+389 46 255 600, +389 72 255 600

08:00 - 16:00

од 610
*****
6
UAI
превоз
4

MIRACLE RESORT HOTEL 

Положба 
Хотелот е лоциран во областа Лара, 12 км од аеродромот во Анталија и 11 км од центарот на градот. 

Сместување
Вкупен број на соби 692. 
Има 425 стандардни соби (28-35м²; една спална и едно купатило, 3+1 лица), 
14 јуниор суит соби (75м²; макс. 4 лица, една дневна соба и една спална соба; две купатила и голема тераса), 
121 фамилијарни соби (две стандардни соби одвоени со врата, макс.4+2 лица), 
11 соби за хендикепирани лица и 
соби за непушачи. 

Сите соби се со балкон, купатило со када, фен, централен клима систем (работи според временските услови), телефон, тепих на под, сеф, мини бар (секојдневно се дополнува со вода, безалкохолни пијалоци, пиво, грисини и чоколадо), интернет конекција, сателитска ТВ и музички канали. 

Услуга 
Ултра Се вклучено-појадок, доцен појадок, шведска маса за ручек и вечера, чај и кафе и попладневни ужини. Сите домашни безалкохолни и алкохолни пијалоци и стандардните увозни пијалоци од 10.00-02.00 ч. се бесплатни. Брендираните увозни пијалоци, A‘la Сarte рестораните (не е дозволен влез на деца под 6 год.), увозните пијалоци, свежо цедениот сок, услуга во соба, пијалоците во Bridge барот, дополнително се наплатуваат. 

Содржини 
Turkuaz-главен ресторан- шведска маса (увозни пијалоци не се служат), A’la Сarte ресторани Miracolo (Италијанска кујна), Anatolia (Турска кујна), Lagos (рибен ресторан), Mexican (Мексиканска кујна), Lobby Bar, (домашни и одредени увозни пијалоци од 10.00-02.00), Бар покрај базенот (домашни и одредени увозни пијалоци од 10:00-23:00), Бар на плажа (само безалкохолни пијалоци). Во Bridge Bar сите пијалоци се наплатуваат. Доктор, перална, чување деца, internet café, телефон, факс, компјутерски игри, колички за бебиња, шопинг центар, интернет конекција во собите се наплатува. 

Плажа 
Хотелска песочна плажа, чадори за сонце, лежалки и пешкири не се наплатуваат. 

Спорт и забава 
Отворен и затворен базен, базен за деца, лизгалици на вода, фитнес центар,Турска бања, сауна, соба со пареа, аеробик, сала за гимнастика, фудбал, мал фудбал, фудбал на плажа, мини голф, одбојка на плажа, кошарка, 4 тениски терени, пинг понг, стрелаштво, шах, пикадо. Опрема за тенис, осветлување и часови по тенис, билијард, солариум, масажа, SPA центарот и салонот за убавина, интернет и компјутерски игри, спортови на вода, дополнително се наплатуваат. Забавна програма за возрасни и деца во текот на денот, затворен театар, Турска вечер, паб, отворено диско, кино, мини клуб за деца од 04-14 год и јуниор клуб. 

www.miracleotel.com

Галерија

Ценовник

Пакет аранжмани со 6,7,8,9,10,11,12,13,14 ноќевања

Контактирајте не за целосна калкулација со наведен датум на патување.

vis/j

Сподели со пријателите: