БАРИ–АЛБЕРОБЕЛО–ПОЛИЊАНО А МАРЕ–МАТЕРА- ОСТУНИ–ОТРАНТО-ЛЕЧЕ-ТРАНИ– ДРАЧ
ТЕРМИН НА ПАТУВАЊЕ
06.10 - 11.10.2022 / 6 ДЕНА
1.ДЕН 06.10. 2022г. БАРИ
Поѓање од Охрид за Драч во 14.00 часот. Попатни застанувања за одмор и царински формалности. Пристигнување во Драч и качување на траект за Бари. Ноќно патување со траект и НОЌЕВАЊЕ на траект.
2 ДЕН 07.10. 2022г. БАРИ-АЛБЕРОБЕЛО- ПОЛИЊАЊО А МАРЕ - БАРИ
Пристигнување во Бари во утринските часови. Во 8.00часот поаѓање за Алберобело, мало гратче оддалечено 70 км. од Бари кое е на листата на УНЕСКО за заштитени споменици на култура. Алберобело е препознатлив по многуте бели куќички од сув камен и мов, понекаде прошарани со симболите кои служеле како декорација или за заштита од лошите сили и демони, познати под името ,,трули,, градени на ова место уште од XV век. Денес најголемиот број од овие куќички служат за сместување туристи или продажба на сувенири, но во некои од нив сеуште живеат и локалните жители. Слободно време за прошетка, индивидуални активности и можност да се доживее оригиналноста на овој град како од бајките.По разгледот на Алберобело, посета на Polignano a Mare. Градот на карпа на Доменико Модуњо, ќе ве воодушеви со живописната убавина и неговата уникатност. Во однапред договорено време враќање во Бари и сместување во хотел. Слободно попладне. Ноќевање.
3 ДЕН 08.10. 2022г. БАРИ-МАТЕРА - БАРИ
Појадок.По појадокот полудневен излет во Матера.Матера е град во областа Базиликата во Јужна Италија , бил главен град во оваа област од 1663 година до 1806 година. Градот лежи на камениот кањон познат под името Гравина . Познат по својата зачувана автентичност, под заштита е на УНЕСКО и од 2019 година прогласен за престолнина на Европската култура. Градот наликува на Ерусалим и е урбан феномен каде секое камче ја зачувало својата автентичност. Тука можете да пиете кафенце или ,, пулиски ликер,, во пештера стара 2000 години да ја посетите надалеку познатата катедрала на Матера од 1268 -70 година. Градот се стекнал со најразлични имиња – Поезија во камен, Урбан феномен, Библиски пејсаж, Чудо од архитектура , сплет на сите урбанистички стилови, единствен по многу нешта и единствен што го обезбедува чувството дека чекориш ,, Таму каде што времето застанало ,, Можеш да прошеташ над пештерните куќи стари 9000 години , можеш шетајки да почуствуваш дека си во некоја машина која те враќа назад во времето и те шета низ вековите. До 1947 година Италија не го има чуствувано градот како чудо кое наскоро ќе биде Европска престолнина на културата , туку како град ,,срам на Италија,, за набрзо после тоа да стане познат во целиот свет и Италија да се гордее со овој свој феномен. Градот брои 62 000 жители , а заради уникатната архитектура во него се снимени над 40 филмови претежно Холивудски . ,,Евангелието на МАТЕЈ ,, во 1964 г. од Пиер Паоло Пазолини, но конечно најголемата популарност ја обезбеди Мел Гибсон со снимањето на својот филм Пасија во 2004 година.
Во попладневни часови, враќање во Бари и разглед на стариот град - познат историски центар, преполн со мали улички, обиколен со ѕидини, посета на базиликата „Св. Никола“ од XI век - заштитникот на градот, во која се чуваат и светите мошти, дворецот од XII век, главната улица Lungomare Imperatore Augusto,преполна со продавници од најпознатите светски брендови и театарот –Teatro Margherita, познат по темелите во вода и прекрасната фасада, разгледот продолжува кон Piazza Ferrarese Mercantile,познатата улица Corso Vittorio Emanuele, со бројни кафетерии и ресторани.Слободно време за индивидуални активности и можност за сите љубители на добрата храна да ги вкусат надалеку познатите италијански специјалитети. НОЌЕВАЊЕ.
4 ДЕН 09.10.2022 БАРИ-ОСТУНИ-ОТРАНТО-ЛЕЧЕ-БАРИ
Појадок. По појадокот поаѓање за целодневен излет Остуни, Отранто и Лече. Остуни е познат како белиот град до кој се пристигнува по ,,патот на маслинките“ по кој ќе имате можност да го почувствувате мирисот на маслинките и да уживате во уникатниот панорамски поглед на полињата со маслинки.Белите куќички, трошни, оригинални, понекаде обоени сино, понекаде со обоени врати украсени со форми од цветови на јасмин или бегонија, ќе направат за момент да се поколебате дали сте во Италија или на грчките познати острови Санторини или Миконос. Од највисокиот дел на градот има незаборавен поглед на Јадранското море и полињата со маслинки. По разгледот на градот и краткиот одмор, следи поаѓање за Отранто – град сместен на западниот дел од полуостровот Саленто и заштитен од УНЕСКО.Познат по Арагонскиот замок од 15 век и катедралата на Отранто од 11 век, со прекрасни мозаични подови.Како приморски град на Јадранското море, има прекрасно крајбрежје, или како што италијаните го нарекуваат “lungomare”. Поради преубавите плажи во близина популарен е како летна дестинација за одмор.По разгледот на градот и краткиот одмор, патот продолжува за Лече - град кој заради своите прекрасни барокни споменици е познат под името Фиренца на југот од Италија, но познат и по единствениот барок својствен само за Лече.Покрај големиот број барокни цркви, од кои најпозната е главната базилика Св. Крст, тука можат да се посетат катедралата Дуомо, црквата Св. Никола и дворецот, добро сочуваниот римски амфитеатар од II век, Piazza Oronzo, замокот Карло V и XVI век, статуата на Св. Лоренцо – заштитник на градот Лече која го обележувала крајот на Апијанскиот пат од Рим за Јужна Италија. Слободно време за индивидуален разглед на градот, прошетка по локалните улици и продавници како и можност да се вкусат познатите италијански специјалитети надалеку познати во светот по својот уникатен вкус .Во вечерните часови враќање во хотелот во Бари.НОЌЕВАЊЕ.
5 ДЕН 10.10. 2022г. БАРИ-ТРАНИ-ДРАЧ
Појадок. Слободно време до поаѓањето за Трани, приморски град на север од Бари.Рибарско место кое ќе ви ја плени душата . По разгледот време за слободни активности, можност да го пробате локалното бело вино или разни специјалитети со морски плодови, кои секојдневно се ловат од морето. Пред пристигнувањето на пристаниште и качување на траект, попатна посета на трговски центар. Во 22.00 часот испловување со траект и поаѓање за Драч. НОЌЕВАЊЕ на траектот.
6 ДЕН 11.10. 2022г. ДРАЧ-ОХРИД
Пристигнување во Драч во утринските часови. Слободно време за индивидуални активности и разглед на Драч. Поаѓање за Македонија со попатни одмори и застанувања поради царински формалности. Пристигнување во вечерните часови во Охрид.