08:00 - 16:00
Хотелот се наоѓа во центарот на градот Кемер, 55 км од аеродромот во Анталија.
Вкупен број на соби 233. Комфор Стандардни соби (18-25м², една спална соба, едно купатило, макс.2 + 1 лице), Стандардни соби (16 - 25м², макс.3 лица), Court yard соби (16м², економска класа) , гледаат накај затворениот дел од хотелот, базен, без балкон, макс.2 лица), Фамилијарни соби (45м (3 + 2 лица). Сите соби се со сопствено купатило со туш и фен за коса, клима, телефон, сеф (со доплата), мини бар (само во комфор собите и безалкохолни пијалоци по пристигнувањето), сет за кафе и чај , сателитски ТВ и музички канали, керамички под во стандардни соби, ламинат во комфор и court yard собите, балкон или тераса. Wi-Fi интернет со доплата.
All inclusive – шведска маса за појадок, ручек, попладневна пауза за кафе, вечера, стандардни локални алкохолни и безалкохолни пијалоци од 10.00 – 23.00 часот. Не е вклучено: увезени пијалоци, сите пијалоци после 23.00 часот, сите видови флаширани пијалоци, свежи овошни сокови, сладолед, турско кафе, сета храна и пијалоци во барот на плажа, услуга во соба.
Главен ресторан со шведска маса, бар покрај базен, бар на плажа, Sailor’s бар . Доктор, перење, телефон, факс, интернет, фен за коса, продавници co доплата Wi-FI со доплата во целиот хотел.
Хотелот е директно на плажа, камчеста, со лежалки, чадори за сонце и пешкири за плажа, бесплатно.
Отворен базен со детски оддел, пинг понг, одбојка на плажа, пикадо, турска бања, сауна, фитнес центар. Спортови на вода на плажа, масажа и билијард со доплата. Забава со музика во живо два пати неделно.