+389 46 255 600, +389 72 255 600 08:00 - 20:00
од 880
****
5
BB
превоз

НОВА ГОДИНА ВО МАГИЧНИОТ ЛИСАБОН
29.12.2018 - 03.01.2019
(5 НОЌЕВАЊА / 6 ДЕНА)

 

Зошто ЛИСАБОН за Новогодишните празници?

Лисабон е еден од најневеројатните градови во светот и се одликува со многувековна историја;
Тесните улички и величествени палати целосно ќе Ве однесат во средните векови и ќе Ви го одземат чувството за време. Истовремено Лисабон е современ град со развиена инфраструктура, кој нуди широк и разновиден спектар на атракции и забава. Поради овој хармоничен спој, Лисабон се смета за една од најпопуларните метрополи во светот, која ќе им се допадне и на љубителите на забава и богата програма од екскурзии, како и на оние кои едноставно сакаат да го почувствуваат духот на импресивниот Лисабон.
Неговото опкружување нуди разни туристички атракции, меѓу кои има неверојатни и разновидни видови на градби и стилови. Културни и природни знаменитости, како и природни пејсажи од кои ќе ви застане здивот;
Благата клима го прави идеална дестинација низ целата година. Дури и за време на зимата, кога температурите во повеќето европски градови се под нулата, во Лисабон ретко кога се под 10°C;
И уште многу причини, кои што ќе ги откриете сами откако ќе го посетите!

 

 

Галерија

Ценовник

 

 

ЦЕНИ И АРАНЖМАН 

Хотели и пакетни цени 29.12.2018 - 03.01.2019

Хотели во Лисабон

Услуга

Цена по лице во двокреветна соба

Еднокреветна соба

Трет возрасен во довкреветна соба

Дете (2-12) во двокреветна соба

Hotel Florida 4*

Појадок

880 €

1140 €

695 €

575 €

Hotel HF Fenix 4*

Појадок

890 €

1390 €

N/A

N/A

Hotel Portobuy Liberdade 5*  

Појадок

1190 €

1800 €

N/A

N/A

 

***Можност за доплата за вечера во сите хотели!!!

 

 

 

 

Цените се дадени во евра.Плаќањето се врши во денарска противредност по курс 1 евро = 62 мкд.
За сите тековни попусти и промоции,за дадениот хотел,пратаете ја нашата Facebook фан страна и контактирајте не телефонски.
За дадената понуда важата општите услови за патување на СКТМ и Т.А.ВИС ПОЈ.
vis/j 

 

 

Програма на патувањето

Прв ден (29.12.18 - Сабота) Скопје - Софија - Лисабон
Трансфер до аеродромот во Софија во предвидено време. Состанок на групата во партнер агенцијата 2 часа пред летот. Полетување кон Лисабон во 19:55 часот локално време (терминал 2), со директен лет на АК „Бугарија Еир”. Пристигнување на аеродромот во Лисабон во 22:05 часот локално време. Пречек на аеродромот од страна на партнер агенцијата во Португалија. Трансфер до хотел и сместување. Ноќевање.
 
Втор ден (30.12.18 - Недела) Лисабон
Појадок во хотел. Целодневен панорамски разглед на неверојатниот Лисабон во придружба на локален туристички водич на бугарски јазик, со посета на Статуата на Христос (вклучена во цената). Овој величествен град е лоциран на 7 ридови на реката Тахо. Разгледот го започнуваме упатувајќи се кон квартот Белен и плоштадот Алфонсо Албукерк. Таму ќе имате можност го видите импресивниот манастир Жеронимуш кој е изграден во чест на враќањето на Васко де Гама од Индија, а се одликува со типичен португалски мануелински стил. На 13 Декември 2007 година во него беше потпишан Лисабонскиот договор на Европската Унија, а ќе ја видите и познатата кула Белене која датира од 16 - тиот век. Посета на споменикот на првите истражувачи (надворешно) и Беленската палата (надворешно). Потоа, се движиме кон Христовата статуа инспирирана од споменикот на Христос Спасителот во Рио де Жанеиро. Статуата ја подигнале жителите на Лисабон, како благодарност за зачувувањето на градот за време на Втората Светска Војна. Од панорамското катче кое се наоѓа над споменикот се открива прекрасен поглед кон градот и кон Мостот 25 Април, подигнат над местото каде што реката Тахо се влева во океанот. Се упатуваме кон историскиот центар: булеварот Независност, плоштадот на реставраторите, плоштадот Росиу со статуата на Педро Четврти и зградата на Народниот театар, плоштадот на Трговијата со споменикот на Хозе Први и Арката, од каде што започнува раздвижената улица Аугуста. Се движиме кон квартот Алфама, најстарата област во градот, која е богата автентични фадо ресторани. Можеме да кажеме дека ова е срцето на градот и местото каде што најдобро можете да го почувствувате истиот. По прекрасното искуство, се упатуваме кон новиот дел на градот, каде што ќе го посетиме и Паркот на нациите, регионот во кој се одржа Експо 98. Денес паркот е претворен во место за забава, изложби и се што претставува поим за култура. Тука се наоѓа и океанариумот со длабочина од 7 метри и над 100 видови водни жители. Ќе го видите и лифтот што води до Кулата на Васко де Гама со прекрасен поглед кон мостот "Васко де Гама", кој има вкупна должина од 12.345 метри, што го прави овој мост најдолг во Европа. Времетраењето на екскурзијата е околу 7 часа. Слободно време за индивидуални активности по завршување на екскурзијата. Ноќевање.
 
Трети ден (31.12.18 - Понеделник) Лисабон - Дочек на Новата 2019 - та година
Појадок во хотел. Слободно време за индивидуални активности или можност за дополнителна екскурзија до Синтра, Кабо да Рока, Есторил и Каскаис (доплата 70 евра). Културната област Синтра се наоѓа на списокот на Светско културно наследство на УНЕСКО. Ќе имате можност да посетите едно од најубавите места во Португалија - градот Синтра, настанат во тврдината на Маврите, изградена во периодот на Арабскиот калифат, која што во 1147 година била превземена од кралот Алфонс I и преименувана во летна резиденција на португалските монаси и аристократи. Лорд Бајрон за Синтра напишал: "Градот е полн со природни убавини создадени од човечка рака. Дворци и градини се возвишуваат помеѓу карпи, водопади и бездни, помеѓу манастири, изградени на неверојатни височини, каде се открива панорамски поглед кон морето и Тахо. Пејзажот ја обединува дивината на западните планини со бујното зеленило на јужна Франција". Секој еден од замоците ќе ве остави без здив - "Замокот на маврите", дворецот "Да Пена" и кралскиот дворец на Синтра се само мал дел од атракциите. Во цената е вклучена посета на дворецот „Quinta da Regaleira“ - Уникатен дворцов комплекс во нео - готски стил, на територија на која што се наоѓаат парк со езера, пештери, фонтани и различни архитектонски каприци, а го носи името на бароницата Реџелеира, поради тоа што таа го откупила имотот во 1840 година, истовремено познат како Дворецот на милионерот Монтеиро. Слободно време за прошетка низ волшебната Синтра, во кое што можете да купите сувенир и посетите некој од многубројните занаетчиски дуќани, или пак да се напиете кафе со кое ќе имате можност да ги вкусите домашните колачи “queijada”. Екскурзијата вклучува и посета на Каскаис, кој бил претворен во аристократско одморалиште дури откако кралот Луис I ја изградил палатата Palacioda Citadela во 1870 година. Во Каскаис се наоѓа познатиот залив Bocado Inferno, каде брановите на Атлантикот се разбиват во бреговите како грмотевица. Каскаис се смета за едно од најскапите одморалишта не само во Португалија, туку и во Европа. На 30 километри од Лисабон е лоциран крајбрежниот град Есторил - во минатото познат како место за прогонство на европските кралски семејства, кои биле принудувани да ги напуштаат своите земји. Дел од нив биле кралот Умберто II од Италија, Хуан де Бурбон од Шпанија, како и кралот Керол од Романија. Во Есторил ќе имате можност да ја видите и една од најважните знаменитости на градот - палатата Palaciode Conde De Castro Guimaraes. Денес Есторил е светски познат туристички центар - тука се наоѓа и најголемото казино во Европа - наречено по самиот град, "Есторил". Одморалиштето исто така нуди возбудлив ноќен живот. Во Кабо да Рока - најзападната точка на континентална Европа, ќе ја имате уникатната можност да му се восхитувате на прекрасниот поглед кон Атлантскиот Океан. Ноќевање.
*** Пречек на Новата 2019 година ***
 
Четврти ден (01.01.19 - Вторник) Лисабон
Појадок во хотел. Слободно време за индивидуални активности. Во вечерните часови можност за посета на локален ресторан со вклучена вечера во „Café Luso - Fado & Food Group“, како и автентични изведби на традиционална фадо музика во живо, која што го опишува силниот и остар пиринејски карактер, како контраст на меката, меланхолична душа на португалскиот народ. (се доплаќа - 50 евра).
 
Петти ден (02.01.19 - Среда) Лисабон
Појадокво хотел. Слободно време или можност за дополнителна екскурзија до Обидош, Батала, Назаре, Фатима (доплата 75 евра).
• Обидош (70 километри од Лисабон) е мало живописно гратче, кое се смета за едно од најволшебните места во Португалија - познато е по малите бели куќички со цвеќиња по прозорците, фреските на куќите кои датираат уште од 7 - иот век, како и убавите тесни улички исполнети со продавници кои нудат вкус на ликер од цреша.
• Назаре (40 km од Обидош) е типично рибарско селце, лоцирано на Атлантскиот брег, со традиционални продавници и многу ресторани во кои се нуди свежо приготвена риба. Панорамниот поглед од терасата на центарот кон Атлантскиот Океан и широката линија на плажата ќе ве остават без здив.
• Батала (30 km од Назаре) е познат по истоимениот манастир - кој што истовремено е едно од најголемите готски ремек дела во Европа, под заштита на УНЕСКО.
• Фатима (19 километри од Батала) - светски познат религиозен центар за поклонување. Комплексот потсетува на Ватикан, а за некои е дури и повеќе интересен од градот на Папата, пред се поради огромниот плоштад, долгата алеа на која се бара исцелување за болните, илјадниците запалени свеќи со молитва за здравје, како и величествената катедрала посветена на Богородица. Враќање во хотелот. Ноќевање.
 
Шести ден (03.01.19 - Четврток) Лисабон - Софија - Скопје
Појадокво хотел. Напуштање на собите околу 12:00 часот. Слободно време или можност за полудневна екскурзија до Арабида со посета на винарска визба (доплата - 45 евра). Екскурзијата започнува со посета на фабриката за производство на познатите насликани плочки "ажулезо", карактеристични како за Лисабон, така и за целата земја. Ќе имате и неповторлива можност да го проследите процесот во кој се прават плочките, следејќи ја технологијата од 17 - тиот век. Екскурзијата завршува со посета на винарска визба и музејот Bacalhoa, лоцирани на 35 километри од Лисабон, во регионот на Арабида. Визбата е дел од комплекс изграден во 14 - тиот век. Ќе имате можност да ги разгледате колекциите од сите три области кои ги нуди музејот: срцето на Африка (претставени се различни скапоцености од Ангола), колекција во стил Арт Деко и Арт Нуво, како и колекција посветена на плочките "ажулезо". Следува кратка дегустација на вино. Тансфер до аеродромот во Лисабон. Полетување кон Софија во 02:25 часот локално време. Слетување во Софија во 08:30 часот. Организиран трансфер.

Забелешка

Пакетните цени по програмата вклучуваат:

Авионски билет Софија - Лисабон - Софија со АК ”Бугарија Еир” со вклучени аеродромски такси и багаж до 23 kg по лице;
Трансфер на релација Скопје - Софија - Скопје (доколку групата се состои од минимум 6 лица);
5 ноќевања со појадок во избраниот хотел;
Трансфер на релација аеродром - хотел - аеродром;
Екскурзија во стариот Лисабон со водич на бугарски јазик;
Медицинско осигурување - до 10 000 евра со ЗАД „Армеец“;
Претставник на бугарски јазик за време на целото патување.
Пакетните цени не вклучуваат:

Новогодишна вечера (очекувајте наши предлози!);
Дополнителни екскурзии;
Задолжително индивидуално плаќање на туристичка такса во хотелите во размер од 1 евро по човек на ден;
Расходи од личен карактер;
Меѓународно патничко осигурување од локална компанија (препорачливо); 

 

 

ДОПОЛНИТЕЛНИ ЕКСКУРЗИИ
(резрвација и уплата во агенција): 

Синтра, Кабо да Рока, Каскаис и Есторил - 70 евра со вклучена влезница за дворецот „Quinta da Regaleira“;
Обидош, Батала, Назаре, Фатима - 75 евра со вклучена влезница за манастирот во Батала;
Полудневна екскурзија до Арабида - 45 евра;
Вечера во локален ресторан со фадо музика „Café Luso - Fado & Food Group“ - 50 е
вра

Сподели со пријателите:
НОВА ГОДИНА ВО МАГИЧНИОТ ЛИСАБОН
29.12.2018 - 03.01.2019
(5 НОЌЕВАЊА / 6 ДЕНА)

 

Зошто ЛИСАБОН за Новогодишните празници?

Лисабон е еден од најневеројатните градови во светот и се одликува со многувековна историја;
Тесните улички и величествени палати целосно ќе Ве однесат во средните векови и ќе Ви го одземат чувството за време." data-share-imageurl="">