+389 46 255 600, +389 72 255 600 08:00 - 20:00

ЛИСАБОН - ЖЕНЕВА - АНЕСИ (ANNECY)
со авион
6 ДЕНА ( 5 НОЌЕВАЊА)
Тргнување ; 13 октомври  

Аеродромските такси се вклучени во цената
Женева завиткана во зеленило,на обалата на езерото Леман,е  културнио и финансиско седиште не само на Швајцарија ,туку и на светот.Тоа е град на гламур и луксуз.Во него се сместени многу меѓународни организациивклучувајќи го и европското седиште  на Обединетите нации.Паркови,луксузни хотели,елегантни бутици,продавници за злато,сатови,чоколади ...Алпите се толку блиску што Ви се чини дека може да ги дофатите со рака.Стариот историски центар е на левата обала на реката Рона во кој доминира звукот на црквата Свети Петар,а на  десната обала Палатата на нацијата и зградата на Црвениот крст.Она што нетреба да се пропушти во Женева е една од највисоката фонтана на светот Jet d’Eau и цветен часовник во Англиската градина со секундарник долг 2,50 метри,најдолг на светот.Патот од отмената КРАЛИЦА ЛЕМОНА води кон најзападната европска престолнина ЛИСАБОН.
Во „белиот град“ на широкото устие на реката Тежо,многуте куќи се поставени на стрмно брдо.Божествената положба на Лисабон како и неговите знаменитости привлекуаат посетители од целиот свет,кои како и локалното население,низ градот се возат со крцкавиот стар транвај број 28... Лисабон е главен и воедно најголем португалски град.Сместен на западното Ибериско полуострово влече корени уште од феникијскиот период.Повеќе од 800 години бурна историја му дава посебен карактер и шарм.Нагло се развива во XV век,период на големи откритија,доживеал разорен земјотрес во XVIII век и повторни изникнал од пепелот на стариот град.Денес е мешавина на долга историја и модерни трендови.Шетање низ стрмните улици,возење со бродот по реката Тежо и уживање во фадо музика ке ве остават без здив.
На ова патување ке може да го осетите и доживеете специфичниот шарм на Анесија,град на југоистична Франција,опкружен со прекрасниот пејсаж од Алпите.Фасцинира старо,добро зачувана градска средина,а дворецот Palais de l'isle од XII век,сместен на еден од каналите ,една е од најголемите француски атракции.Ќе имате прилика да се прошетате по тесните улици со калдрма,со живописни фасади и жардињери или ќе се одлучите за романтично возење со брод,затоа сто Анеси е град на канали,кој поради тоа што е  опкружено со Алпите носи назив "Aлпска Венеција".

Галерија

Ценовник

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ПО ЛИЦЕ :

 299 ЕВРА  + 324  (авион и аеродромски такси)

 

Доплата за еднокреветна соба :135 евра (на барање)

Цена за дете 2-11,99 години (во придружба на 2 возрасни лица)

 
 

Програма на патувањето

ПРОГРАМА ЗА ПАТУВАЊЕ

1 . ДЕН
Состанок на групата на аеродром “Никола Тесла” во 11Ч45 часот.Полетување од Белград во 13:45 часот(лет U2 1438)Слетување на женевскиот аеродром во 15:45 часот.Планирано тргнување за панорамски разглед на градот:разглед на комплексите на меѓународните организации,луксузните хотели,преку мостот Мон Блан,покрај англискиот парк со цветниот часовник и панорамски поглед на водоскок...Слободно време до трансфер за аеродром(пристигнување на аеродром во 19:00 часот.Полетување за Лисабон во 21:00часот (лет U2 1449).Слетување во Лисабон 22:45 часот.Трансфер до хотел.Сместување.Ноќевање.
2.ДЕН
Појадок.Панорамски разглед на градот:разглед на централниот дел на Лисабон,квартови Pombal, Restauradores, Rosio i Komercio; најстариот и според многумина најубавиот кварт во градот -Aлфама со инзвондреден поглед на тврдината на Свети Џорџ,резиденцијата на португалските кралеви,луксузниот кварт Белем на обалата на реката Тежо,Манастир свети Зероним,врвно дело на мануелската архитектура,кула Белем за кој биле врзани бродовите кои тргнувале во потрага по големите откритија,огромен споменик на Големите откритија подигнат во чест на 500 години од смртта на морепловецот Хенри...Трансфер до хотел и сместување.Слободно време.Ноќевање
3.ДЕН
Појадок.Слободно време или можност за целодневен факултативен излет до Синтре,Кабо да Рока,Кашкаиша и Ешторила.По доаѓањето во Синтра,разглед на националната палата,поранешна летна резиденција на португалски кралеви,денес под заштита на УНЕСКО.Слободно време.Продолжување со возењето до најзападната точка на европскиот континент Кабо да Рока со неверојатниот поглед кон стрмната,каменеста обала на Атлантикот.Во продолжение разглед на познатите летовалишта на лисабонската ривиера .Враќање во Лисабон.Слободно време.Ноќевање.
4.ДЕН
Појадок.Слободен ден за индивидуални активности.Вечерта можност за факултативна посета на фадо вечера.Ноќевање.
5.ДЕН 
Појадок.Слободен ден или можност за целодневен факултативен излет Баталија,Назаре и Обидош.Тргнување околу 08:30 часот.Возење до Баталија.По пристигнувањето,посета на една од највисоките цркви во Португалија и една од 7 чуда на таа земја Санта Марија де ла Викторија кој ја изградил првиот владетел на втората династија Жоао кон кракот на XIV век.Возење до Назара,сликовита населба која станалаа позната по прекрасните плажи и типични народни носии.Продолжување на патувањето  до Обидош,бајковито градче во внатрешноста на старите зидини.Се одликува со ниски куќарчиња и кривулести улици преполни со цвеќиња.Слободно време за прошетка.Враќање во Лисабон.Ноќевање.
6.ДЕН
Појадок.Трансфер до аеродром.Полтување за Женева07:30 часот (лет U2 1442).Слетување на женевскиот аеродром во 10:55 часот.Слободно време за поаѓање за Белград или факултативен излет за Анеси.Овај волшебен алпски град лежи на обалата на истоименото езеро,опкружено со шуми и планини.Убавината за езерото со кристално сини води,поради коесе смета и за најчисто езеро во Европа,го овековечил и францускиот сликар Пол Сезан.Посебен шарм на градот Анеси му дава стариот добро зачуван центар кој хармонично се вклопува во модерните градби.Посебен шарм му дава старите средновековни градби,куќи во пастелни бои,улици со калдрма.Најпозната туристичка атракција во Анеси е Palais de l'isle од XII век,која низ историјата ја менува својата функција,од резиденција до затвор,а денес е зачуван музеј опкружен со многубројни продавници,ресторани.Ќе имате прилика да го видите дворецот во Анеси,катедралата Свети Петар,хотелот Ламберт кој во XVI век бил европски двор...Лет за Белград во 18:20 часот(U2 1437).Слетување на белградскиот аеродром во 20:15 часот.

 

Забелешка

СМЕСТУВАЊЕ :
Hotel VIP INN BERNA 3*

http://www.viphotels.com
Хотелот се наоѓа на 3,5 км од стариот град.Најблиска метро станица Кампо Пекењо.До центар има околу 10 минути возење.

Сите соби се климатизирани и имаат:купатило,сеф,ТВ,телефон и сеф.Појадок-шведска маса.

 

Во цената е вклучено:

-превоз со авион на релација Белград Женева Белград

-аеродромски такси

-Трансфер аеродро хотел аеродом 

-сместување во двокреветна соба на база 5 ноќевања со појадок во хотел со 3*

-панорамски разглед на Женева

-панорамски разглед на Лисабон

-водич од агенција и локален водич

-рачен багаж (кабински со одредени димензии 56х45х25 см 

Во цената не е вклучено :

-факултативен  излет - потребно е минимум 15 лица.Во случај на помал број на пријавени,излетот може да има друга цена.

Пријавувањето за факултативните излети се парви во агенција пред патување.

-патничко осигурување

-индивидуални трошоци 

- услуги кои не се наведени во програмата

-туристичка такса за Лисабон 1 евро по лице на ден-се плаќа на рецепција во хотел

-чекиран багаж до 20 кг

Факултативни излети : 

Целодневен излет Синтра,Кабо да Рока,Кашкалиша и Ешторил - Цена 60 евра .Во цената е вклучено :трансфер со автобус во придружба на водич,влезница за Ројал палата.Траење на излетот околу 8 часа.

Целодневен излет Батаља,Назаре и Обидош - Цена 60 евра.Во цената е вклучено:трансфер со автобус во придружба на водич,влезница во манастир.Траење на излетот околу 8 часа.

-Фадо вечер - Цена 55 евра.Во цената е вклучено:вечера и пијалок во ресторан со фадо музика во живо.

Полудневен факултативен излет во Анеси - Цена на излетот за минимум 15 пријавени лица - 60 евра

Минимален број 15 пријавени лица за факултативни  излети.Во случај на помал број излетот може да има друга цена.Факултативните излети се пријавуваат пред патување.

ПЛАЌАЊЕ ВО ДЕНАРСКА ПРОТИВРЕДНОСТ