+389 46 255 600, +389 72 255 600 08:00 - 20:00
од 345
***
1
ALL
превоз

Хотелот се наоѓа на 3 минути од плажата и располага со приватна плажа,спа ценатр во кој гостите може да се релаксираат.

Располага со соби кои се опремени со клима уред со приватна тераса која нуди поглед кон базенот или кон Црвеното море,телевизор со сателитски канали,мини бар и бања.

 

 

Галерија

Ценовник

LE PACHA HOTEL 3*+ ПОАЃАЊЕ  02.јул 09.јул 16.јул 23.јул 30.јул 06.авг 13.авг 20.авг 27.авг 03.сеп 10.сеп
Сакала ВРАЌАЊЕ  08.јул 15.јул 22.јул 29.јул 05.авг 12.авг 19.авг 26.авг 02.сеп 09.сеп 16.сеп
Се вклучено НОЌЕВАЊА / ДЕНОВИ 6н / 7д 6н / 7д 6н / 7д 6н / 7д 6н / 7д 6н / 7д 6н / 7д 6н / 7д 6н / 7д 6н / 7д 6н / 7д
ДВОКРЕВЕТНА СОБА возрасен 345 355 355 355 365 365 365 365 355 355 345
(2+2 / 3+1) 1 Дете 2-13,99 & 2 дете 2-5,99 225 225 225 225 225 225 225 225 225 225 225
  3 возрасен 315 325 325 325 335 335 335 335 325 325 315
(1+2) Доплата за 1/1 соба 72 78 78 78 84 84 84 84 78 78 72

 

Цените се дадени во евра.Плаќањето се врши во денарска противредност по курс 1 евро = 62 мкд.
За сите тековни попусти и промоции,за дадениот хотел,пратаете ја нашата Facebook фан страна и контактирајте не телефонски.
За дадената понуда важата општите услови за патување на СКТМ и Т.А.ВИС ПОЈ.
vis/j 

 

Програма на патувањето

01. ден    СКОПЈЕ – ХУРГАДА
Состанок на групата на аеродромот во Скопје 2 часа пред предвиденото време за лет. Директен лет за Хургада. Пристигнување на аеродромот во Хургада во утринските часови. Средба со претставниците на агенцијата и трансфер со автобус до резервираниот хотел. Доколку има можност за утринско превземање на собите, сместувањето ќе биде по пристигнување во хотелот, доколку нема, багажот се остава на рецепција, а се користат услугите наведени во ваучерот. Собите се превземаат по 14:00 часот.

од 01. до 06. ден     ХУРГАДА 
Денови за одмор и уживање во убавините на Црвеното Море со престој во хотели (со услуги по сопствен избор од каталогот) лоцирани во туристичките хотелски зони на Хургада. Можност за факултативни екскурзии во организација на локалната партнер агенцијата (крстарење со брод; нуркање; пустинско сафари; посета на Луксор и / или Каиро, итн...).

07. ден    ХУРГАДА – СКОПЈЕ
Напуштање на собите до 12:00 часот, или поинаку доколку хотелските правила го наложуваат тоа. Багажот се остава на рецепција и се користат услугите наведени во ваучерот. (За дневно користење на собите до времето за трансфер, доколку има можност, може да се доплати на рецепција) Слободно време за индивидуални активности до заминување на аеродромот во Хургада во вечерните часови. Предавање на багажот на аеродромот, два часа пред полетување. Директен лет за Скопје. Пристигнување во Скопје (наредниот ден)во раните утрински часови, или според претходно најавеното време.

Забелешка

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА
* 6 ноќевања на база наведената услуга.
* Авионска карта на релација Скопје – Хургада – Скопје со можност за чекиран багаж
* Организиран трансфер аеродром – хотел – аеродром во Хургада
* Организација на аранжманот

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА
* Аеродромски и административни такси во износ од 80еур
* Патничко здравствено осигурување
* Влезна виза за Египет - за МК пасоши се добива на лице место по пристигнување, потребни се 25усд, хотелска резервација и пасош со важност од минимум 6месеци.
* Факултативни екскурзии и други индивидуални трошоци.