08:00 - 16:00
Положба
Хотелот е лоциран во областа Кириш, 5км од Кемер и 70км од аеродромот во Анталија.
Сместување
Вкупен број на соби 815. Стандардни соби во главна зграда 218 (поглед на море и страничен поглед на море и базен, макс.2+1 лица), соби во Arycanda 336 (страничен поглед на море и базен), Fame Garden стандардни соби 35 (во градина, макс.2+1 лица), Limak Park 130 соби (преку улица, макс.2+2 лица), Jacuzzi студио соби 37 (во главна зграда), Фамилијарните соби само во Garden side 52 (макс.2+2 лица)-две спални одвоени со врата, едно купатило, Јуниор суити 7 во Arycanda (макс.2+2 лица). Сите соби се со балкон или тераса со поглед на море или градина, купатило со када, фен, централна клима која работи според временските услови, телефон, ламинат на подот, сеф, мини бар (сокови, вода и пиво, се дополнува секој ден), сателитска ТВ и музички канали, Wi-Fi интернет конекција.
Услуга
Ултра Се вклучено-шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, попладневна ужина, сладолед во Café Bonjour, колачи, кафе и чај, вечера, полноќна супа. Сите локални и некои стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, Турско кафе во Lykya, Атлантис и лоби бар, A’la Carte ресторани (Sandal и Kazan) со претходна резервација, мини бар во соба. Дополнително се наплаќаат- A’la Carte ресторани (Италијански, Кинески и скара), флаширани пијалоци, пијалоци во лименка, луксузни увозни пијалоци, специјални вина, свежо цедени сокови.
Содржини
Главен ресторан, A’la Carte ресторани, барови околу хотелскиот комплекс. Продавници, фризер, доктор, чување деца, услуга во соба, перална и хемиско чистење, компјутерски игри, телефон, факс, интернет, rent a car, дополнително се наплаќаат.
Плажа
Хотелска плажа, песок и камчиња. Лежалки, чадори за сонце и пешкири за плажа не се наплаќаат. Павиљоните на плажа дополнително се наплаќаат.
Спорт и забава
Отворени и затворени базени за возрасни и деца, лизгалици на вода, фитнес, сауна, Турска бања, тениски игралишта, сквош, кошарка, одбојка на плажа, пикадо, немоторизирани спортови на вода. Моторизирани спортови на вода, школо за нуркање, масажа, Велнес центар, часови за тенис, опрема за тенис, осветлување на тениски игралишта, билијард, дополнително се наплаќаат. Забавни програми во текот на денот, шоу програми во вечерните часови. Мини клуб за деца со специјална програма.