+389 46 255 600, +389 72 255 600

08:00 - 16:00

5
LONG BEACH RESORT HOTEL & SPA
Положба:
Хотелот е лоциран во Turkler регионот , 20 км од Аланија и 90км од аеродромот во Анталија .
Сместување:
Вкупен број на соби 748 , 48 вили и 24 фамилијарни соби Chalet. Стандардни соби 553  (33м², 2 + 1 лица), Фамилијарен дуплекс 90 (39м², макс. 4+1 лица, две одвоени спални со врата, на двa нивоа, една бања ),  Фамилијарни дуплекс суити 30 (59м², мак.с 5+1 лица, со две одвоени спални со врата, на двa нивоа и две бањи), Јуниор суити 3 (мах 3 лица, две соби одвоени со врата, две бањи и два балкона), Џакузи суити 11 (две одвоени соби, една бања со када , една со џакузи, сауна, голем балкон ), Вили суити  48 (40м², две  соби одвоени со врата, платформа за сончање, директен пристап до базен, приватна сауна дополнително се наплаќа), фамилијарни Chalet 24 (43м², две спални одвоени со врата ).Сите соби се со купатило со када , туш, фен, централен клима систем кој работи според временските услови, телефон, мини бар (сокови, вода и минерална вода на пристигнување, подоцна само вода), сеф ,  сателитска ТВ и музички канали, балкон.
Услуга:
Ултра Се вклучено–шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, ужина преку ден и попладне, вечера, ужина во доцните вечерни часови, мини бар во собите-безалкохолни пијалоци и вода на пристигнување , подоцна само минерална вода и вода, сите локални и стандардни алкохолни и безакохолни пијалоци , А’la Cаrte ресторани со претходно резервација и еднаш во текот на  престојот. Луксузни увозни пијалоци, свежо цедените сокови, флашираните пијалоци, услуга во соба, специјални вина се наплатуваат.
Содржини:
Главен ресторан–Hayat–шведска маса, снек бар на плажа, кафе и колачи- Cake House, А’la Carte ресторани- Hunkar (Турска кујна), Bon Apetito (Италијанска кујна), Dragon (Кинеска кујна),  Orfoz (Медитеранска  кујна), Taco (Мексикански ресторан), барови околу хотелскиот комплекс. Доктор, чување деца, сервис за перење и пеглање,  телефон, факс, интернет и компјутерски игри, продавници, rent a car дополнително се наплатуваат.
Плажа:
Хотелска плажа –песочна и со ситни камчиња,  лежалки, чадори за сонце и пешкири за на плажа не се наплатуваат.
Спорт и забава:
Отворени и затворени базени за возрасни и деца, Аква Парк, фитнес центар , Турска бања, сауна, тениски игралишта, кошарка , одбојка , одбојка на плажа, пинг понг, фитнес центар и гимнастика.  Масажа, Wellness& Spa центар,спортови на вода, осветлување на тениски игралишта , куглање ,специјални програми за слабеење се со доплата.
Забавни програми во текот на денот, натпревари на плажа и покрај базенот, вечерен шоу програм, специјална програма за деца во Мини клубот од 04-12 год. Забавен  парк без доплата секој ден по еден час.

Галерија

Ценовник

Пакет аранжмани со 6,7,8,9,10,11,12,13,14 ноќевања

Контактирајте не за целосна калкулација со наведен датум на патување.

 

 

вис/j

Сподели со пријателите:
LONG BEACH RESORT HOTEL & SPA
Положба:
Хотелот е лоциран во Turkler регионот , 20 км од Аланија и 90км од аеродромот во Анталија ." data-share-imageurl="">