+389 46 255 600, +389 72 255 600 08:00 - 20:00

НАПРАВЕТЕ СПОЈ НА ОДМОР, УЧЕЊЕ И ДРУЖЕЊЕ НА ЈУГОТ ОД ИТАЛИЈА - ПУЛИЈА 

ДВОНЕДЕЛЕН КУРС ПО ИТАЛИЈАНСКИ ЈАЗИК 

 

Лече - град кој заради своите прекрасни барокни споменици е познат под името Фиренца на југот од Италија, но познат и по единствениот барок својствен само за Лече.Покрај големиот број барокни цркви, од кои најпозната е главната базилика Св. Крст, тука можат да се посетат катедралата Дуомо, црквата Св. Никола и дворецот, добро сочуваниот римски амфитеатар од II век, Piazza Oronzo, замокот Карло V и XVI век,  статуата на Св. Лоренцо – заштитник на градот Лече која го обележувала крајот на Апијанскиот пат од Рим за Јужна Италија. 

GALIPOLI  е приморски град одалечен од Лече само  40 км. Самото име значи Прекрасен Град кој навистина блеска во огледалото –Јонското море. Стариот дел на градот сместен на огромна карпа споен е со новиот дел на градот со мост изграден 1900 година. Уште едниот мост што е подоцна изграден, прекрасните кули и градби издигнати над морето создаваат една бајка и шарм кој засекогаш останува во спомените од патувањата. При разгледот се посетуваат Византиската тврдина од 13 век , прекрасната грчка фонтана за која се смета дека е најстарата фонтана во Италија  и Барокната катедрала Св, Агата од VII век. За време на прошетката, наидувате на дегустации на ликер, сувомеснати производи , италјански сирења и секако маслиновите масла – надалеку познати

OTRANTO e град во југоисточна Италија – Пулиа во близина на Лече. По Отранто е именувана и Отранска Врата – спојот на Јадранското и Јонското Море  Отранто е мало гратче но познато по многу нешта. Тука поминувал еден од главните патишта на Римската империја , познат е по добро сочуваниот арагонски замок, за кој е и напишан познатиот роман од англискиот писател Хорас Уалпоул  ,, Замокот на Отранто,, како и по катедралата каде се наогаат најубавите мозаици од средновековието ..  

 Бари е главен град на регионот и на околината Апулиа во југоисточна Италија.Toj e деветти град по големина, и втор по значајност во јужна Италија,  после Неапол. Градот е посебно познат како град на свети Никола затоа што во градската катедрала се чуваат моштите на овој светец. Токму поради овој факт, градот привлекува огромен интерес за посета кај сите верски поклоници од католичка и православна вероисповед од сите делови на светот кои со голема почит пристигнуваат на поклонение.

Галерија

Ценовник

ЦЕНА НА ПРОГРАМАТА  - 1390 ЕВРА 

Програма на патувањето

ПРОГРАМА –  ЛЕЧЕ, ГАЛИПОЛИ, ОТРАНТО, БАРИ

УЧЕТЕ ИТАЛИЈАНСКИ ВО ФИРЕНЦА НА ЈУГОТ ОД ИТАЛИЈА

14 ДЕНА

 

10 Септември – 24 Септември 2017 

 

10 Септември – Недела, пристигнување во Бари, трансфер до Лече ( 160 км )

11 Септември  - Понеделник

 09:00 – 11:00 часот   Презентација на курсот и тестирање на почетното знаење на јазикот   

11:30 – 13:00 часот Разглед на Лече

13:00 -  14:00 часот Ручек за добредојде

 

12 Септември – Вторник

09:00 – 13:00 Часови за учење на италијански јазик 

17:00 -  20:00 Лабораторија – италијанска кујна учење на јазик со спремање на храна и дегустација на зготвените специјалитети

 

13 Септември – Среда

09:00 - 13:00  Часови за учење на италијански јазик

15:00 - 17:00  Тандем – учење на јазикот на секојдневието

 

14 Септември -  Четврток

09:00 - 13:00 Часови за учење на јазикот

15:00 –17:00 Италјански – конверзација за скојдневие

 

15 Септември - Петок

09:00 - 16:00 Целодневен излет за Галиполи 

 

16 Септември - Сабота слободен ден за индивидуални активности,

Можна организација за факултативни излети по договор и желба . 

 

17 Септември - Недела слободен ден за индивидуални активности

 

18 Септември -  Понеделник  

09:00 - 13:00 – часови

1500 – 1700 – лесна меѓусебна конверзација на италјански јазик

 

19 Септември -  Вторник

09:00 - 13:00 часови

17:00 - 20:00  Лабораторија на италјанска кујна, учење на јазикот, спремање и вкусување на приготвените специјалитети.

 

20 Септември -  Среда

09:00 - 13:00  часови

15:00 - 17:00  тандем – италијански во секојдневието

 

21Септември -  Четврток

09:00 - 13:00 часови  

 

22 Септември -  Петок

09:00 - 16:00 еднодневни излет во Отранто  

 

23 Септември  - Сабота

слободно за факултативни разгледи по предлог содржини

 

24 Септември  - Недела

Рано поаѓање од Лече за Бари, разглед на Бари до тргнување на траект . 

Забелешка

Во цената е вклучено

  • - Превоз од Охрид до Драч
  • - Траект Драч Бари Драч
  • - Трансфер  Бари – ЛЕЧЕ – Бари
  • - Сместување 14 дена сместување приватни апартмани со сопствена кујна и купатило во строгиот  центар на Лече
  • - Заеднички ручек за добредојде
  • - Излет со локален водич за Галиполи
  • - Излет со локален водич во Отранто
  • - Разглед на Бари
  • - Часови за учење на италијанскиот јазик 
  • - Лабораторија – кујна спремање и вкусување на италјански специјалитети

 

Во цената не е вклучено

  • - Факултативни излети по предлог од локалниот агент
  • - Доплата за кабина на траект  1000 денари
  • - Патничко осигурување

За реализација на патувањето потребни се минимум 10 патници !