелешка

Во цената на аранжманот е вклучено :

  • Превоз од Охрид со висококвалитетен автобуски превоз
  • Едно ноќевање во Крушево
  • Разглед на Битола и Крушево
Сподели со пријателите: