+389 46 255 600, +389 72 255 600 08:00 - 20:00

Главниот град на покраината Ломбардија е економска престолнина на Италија, преку 80 од 200 најголеми претпријатија, корпорации и банки имаат свои седишта во овој регион. Во нејзиниот разноврсен рељеф, во кој преовладува равницата, се плодните долини на најголемите Италијански реки По, Ољо, Ада, Минчо Тичино, но и живописните ограноци на јужните Алпи и преубавите леднички езера Гарда, Комо, Леко, Маџоре, Варезе, Исео...под средновековните аристократски фамилии на воини и мецени – Висконти, Сфорца и Гонзага се направени импозантни јавни градби, цркви и споменици, па така се разубавени многу градови. Трговците и индустријалците како Пирели, Креспи, Бокони, Кампари и Берлускони направија овде моќни деловни империи, угледни и значајни во светски размери.

Галерија

Ценовник

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 11.190,00 денари. (181 €)

10.590,00 денари. (171 €) – за УПЛАТА до 20.11.2018 !!!

 

 

 

 

Цените се дадени во евра.Плаќањето се врши во денарска противредност по курс 1 евро = 62 мкд.
За сите тековни попусти и промоции,за дадениот хотел,пратаете ја нашата Facebook фан страна и контактирајте не телефонски.
За дадената понуда важата општите услови за патување на СКТМ и Т.А.ВИС ПОЈ.
vis/j 

 

Програма на патувањето

1 ДЕН (29.12.’18 – сабота) :

БИТОЛА Состанок на групата на паркингот пред спортската сала „Младост“ во 07.00 часот. Поаѓање за Италија во 07.30 часот...патот преку води преку Ниш, Белград, Загреб, Трст, Венеција...денско и ноќно патување, со кратки попатни одмори.

2 ДЕН (30.12.’18 – недела) :

МИЛАНО Пристигнување во Милано во утринските часови. Краток одмор. Панорамски разглед на градот со стручен водич...тврдината Sforcesco, piazza Duomo – централниот плоштад каде се наоѓа најголемата Готска Катедрала во светот DUOMO, катедрала која ја опкружуваат 3400 статуи со фасцинантен изглед, Via Vittorio Emanuelle – најважната шопинг улица и центарот на вечерните збиднувања, црквата Santa Maria Della Grazia (местото каде се наоѓа ремек-делото на Да Винчи „Тајната Вечера“, LA SCALA – зградата на Миланската Опера, една од најпознатите оперски куќи во Светот... Сместување во хотел. Слободно време. Ноќевање.

3 ДЕН (31.12.’18 – понеделник) :

МИЛАНО – ЛУГАНО - КОМО Појадок. Слободно време за индивидуален разглед на градот, или можност за факултативен излет до Швајцарија. Посета на бајковитиот град Лугано, кој се наоѓа на истоименото езеро. Обиколка на главниот градски плоштад Della Riforma, црквата San Roco, Santa Maria Degli Angeli како и паркот на вилата Ciani. Слободно време за прошетка низ градот, или покрај езерото Лугано. Посета на Комо...посета на мавзолејот на Алесандро Волта, Катедралата, Бролето, зидините кои го обиколуваат скоро целиот град...факултативно крстарење со брод по езерото, можност да се видат преубавите вили градени во периодот од 17-ти до 19-ти век, меѓу кои се и вилите на Џорџ Клуни, Версаче, Бекам, Мадона, Макартни...Враќање во хотелот во попладневните часови. Слободно време. Вечерта – ДОЧЕК НА НОВАТА 2019.ГОДИНА !!! Ноќевање.

4 ДЕН (01.01.’19 - вторник) :

МИЛАНО – ТОРИНО Појадок. По појадокот – Ви нудиме посета на Торино (факултативно), главниот град на покраината Пиемонт...лежи на реката По, а познат е и како “најидустрискиот“ град во Италија, кој е седиште на светски познатите автомобилски компании Fiat, Lancia i Alfa Romeo…беше седиште на фамилјата Савоја и е познат по 18-километарските аркади кои датираат од 1500.година, изградени за да овозможат непречена прошетка на кралот и неговата свита...прошетка низ Parco Valentino – еден од најзначајните симболи на Торино...во внатрешноста на паркот се наоѓа прекрасната и огромна фонтана La Fontana dei Mesi e delle Stagioni, а исто така ќе го посетиме и малиот средновековен град – многу убав и интересен да се прошета...се упатуваме кон центарот на градот, кон Piazza Vittorio Veneto, каде се наоѓа црквата Gran Madre di Dio. Нашата прошетка продолжува кон Mole Antonelliana – симболот на Торино, највисоката градба на светот (од оние кои што се зидани со тули) 163 метри (со панорамска тераса на висина од 85 м.), доаѓаме до Piazza Castello, каде се наоѓа Teatro Regio – еден од најзначајните театри во Италија...на истиот плоштад се наоѓа Palazzo Reale, Chiesa di San Lorenzo, Palazzo Madam. Продолжуваме кон Piazza San Carlo (најубавиот плоштад во Торино), па Piazza Carlo Alberto во чија близина се наоѓа познатата Via Roma…на тој плоштад се наоѓало седиштето на Фашистичката партија од каде Мусолини ги држел своите говори…враќање во Милано во касните попладневни часови...Ноќевање.

5 ДЕН (02.01.’19 - среда) :

МИЛАНО – ВЕРОНА - БИТОЛА Појадок. По појадокот – одјавување од хотелот. Поаѓање за Верона со попатна посета на трговски центар. Пристигнување во Верона во раните попладневни часови...прошетка низ Стариот Град...плоштадите Бра и Ербе, Арената, куќата на Јулија...поаѓање за Македонија во касните попладневни часови. Патот води преку Трст, Загреб, Белград...ноќно и денско патување со кратки попатни паузи. 6 ДЕН (03.01.’19 – четврток) : БИТОЛА Пристигнување во Битола во попладневните часот.

 

 

Забелешка

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА :

Автобуски превоз на горенаведената релација 

3 Н/П во хотелсо 4*(UNA Hotel MALPENSA 

разглед на Милано со стручен водич 

посета на Верона

организација, водство и реализација на аранжманот.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА :

Факултативните излети и посети, влезниците при посета на
културно-историските споменици, патничкото осигурување (150,00 ден.-по лице).

ЦЕНИ ЗА ФАКУЛТАТИВАТА :

Посета на Лугано – 20 € по лице (превоз, разглед со стручен водич, минимум 25
лица) – препорака!

крстарење со брод по езерото Комо – 15 € по лице – препорака!

посета и разглед на Торино – 25 € по лице (превоз, разглед со стручен водич, минимум 30 лица) - препорака!

 

 

Сподели со пријателите:
Главниот град на покраината Ломбардија е економска престолнина на Италија, преку 80 од 200 најголеми претпријатија, корпорации и банки имаат свои седишта во овој регион. Во нејзиниот разноврсен рељеф, во кој преовладува равницата, се плодните долини на најголемите Италијански реки По, Ољо, Ада, Минчо Тичино, но и живописните ограноци на јужните Алпи и преубавите леднички езера Гарда, Комо, Леко, Маџоре, Варезе, Исео." data-share-imageurl="">