+389 46 255 600, +389 72 255 600

08:00 - 16:00

4

Хотелот е лоциран во областа Лара-Кунду, 15км од аеродромот во Анталија и 25 км од центарот на градот.

Вкупен број на соби 441.
Стандардни соби: 319 (32м²,една спална, едно купатило, макс.2+1 лица),
фамилијарни соби: 92 (65м², макс.2+2 лица, две соби одвоени со лизгачка врата),
Јуниор суит со џакузи: 11 (45м²), 15 Суит соби со џакузи (70м²),
Соби за хендикепирани лица: 4
Сите соби се со купатило со туш, када, фен, клима која работи според временските услови, телефон, сеф, мини бар (безалкохолни пијалоци, вода и пиво се дополнуваат секој ден), сателитска ТВ и музички канали, интернет конекција, балкон.

Ултра Се вклучено-шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, ужина наутро и во попладневните часови, вечера, ужина во доцните ноќни часови. Сите домашни и увозни стандардни алкохолни и безалкохолни пијалоци, мини бар во собите кој се дополнува секој ден, сервис за пеглање (две парчиња облека по лице) од 09.00-16.00, услуга во соба од 02.00-04.30ч., A’la Carte ресторани - Италијански, Турски и Индиски, свежо цедени сокови за појадок. Сите флаширани локални и увозни пијалоци, свежо цедениот сок, пакован сладолед, луксузните увозни пијалоци се доплаќаат. Мексиканскиот, Рибниот и Thai&Sushi рестораните се доплаќаат.

Zen-главен ресторан, A‘la Carte ресторани - La Cuccina (Италијанска кујна), Revan (Турска кујна), Gringos (Мексиканска кујна), Ресторан со далечноисточна кујна (Tai&Sushi ресторан), Snack ресторан покрај базенот, барови околу хотелскиот комплекс. Доктор, чување деца, перална и хемиско чистење, телефон, факс, интернет, фризер, rent a car, шопинг центар се доплаќаат.

Песочна хотелска плажа со лежалки, чадори за сонце и пешкири кои не се наплатуваат. Павиљони на плажа со резервација и со доплата.

Отворени и затворени базени за возрасни и деца, аква парк со 9 лизгалици, Турска бања, сауна, фитнес центар, тениски игралишта, сквош, пинг понг, немоторни водени спортови. Масажа и SPA центар, часови по тенис и опрема, осветлување за тениските терени, моторни водени спортови, билијард, куглање, опрема за сквош, дополнително се наплатуваат. Забавни програми во текот на денот и навечер, мини и јуниор клуб со специјална програма и професионална екипа.

www.limakhotels.com

Галерија

Ценовник

Пакет аранжмани со 6,7,8,9,10,11,12,13,14 ноќевања

Контактирајте не за целосна калкулација со наведен датум на патување.

vis/j

Сподели со пријателите: